Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Знам.Не функционира тоа така. Религискиот концепт за Исус е заплашувачки со цел контрола врз населението и овоземска пљачка во име негово. Тргам од премисата дека секое битие со своите дела и недела е произлезено од тој “ентитет” и нема тука грешно или безгрешно, се е дел од театарот или она што зборевме - искуство на душата. Дека ќе се собереме сега 33 годишни во задгробен живот ми е малце без поента. Замисли 80% црнцине не си го знаат биолошкиот татко и сега имаат цела вечност да пројдат со некој што нит ги сакал нит ги знае. Нелогични приказни за мали деца.
А како е објаснето второто христово доаѓање ?Види го пак се запнал за второто христово доаѓање, 100 пати објаснето му е дека тоа не е така како што си замислува, он пак христовото доаѓање па христовото доаѓање
Море Пророче и ти за стап еден, не за џабе рекле ќутекот од рајот искочил
А како им е судено на оние пред за Исус воопшто да се знае? Како им е судено на античките цивилизации?
Античките цивилазии во суштина се идолатриски општества, со религии засновани на измислени богови и полубогови, кои „ниту плачат, ниту се смеат„.
Дел од тие цивилизации се познати и по принесувањето крвни жртви, што само по себе е тежок демонизам.
Гледано чисто црковно, зад нивните религии секогаш стои Сатана, кој во тие религии се пројавува под „псевдоними„, но ја игра истата улога како и во реалново време-да излаже што повеќе луѓе и нивните души да ги насочи кон пеколот.
На населението од тие времиња, Христос ќе им суди на 2 основи:
- законот на совеста,
- законот на природната креација.
Значи, нема да им суди според евангелието или според одредбите од Стариот Завет.
Исто како еврејската религија.Дел од тие цивилизации се познати и по принесувањето крвни жртви, што само по себе е тежок демонизам.
Со куров мој, ебати шегобиецотСо веселенски брод ?
Исто како еврејската религија.
Ама човек пак, не знаеле за подобро. Исто можда за 2.000 години ќе дојде нова вера што ќе каже дека Христијаните во име Божје утепале маса народи на Блиски Исток преку крстоносци темплари за крајна цел лично богатење како и злоупотреба на моќта на црквата за физичка ликвидација и прогон на неистомисленици на недокажани божества. Неможеш така, работиш и живееш со тоа што имаш и знаеш. Неможеш да бараш свесност од антички народи на левел што јас и ти го имаме во 2026 ни па ние со некој од 4046та.
Па токму затоа што „...не знаеле за подобро....„, Христос ќе им суди, но ниту „по еврејски„ ниту „по христијански„.
Нова вера нема да биде создадена „од нула„, затоа што Христос ни вети дека Неговата Црква нема да биде надвладеана од пеколот, а тековно сме сведоци на создавање на синкретичка вера, која сама по себе не е ништо ново под Сонцето, туку компилација од денес омасовените религиозни доктрини.
По што ќе им суди? По кои закони? Фараонот незнаел дека постои Исус и христијанството а маме ебал на миљони луѓе. Ќе добие прелазна дека немал знаење по некој друг законик кој тогаш не бил достапен?
Дополнително, дали не сметаш дека ти си во огромна предност пред сите што се родиле и живееле пред Исус бидејќи ти имаш пишан “траг” од 10те заповеди и со моќта на технологијата лесно достапни? Замисли некој на Камчатка во тоа време колку му требало да дојде до таа информација, да ја соџвака и прифати…
Не е баш така црно бело со тоа судот, ќе си има вагање, исклучоци итн. Не е баш смислено како треба пошто не се земени многу варијабили него дај она што не засега нас во моментов стај го на хартија па кому иде. И за тоа сега тешко е да извадиш логика на нештата па сега 10те заповеди изгледа нема да важат за групата антички смртници.
Законот на совеста и законот на природна креација. Ова негде го има пишано објаснето некој?
Да, не е сВе „црно-бело„ па затоа и Судот Христов ќе биде праведен-различен за различни народи.
Автоматски споено мислење:
Да, романскиот монах Клеопа Илие.
Црквата води потекло од Исус преку неговите ученици. Така знаеме дека е правилна.Јас имам прашање дедо попе. Како знаете дека вашата е правилна, а сите други религии не? Зошто вашиот Бог е вистинскиот, а другите милион такви не се?
Има докази за постоењето на неговите ученици?Црквата води потекло од Исус преку неговите ученици. Така знаеме дека е правилна.
Е сега, тоа што има повеќе цркви кои го тврдат тоа за себе, е друга работа. Ти прашуваш за методот, ја ти го кажувам методот.
Но тоа важи само откако Исус Христос ќе се врати. До тогаш, сите души во овие 2000 години егзистираат во лимбо да речеме. Барем така учи Книгата. Е сега има полно препирки околу возраста Негова, некои историчари кажуваат за 39 години.Душите од луѓето кои го заработиле своето место во Рајот, го запазуваат својот „изглед„ согласно изгледот од нивното материјално тело, на овосветовна возраст од 33г. (колку што имаше Христос кога беше распнат). Луѓето во Рајот имаат бели наметки, односно нивните „тела„ се покриени со „слој„ од благодатната нестворена енергија Божја, и тој „слој„ има улога на облека.
Таа „облека„ ја носеа Адам и Ева пред да паднат во грев. После гревот, таа „облека„ (т.е. благодатта) беше отстранета од нивните тела и тогаш тие видоа дека се голи-буквално.