Да, Судијата Христос ќе ни суди на сите, небитно на која националност или човечка раса и‘ припаѓаме.
Христос Е строг Судија, но и праведен, оти Он суди не по нечија (не)симпатичност, туку суди во 2 основи: вера и дела.
Пошто човековото битусување на Земјава е неколку милениумско, што значи дека низ тоа време се пројавиле миљон религии и учења, и самото судење Христово ќе биде изведено „посебно„, различно за различни народи и вероисповести.
А добро што ако сум грешел у информациски мрак? Во пубертет сум го шилел на вујна пример, од кај да знае 12 годишно дете дека тоа е лошо кога е чиста емоција и физиолошка потреба. Очигледно дефинирање грев е субјективно право на Господ ама никаде не се таксативно наведени.
Сите можни гревови, кои чо‘ек може да ги стори, наведени се на две „места„: во 10-те Божји Заповеди и во евангелијата.
Немој да ми кажеш дека никад у живот не си слушнал за нив, а притоа си (веројатно...) кристен и припадник на народ (македонски...) кој себе си се гледа за православен, односно, живееш во опкружување кое доминантно исповеда православна вера, не будизам или шинтоизам.
Да, во претхподниот систем верата беше блокирана од тогашните безбожнички комунисти, но ете, тие времиња (би требало да...) се завршени, па Црквата во Македонија (МПЦ-ОА) може пораат да дише и да сведочи за својот Бог и Неговото евангелие...
Ама за мене библијата е сказни од Ханс Кристијан Андерсен само од повеќе автори кој како осеќал. Нема никаде материјален доказ за divinity на авторите. Едноставно тоа е прирачник за добро однесување. 10те заповеди Мојсеј ги напишал по визија од Господ, ова треба да му веруваме на збор. Со 10те заповеди имам проблем дека се outdated и модерниот живот носи повеќе можности за “грев” кои таму не се опфатени. Друга работа, крадењето пример е предмет на субјективно гледиште. Јас мислам дека Грујо ме покрал, он вика дека него му следувало тоа, како може Господ да пресуди тука во чија корист?
Јас сум православен по наследство не сум по личен избор и ради тоа не сум религиозен. Што правиме со сите муслимани кои се муслимани наследно без нивна согласност во бебешки години? Како Господ ќе ги хендла тие случаи, неможе за зло да им го земе тоа ваљда?

10-те Божји се безвременски....а во времето кога Бог му ги даде Заповедите на Мојсеја, и тогаш дел од „избраниот„ народ себе си се сметал за „модерен„ па чинел како што „налагал„ потстомачниот дел од нивните тела.
Крадењето е дејание кое е детаљно анализарно од Светите Оци и тие наведуваат мал миљон „елегантни„ начини за крадење, кои привидно не „изгледаат„ дека се работи за крадење.
На пример, во „нашата земјата„, крадењето се врши на „елегантен„ начин, како што беше озаконетото крадење познато како „приватизација„ или пак, како што се тендерите и јавните набавки, кои имаат привид на законски дејности, а во суштина се тешка пљачка на јавните пари, преку „вградени„ провизии „ за тате и за бате„ во цените од набавките.
Јас сум православен по наследство не сум по личен избор и ради тоа не сум религиозен. Што правиме со сите муслимани кои се муслимани наследно без нивна согласност во бебешки години? Како Господ ќе ги хендла тие случаи, неможе за зло да им го земе тоа ваљда?
Муслиманите веќе си досудиле на самите себе, отфрлајќи го учењето Христово, иако тие самите не Го отфрлаат Христа Бога, ама Му припишуваат особини и улога кои Он ги нема никаде наведено како Негови.
За бебињата и за децата, односно за нивното растење и воспитување, одговорни се нивните родители, до полнолетството од нивните деца. После полнолетството, децата сносат одговорност за себе.
За правоверните, важи правилото дека треба да бидат убедени дека спасението е исклучиво во рамките од православната вера и Црква. Што ќе се случува надвор од Црквата, знае пред се‘ сам Бог...а знаеме и ние кои веруваме во Бог.
Исправноста од едно (било кое...) религиозно учење се проверува на пар начини:
- во конзистентоста од учењето (да биде складно, без противречности во самото себе),
- во вистинитоста од учењето,
- во неменливоста од учењето,
- во практичната спроведливост од учењето и делата од тоа учење.
Добро де, и муслиманите се убедени дека нивното е правилно. На крајот се се сведува на сопствено убедување. Океј, ама не може да кажеш нашето е правилно затоа што ја сум роден у православна фамилија, вашето е грешно оти сте родени у Иран, пример.

Да, нема припадник на одредена религија, кој не е убеден дека е дел од „онаа вистинската„...неспорно!
Во Црквата постојат поединци-теолози, кои се нарекуваат „апологети„ и кои ја бранат вистинитоста од верата Христова во однос на другите религии на едноставен и ефективен начин:
- преку споредување на различните верски учења и
- преку извлекување разумни заклучоци од тие споредби.
Верски писмените муслимани точно знаат кои се‘ вери постоле пред нивната, но нивниот проблем е што немаат начин да докажат дека нивната е онаа „најточната и највистинската„.
Имаш куп дебати на „Ју туб„ во кои Исламот е докажно лажна вера...
Добро де, и муслиманите се убедени дека нивното е правилно. На крајот се се сведува на сопствено убедување. Океј, ама не може да кажеш нашето е правилно затоа што ја сум роден у православна фамилија, вашето е грешно оти сте родени у Иран, пример.
А чекај полнолетсвото е дефинирано како категорија во библијата? Пишува 18 години и 21на ако си од Америка? Како тоа Господ очекува некој роден воспитан и растен со одредена религија да смени вера после икс број години? Многу плитко размислување би било ова од негова страна затоа што едноставно приликите не се такви во реалноста.

Пропишната возраст е „ствар„ на конвенција, не на техничка точност или религиска вистинитост.
Во времето кога Мојсеј ги добива Заповедите во облик од Мојсеевиот Закон (не се 10-те Заповеди...), влезот во пубертетот (12-13г.) е биолошката граница од која се смета „пораснатоста„, односно полнолетството.

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.