Фан Клуб: Шпанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikolic
  • Време на започнување Време на започнување
Леле каков очобол играат...лелелелелеел

Дури и во peak времињата исти курац беше, само тогаш имаа јаки индивидуалци што беа на GOAT статус, тука без Чави/Иниеста играчи очоболот доаѓа до израз.

Идентитет на Шпанија стана да играат анти-фудбал.

На ЕП беа добри, ама изгледа тоа што Јамал не е на 100% е целата разлика.
Без некој светска класа индивидуалец да крене ниво репрезентацијава си игра анти-фудбал со пимплање...

Ајде, идеме даље, со САД/Белгија ќе можат ама..ќе мора некој да крене ниво...
 
ЕЈ ДОСТА КУКУРЕЉА, ЕЈ, ЃАВОЛ ЛИ ТЕ ЗЕДЕ
ЕЈ, КАЖИ КАЖИ ДА, ЕВЕ ТИ ГО НА!

Аууууу каков мастерклааааас :vozbud:
Очигледно ни лежат Франзуциве :vozbud:
Секоја чест :cuc:
Де Ла Фуенте :cuc: Со исклучок на Ковачевски, ќелави мажи секогаш знаеле како да завршат работа

Ајде, уште една утакмица до титула!!!!!!!!
 
2 различни поста си пишал а толку контрадикторни, прво викаш дека пимплањето е очобол и анти фудбал а после во наредниот пост истото го нарекуваш мастерклас на Фуенте.
Среќа победуваа некако од одбиени топки иначе ќе имаше плукање по тренерот.
 
2 различни поста си пишал а толку контрадикторни, прво викаш дека пимплањето е очобол и анти фудбал а после во наредниот пост истото го нарекуваш мастерклас на Фуенте.
Среќа победуваа некако од одбиени топки иначе ќе имаше плукање по тренерот.
Не бе, има логика ова што го зборам, уопште не е контрадикторно.

Има фудбал што одговара базирано на противникот.

Ова сакав и да го пишам, ама секако сам си пишувам во темава, па не сакав да должам на длабоко со мислења и ставови.

Шпанија игра фудбал што е уживање да се гледа кога играат против јаки, фаворитски екипи. Тој фудбал е перфектен за вакви утакмици и мило ми е да ги гледам.
Ама кога форсираат ваков досаден фудбал против екипи што треба лесно да се решат - е тогаш е очобол.

Со Португалија беше очобол, требаше поконкретно. Групна фаза, генерално слично.
Со Белгија првото полувреме ми се допадна, во второ паднаа.

Значи, за мене мастерклас е:
Да откриеш што треба да се игра.
Да го аплицираш тоа што треба да се игра.
Играчите успешно да го направат тоа што треба да се игра.

Тоа се случи во мечот со Франција.

Со Португалија на пример, имаа погрешен пристап и никој не играше тоа што треба да се игра.

Ако изгубеа против Франција со оваа игра, немаше да биде Фуенте воопшто крив, бидејќи го направил вистинскиот пристап за мечот, ама ете, сепак противникот бил подобар (а да, ова е вистинскиот пристап (едит:) за Франција. А не за Зеленор'тски Острови.... иако и тука можам да кажам дека после првите две кола имав заклучок дека Шпанија е една од ретките екипи што знае дека СП е маратон, а не спртинт и дека гледа да не се замара во небитни средби, ама ипак)

Не знам, да не ширам понатаму, ваљда ме сфаќаш што ми е поентата :)
 
Cucu-Cucurella, se come una paella
Cucu-Cucurella, se bebe una Estrella
Cucu-Cucurella, se come una paella
Cucu-Cucurella, se bebe una Estrella
Messi, tiembla, que viene Cucurella
Messi, tiembla, toma una galleta

Ќе биде јако вечер у ПМ.

Генерално, гледајќи назад, за кого и да сум се поврзал во било кој спорт, тоа некако испаѓало екипа што била добра, но не доволно добра за да скокне до врвното ниво. Ниту сум барал такви екипи, нити како копиљ сум знаел кој колку е добар. Едноставно, така испаѓало.
Во моето навивачко искуство, ретко се случувало екипа за која што сум поврзан да крене ниво и да еволуира во нешто сосема различно од тоа што било кога сум се поврзал за нив. Таков пример (единствен, во зависност од тоа како се гледа на работите) е Шпанија. Многу ми е тешко за гледање и навивање кога 98% од натпреварите се натпревари во кои што се очекува лесна победа. Едноставно е многу лошо чувство и не ми е јасно како фанови на екипи ко Баерн/Барса/Реал го гледаат спортов воопшто. Има две опции за чувство - Неутрално; ако победите како и што се очекува и Негативно; ако изгубите/изиграте нерешено, што не се очекува.
Едноставно многу, многу шубе ситуација е ова. Имаше пар утакмици Тампа во НФЛ каде што ќе почнат тапа па ќе се вратат со победа, па некако од адреналин ќе се радуваш за камбекот повеќе од фактот што не ни требало да бркаат камбек, ама генерално, ептен чудно чувство е да навиваш за екипа што е лаган и уверлив фаворит и уште во рана фаза треба да мислиш за финале, бидејќи едноставно првите утакмици не се битни во големата слика.

Но, вечерва сум хајпнат за финалево бидејќи сметам дека е вистинска 50-50 ситуација и мислам дека ќе биде исто како и со Франција. Една од тие ситуации каде што не можеш а да не почувствуваш хајп. Со Холандија финалето не беше вака. Некако убеден бев на титула па повеќе бев разочаран што не победија така лесно. Но вечер.... Очекувам победа (и тоа очекувам да биде со контроверзна судиска одлука), ама не би бил изненаден и од пораз. Едноставно е една од оние утакмици каде што се чувствуваш исполнето што ќе имаш прилика да ги гледаш.
Не ми е мерак тоа што стана Шпанија ваква доминантна сила и голем дел од натпреварите се awkward за гледање, ама кога ќе се појават вакви натпревари како полуфиналето и ова финале.. Е тогаш ми се враќаат емоциите од времето кога натпревари со послаби екипи беа напнати за гледање.

Пинг -....не знам кои други бевте тука што постиравте, ама од ова што скролнав назад, сакам да кажам Рикен, ТетексФан, Бланко, Атсо и сигурно има уште некој друг, ме мрзи да скролам.

П.С. ..кај го снема ob1 ??? Сега гледам уназад акаунтот му стои избришан? o_O
 
Очекувам победа (и тоа очекувам да биде со контроверзна судиска одлука)

1784506886132.png

И во иднина да се собираме за вака убави поводи :love:
Не знам како да цитирам повеќе постови одеднаш со новиов систем на форумов така да...

Ајде, ајде, па за две години пак :vozbud:
 
Back
На врв Bottom