Kaтастрофа. Све повеќе ми се менува мислењето за Дел Боске накај она од
@Џони Вајсмилер . Иниеста, Бускетс, Алонсо, Чави и Силва, сите во најдобри години. Покреативен среден ред веројатно нема да има уште 100 години. Плус најдобриот голман тогаш Касилјас, кој за Шпанија бранеше пенали и зицери како од шала. При вакви мајстори лесно се забораваат и едни Виља, Рамос, Торес итн.
Едноставно предоминантен ростер за да тренерот зема некои големи заслуги. Капак на све е што тимот се состоеше од 4 играчи на Реал и 5-6 на Барселона, т.е. 10 играчи играа во само два клуба и беа страшно уиграни меѓусебно. Секако дека не може да се каже дека било кој би освоил, ама далеку е тоа од импактот на Симеоне во Атлетико или Гвардиола во Барселона.
Тогаш кога требаше да се покаже испадна кловн. Два турнира по ред да губиш како магаре од репрезентации со далеку послаб ростер е срамота. Не е проблем елиминацијата, колку самата игра и начинот на кој беа елиминирани.
Ги даваат во кадар 70 минута против Хрватска сите со шишиња вода, преморени едвај чекаат да заврши мечот. Наредна против Италија изгубија уште пред да почне мечот. Психички и физички АУТ на два турнира по ред.Тактиката скроз иста, единственото нешто што делумно смени е стартниот состав и ставањето на Де Геа, Нолито и Мората. Но, џабе кога измените беа тотален промашај и третиот меч од групите не го искористи за да ги одмори клучните играчи како Иниеста, Бускетс или Нолито: Веројатно полошо од овие 2 години не може да биде водена селекцијата.
Нивото е повеќе од срамно гледајќи дека три од петте најдобри екипи се шпански, плус Севиља и уште 10+ играчи се во најдобрите клубови ширум Европа како Јувентус, Баерн, Челзи, Арсенал, Јунајтед, Сити итн.
Многу е битно кој ќе биде нов селектор. Според Марка претседателот на федерацијата го сакал Лопетеги, додека според Ас Капарос е фаворит. Кој и да биде ќе треба да исфрли барем 5 играчи од стартниот состав. Хуанфран, Иниеста, Силва, Нолито, Фабрегас ќе треба да отстапат место. Тука се и Педро, Адуриз и Икер. Најдобро за репрезентацијата ќе биде ниеден од овие да не продолжи.
Предводници би биле Де Геа, Рамос, Пике, Бускетс надополнети со младите играчи како Карвахал, Коке, Саул, Иско, Васкез би требало повторно да се склопи топ селекција.