Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
...прво треба да го забранат маркетингот на лекот низ медиуми, не е тоа суплемент да го рекламират како таков на ТВ, а ваму бараш гастроскопија за да се земе на рецепт за пациент што плаќа за здравствено осигурување, не иде, мноооогу слаби советници и менаџери има во тој ФОНД за здравство.
видеото е само потенцијално застрашувачко, а не и вистинито според типот што коментира (она девојката што го збори).
И пред пантопразолите имале деменција, на старост начесто се развива деменција. Што правиме со железото и другите микро или макроелементите?
 
Последно уредено:

Бебиња облечени во партали на ГАК, душеци што „тонат“, лебарки и дрзок одговор: „Ова не е бутик“.......:eek:

bebeto.jpg
Контроверзната, табу-тема за акушерското насилство, за неприкладниот однос кон тазе породените жени, дрските и арогантни коментари во болнички услови во првите денови по нивното породување, престануваат да бидат нешто за што не се зборува отворено – жените очекуваат и бараат повеќе од основниот минимум и повеќе не се задоволуваат со однос како да се натрапнички во сопствениот здравствен систем.

foto-od-bebeto.jpg

ГАК мора да се преиспита за лебарките во собите и тоалетите на родилките, тоалетите на Одделот за патолошка бременост кои немаат даски за седење на школките, за неменувањето на ноќница кај трудниците што повеќе од 4 дена лежат на Одделот за патолошка бременост, за климатизерите што работат или не работат или едвај ладат и се извор на бактерии, за дрскиот и арогантен однос кон родилките, за игнорирањето на пациентките при молба за преглед или давање лекови или при болки. Одговорот на персоналот е секогаш дека тие не се задолжени за тоа...
dusek-editiran-za-metapodatocite-da-ne-moze-da-se-najdat.png

-Слични вакви слики се обидувам да заборавам скоро две години, навреди, арогантност и зборови што две години ги слушам штом ќе си го погледнам детето, дека ќе сум си го убиела бидејќи не знам да туркам, зборови дека сум била разгалена зашто не сум знаела да дојам, зборови дека тие немаат чаршафи за нас што крвавиме како крави, дека жените што доаѓаат тука биле смрдливи, дека немаат тие време за секоја посебно да ни помагаат да станеме и еден куп други работи, демек тоа таму било привилегија, пишува мајка што се породила на ГАК пред две години....

https://www.slobodenpecat.mk/bebinja-oblecheni-vo-partali-na-gak-dusheci-shto-tonat-lebarki-i-drzok-odgovor-ova-ne-e-butik/
 
Бебиња облечени во партали на ГАК, душеци што „тонат“, лебарки и дрзок одговор: „Ова не е бутик“.......:eek:

Прегледај го приврзокот 481852
Контроверзната, табу-тема за акушерското насилство, за неприкладниот однос кон тазе породените жени, дрските и арогантни коментари во болнички услови во првите денови по нивното породување, престануваат да бидат нешто за што не се зборува отворено – жените очекуваат и бараат повеќе од основниот минимум и повеќе не се задоволуваат со однос како да се натрапнички во сопствениот здравствен систем.

Прегледај го приврзокот 481853

ГАК мора да се преиспита за лебарките во собите и тоалетите на родилките, тоалетите на Одделот за патолошка бременост кои немаат даски за седење на школките, за неменувањето на ноќница кај трудниците што повеќе од 4 дена лежат на Одделот за патолошка бременост, за климатизерите што работат или не работат или едвај ладат и се извор на бактерии, за дрскиот и арогантен однос кон родилките, за игнорирањето на пациентките при молба за преглед или давање лекови или при болки. Одговорот на персоналот е секогаш дека тие не се задолжени за тоа...
Прегледај го приврзокот 481854

...а зошто и' требаше 2 години да го каже ова? И каде има воопшто толкава безопасна да се купи и што е тоа картонче прикачено, па уште на бебето на стомачето закачено, нели е срамота вака да се измислува?
 
вие "европјаните" најдовте да критикувате

Ако сакаш, можам да ти дадам и текст од 2009 година за болницата во Видин.
Ако ни тоа не е доволно да си го задоволиш Б комплексот , секогаш можеш да објавиш слики од Столипиново или од концертот на Лепа Брена.:D
Темата е здравството каj вас , затоа не тролај.
 
Татарски трол нарекува македонец на македонски форум трол. Глупост на ента.
Башка поим нема што значи искомплексираност. Оти тоа што ти го правиш е токму тоа, лекување на комплекси. Ама очигледно се лупаш со поими непознати за тебе.
И...темава е здравството кај нас, од наш аспект и искуства, од македонци или нашинци-македонци од дијаспората. Не од сликици симнати од нет од некој кој врска нема со Македонија ниту со нашето здравство.
 
Последно уредено:

...не се криви тие, туку тие што го дозволиле тоа со се' тие што не превзеле мерки, а тоа им е работа како институција за прекршоци!
 
...а зошто и' требаше 2 години да го каже ова? И каде има воопшто толкава безопасна да се купи и што е тоа картонче прикачено, па уште на бебето на стомачето закачено, нели е срамота вака да се измислува?
Сликата е точна, баш со толкава безопасна и картонче со број ги бележат бебињата. Нема потреба да се криеме од фактите, каква и да е намерата на роден. Само јас не гледам причина за толкава драма.
 
...не се криви тие, туку тие што го дозволиле тоа со се' тие што не превзеле мерки, а тоа им е работа како институција за прекршоци!
Па кога можат пратениците, зошто тие да не? За разлика од безкорисните пратеници, овие барем чистеле двор, воделе архива и слично.
 
И треба да има евидентирање на вработените со отпечаток од прстот.
Збеснаа одредени доктори на одредени клиники, кога сакаат доаѓаат на работа и кога сакаат почнуваат да повикуваат пациенти, пауза кога сакаат и колку сакаат земаат, во 12 - 13 часот си одат од работа а работно време им е до 15: 00.

А за нов клинички центар не верувам дека ќе има нешто од тоа.
Тоа е како онаа железничката пруга кон Бугарија.
 
Ќе си се зема тендерче за овој безкорисен систем, а во системот ќе има "ненамерни грешки" и се ќе биде по старо :sneaky:

Во меѓувреме во болниците од периферијата нема ни О од медицинска опрема а таа што ја има е купена од лукративни "донации" од фирми кои не плаќаат данок на локална самоуправа :icon_mrgr:
 
....аууу, си викам дај да видам кој е овој Златко Перински кој ќе биде Директор на ФЗОСРМ, кои ги има овие надлежности:

- ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;
- планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
- ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
- ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
- ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;

Златко Перински,
дипломирал на Факултетот за физичка култура-УКИМ, каде се стекнал со звање дипломиран професор/тренер,

а со магистратура по менаџмент на човечки ресурси се стекнал на Институтот за политичко-правни истражувања-УКИМ/Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.

- основач бил и управител на Д.Т.У. Био Стем д.о.о.Скопје со дејност претставништво на Грчка банка за матични клетки за Македонија,

- основач бил на институцијата: Bio Save d.o.o. Beograd, која е претставништво на Германска банка за матични клетки за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија и Хрватска.

- бил управител на С.Ц.Борис Трајковски Дооел Скопје,

- бил генерален директор на ЈП. „Водовод и канализација“ Скопје .

-бил избран за новиот министер за локална самоуправа.

...требаше да си остане спортски тренер, професор на ДИВ или управник на спортскиот објект, све друго не му е ниту професија, а со тоа ниту искуство ниту соодветно место, а ние кои сме со искуство и со соодветна професија ќе гледаме како такви особи ќе решаваат за нешто што не им е местото, ни прв ни последен на ваков пример и затоа не ни се оправа здравството, па после се давале специјализации за кои нема потреба за разлика од другите дефицитарни, а ова што е, соодветно ли е?

...значи ич не ми се допаѓа вака, сменетиот министер за здравство беше од областа на ИТ благе везе од медицина, само партиски луѓе на функција, стајте бе некој способен, а да не биде во партија, пробајте да видите што значи промена во позитивна смисла, ама изгледа не одговара така...а Премиере Х.Мицковски?
 
Море да им се намокрам и на фонд и на министерство. Се ќе направат да те исцедат.
Клопидогрелот во извештај ми стои од кардиолог ама приватно одел освен првата година. А според кардиолог мора да се има заштита при инфаркт и стентирање. Приватно чини 510 денари.
Нолпазата исто оној фљфљфљ без ден пракса што ја смени, да морало со потврда, со бутање црева, со плаќања упати не знам што од гастро, ги имам сите извештаи со обврзно земање ради заштита ради претходно обилно крварење. Имам исто извештај од гастро каде изричито се кажува обавезно нолпаза, а кардиологот го потврдува тоа во својот извештај. Чини 250 денари приватно.
Заедно 760 плус релика+ 327, само приватно ради големиот мозок што го има тој фљфљ, 1330 за само три лекови, башка оние "преку фондот". 2 иљадарки само за мене, башка друго.
Од матичната наводно ради погрешна шифра во аптека не можеле да ми дадат. А матичен не може да смени сама шифра. Е ај оди кажи му на кардиолог и на гастро, пајажина ќе фатиш.
Додај уште 500 денари плус којзнае колку малтретирање по тие врати, живеј 70 години.

Еквати здравството, да се нацицаат пари за кофчег.
Уште 70 години пензија, море мрш.
 
Мене ме малтретираа секој месец извештај да вадам дека мора да примам терапија клексани во текот.ж на бременоста за да можам од фондот да враќам 63 % од сумата
Па мораше упат од матичен, па на болница извештај од специјалист па пак назад во Борово да поднесувам барање, секој месец така.
А заведена во системот дека мора да примам терапија со дијагноза со све.
Еднаш на цела мака во најголемата жештина со стомакот до гуша, доктор од болница не сакаше да ми даде извештај оти сметал дека немало потреба за терапија со такви параметри на д димер, буквално уште по не ми ги тресна в сурат упатите, па морав да одам другиот ден другата докторка на смена кога беше
Од оваа година ги направија на рецепт, толку ли тешко беше ?
 
Back
На врв Bottom