Kano во центар патриотите од ДПНЕ го изгласале буџетот и сите проекти на последниот градоначалник на СДС, за да не му пропадне мандатот. Истиот е патем и еден од последните извори за финансирање на партијата. Ако може еден вака патриотски осврт од лице кое ја гледа ситуацијата од надвор и може да направи правилна проценка како ова беше полезно за Македонија? Дека за истиот градоначалник пред некоја недела имаше соопштение од ДПНЕ дека бил криминалец и дека обвинителството требало да ја разгледа неговата работа.
А да и заедно си изгласале ДУП, со кој ќе се сече шума на Водно и ќе се прават 30 објекти П+2. Зачудувачки е како секогаш кога ќе зачкрипи работата, некако си помагаат едните на другите и ќе си ги поминат бурните води заедно гушнати во прегратска.
Али затоа на сите други ќе им продаваат омраза и закрвавување. Вие тепајте се меѓу себе дали ДПНЕ или СДС ќе дојде на власт, а они си истераа 35 години живот на висока нога. Луѓе кои имаат потенцијал и капацитет да бидат физички работници. живеат како господа 35 години на наш грб. За нив ова воопшто не е држава, економска зона е од каде што можат да црпат пари за нивните бизниси и ФАМИЛИИИ надвор од државата.