Шума или дрвја? На 30 март 2026 година, кога стравот на пазарите беше голем, го снимивме ова видео за инвеститорите во Опфолио Прогресивен Фонд. Во тие моменти, вестите беа лоши, неизвесноста растеше, а цените на акциите паѓаа. Токму тогаш е најлесно да се изгуби перспективата. Кога пазарите...
lnkd.in
Шума или дрвја?
На 30 март 2026 година, кога стравот на пазарите беше голем, го снимивме ова видео за инвеститорите во Опфолио Прогресивен Фонд.
Во тие моменти, вестите беа лоши, неизвесноста растеше, а цените на акциите паѓаа. Токму тогаш е најлесно да се изгуби перспективата.
Кога пазарите се нервозни, вниманието природно се насочува кон шумата: инфлација, каматни стапки, војни, политички одлуки и следниот твит.
Тоа е TOP-DOWN пристапот — од макроекономијата кон секторите, па до компаниите.
BOTTOM-UP тргнува од другата страна: од самите компании. Што работат? Како заработуваат? Колку се профитабилни? Имаат ли конкурентска предност и можат ли да создаваат вредност на долг рок?
Повеќето професионални инвеститори ги комбинираат двата пристапа. И ние ги следиме макроекономските случувања, но нашето размислување и изборот на компании претежно се BOTTOM-UP.
Причината е едноставна: не мора да го предвидиме секој следен настан за да препознаеме квалитетен бизнис.
Падот на цената не значи автоматски дека акцијата е добра можност. Но, исто така, лошите вести не значат автоматски дека бизнисот трајно ја изгубил својата вредност.
Во видеото објаснувам како размислуваме и зошто, особено во неизвесни периоди, ни е важно да гледаме подалеку од дневните наслови.