Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 5.223
- Поени од реакции
- 8.542
Трајковски: „Парадокс: Со новата владина гасна централа добиваме помалку струја и помала ефикасност, за двојно повеќе пари“
Професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски истакнува дека предложениот проект за нова гасна централа „РЕК Битола 1“ е економски и технички неефикасен, бидејќи инвестицијата во чисто нова опрема е скапа и ќе има ниска ефикасност од 35–40%, додека со ревитализација на постоечки гасни турбини и комбиниран когенеративен циклус е можно да се постигне значително повисока ефикасност (52%) и пет пати пониска цена по мегават инсталирана моќност. Тој го критикува пристапот на Владата да се потпира на нова опрема, игнорирајќи ја можноста за искористување на постоечките ресурси кои можат да донесат голема економска и енергетска придобивка за помалку пари и за пократок рок.
„Во средината на јуни во Владата свечено беше потпишан Договор за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка. Со овие средства официјално започнуваат подготвителните активности за реализација на големиот проект за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. Предвидено е за 200 милиони евра да биде изградена централа со електрична моќност од 200-250 MW(e) и топлинска моќност од околу 70 MW(t), за загревање на Битола. Други детали не се соопштени, а од неофицијални извори се слушаат шпекулации дека веројатно се работи за кинеска опрема, пишува професорот на
Врз основа на цената од 0,8...1 милион евра/MW(e) и моќноста (200 MW(e)) најверојатно се работи за чисто гасна турбина (Open-cycle gas turbine - OCGT), без парен дел. Со додаток на утилизатор, односно топлоизменувач за искористување на топлината на издувните гасови од турбината ќе може да се загрева вода, за потребите на топловодната мрежа за загревање на Битола. Тоа е когенеративниот дел.
Моќноста на ваквата гасна централа е доволна само за погонување на една парна турбина со моќност од 100 MW, односно нема да биде можно нејзино поврзување со парна турбина од еден блок од РЕК Битола со номинална моќност од 230 MW .
Тука доаѓаме до првата нелогичност и субоптималноста на предложеното решение. Имено, без парен дел во централата (со дополнителен парогенератор и парна турбина), односно без работа во комбиниран гасно-парен циклус (Combined-Cycle Gas Turbine - CCGT), електричната ефикасност изнесува само 35% - 40%. Со парен дел, според Брајтон-Ранкинов циклус, ефикасноста се зголемува за половина и се искачува до 60%, а кај најсовремените централи и до 64%.
Веќе три години со група инженери предлагаме набавка на две половни гасни централи од по 200 MW(e), со чие поврзување за неискористениот парен блок во ТЕ Неготино или ТЕ Битола би добиле дополнителни 200 MW(e) како чист подарок, односно без еден дополнителен кубен метар природен гас, за сметка на искористувањето на жешките издувни гасови од гасните турбини. Ова во светот е стандардна пракса за спасување на стари термоцентрали на јаглен или мазут.
Во денешно време, поради интензивниот премин на обновливи извори на енергија (ОИЕ) во светот масовно се напуштаат и евтино и се продаваат (за 5-20 милиони евра) гасни централи од околу 180-200 MW(e). За инвестиција од само 100 милиони евра, што би опфатила набавка, транспорт, релокација, ревитализација и поврзување со постоечките парни блокови во Неготино или Битола, би добиле дури 540 MW(e) за само 100 милиони евра (0,2 милиони евра/MW). Би добиле и гаранција од изведувачот од една година. За споредба, според планот на Владата би добиле централа од само 200 MW, но по цена од 200 милиони евра (1 милион евра/MW), што е пет пати поскапо по мегават инсталирана моќност.
Освен тоа, инвестицијата во нова опрема не би можела да ги врати вложените пари ни за 17-19 години работа (централата би била завршена најрано во 2031 година), односно до 2050 година, кога е планирано напуштање и на гасот во рамките на Зелената транзиција. Од друга страна, со ревитализирана опрема инвестицијата би се отплатила за само 2-3 години. Лудост е да се прават капитални трошоци (CAPEX) за централа која би работела само 17-19 години, ако рокот на траење на самиот енергенс (природен гас) во Европа е законски ограничен до 2050 година. Почетната инвестиција едноставно не би можела да се исплати дотогаш од добивката пред камати, амортизација и даноци (EBITDA).
За жал, имаме издвоено мислење на еден пензиониран инженер, голем поддржувач на политиките на Владата, дека „ново си е ново“ и дека половната опрема би имала многу помал степен на корисно дејство од новата. Веднаш аргументирано морам да ја демантирам оваа паушална оценка.
Кај индустриските гасни турбини (GE, Siemens, Alstom), поимот „половно“ не е како кај автомобилите. Турбините се сервисираат по принципот на работни часови. Кога ќе се направат т.н. Major Overhaul (генерален ремонт) и ќе се сменат лопатките на роторот и компресорот, таа машина има 0 работни часови и фабричка ефикасност на новороденче. Но, на пазарот (може да се погледне на Интернет) се нудат и работени гасни турбини со само 5.000 - 10.000 часови, односно речиси нови!
Со новата чисто гасна централа (OCGT) би имале електрична ефикасност од 35%-40%, што е максимумот што може да се постигне, бидејќи нема никакво дополнително искористување на топлината од парниот дел, туку целата отпадна топлина би се користела за греење во зима, а во лето би се губела преку испуштање на врелите гасови во атмосферата.
Од друга страна, дури и ревитализирана гасна централа (која всушност би била како потполно нова, со 0 часови, бидејќи би работела со нови лопатки и други делови), благодарение на искористување на топлината во парниот дел би добиле уште 50% од најмалку 35%, односно дополнителни 17% во ефикасноста, која би се искачила на најмалку 52%.
Ајде да споредиме тогаш, што е подобро, 35% - 40% со новата опрема во гасен циклус или 52% во комбиниран циклус со ревитализирана опрема? Да не зборуваме што со ревитализираната опрема имаме 5 пати поевтина инвестицијата.
Важен фактор претставува и времето за имплементација на проектот. Проектирањето, фабричката изработка и монтажата во Битола на нова гасна централа би траела 5-7 години (до 2033 година), што го скратува периодот на експлоатација на само 17 години, со мали изгледи дотогаш да се исплати. Од друга страна, релокацијата и ревитализацијата на постоечка гасна централа може да се заврши за околу 1,5 година, а истата би ги вратила вложените пари за околу 2-3 години, зависно од тоа дали ќе се користи само за производство на електрична енергија или когенеративно и за топлинска.
Што се однесува до топлинската енергија за греење, неа не ја губиме ни со комбинираниот циклус, бидејќи во зима би се одземала пареа меѓу турбината за среден и турбината за низок притисок, со мала загуба на ефикасноста. Во лето, пак, електричната моќност и ефикасност би биле уште повисоки, заради искористувањето на топлината и во степенот за низок притисок. Така и CCGT може да работи во когенеративен режим. Друго прашање е дали и кому тоа му треба кога во Битола освен магистралниот топловод и приклучоци за неколку институции (со конзум од одвај неколку мегавати топлинска енергија) - нема други потрошувачи, а мали се шансите дека до 2050 ќе има повеќе.
Наместо да го искористат „мртвиот капитал“ што лежи и рѓосува во Неготино, а наскоро и во Битола, решиле да ги фрлат парите во нова опрема што нема никогаш да се исплати.
Ова треба да го знаат не само во Владата туку и населението, како и тој што им кажува дека „ново си е ново“ и дека „со стара опрема ефикасноста би била ниска“. Вистината е дека не само што би била повисока (најмалку 52% наспроти 35%-40%) туку цената по мегават инсталирана моќност би била 5 пати пониска. Изгледа дека нашите власти слепо ги слушаат советите на производителите на нови гасни централи, кои се помалку се бараат на пазарот, па очајнички се трудат да ни ги продадат“, пишува тој.
Знае ли за ова македонската бугарка? Или бугарската македонка, не знам како обича да се казва...дека премиерот енергетичар беше мубаетот.

Не знам зошто ама гледајќи го ова во живо ми даде барем малку надеж дека во следните 5-10 години ќе станеме нормална држава.