- Член од
- 3 декември 2018
- Мислења
- 83
- Поени од реакции
- 95
- Возраст
- 38
Добро бе луѓе, некој пат навистина не ја гледате шумата од дрвјата. Внимателно ја пратам кариерата не само на Нолан туку и на ред други американски режисери (добро овој е и Британец ама нејсе). Прв пат од вкупно 13 филмови колку што ги има режирано се крева џева околу кастингот поради овие LGBT и земање на слобода при интерпретирање на ликови моменти... Значи се работи за Одисеја, приказнава е напишана пред три илјади години, кога ако бидеме реални, и мајки и синови се пердашеле, вие се фативте за еден транс што ставил, една црнкиња Елена Тројанска што ќе ја глумела и слично... Ако имаше некој филм што ќе земеше слобода со вакви работи тогаш е овој... важното е како сето ова ќе биде во служба на приказната, ќе има ли поента или нема и ред други работи... Факт е дека кога се работи за Нолан, секој актер буквално сака да работи со него... и нормално меѓу тие ке се најде и по некој како овој Елиот или Елен или како и да беше. Да почекаме вака да излезе филмов па после тоа да плукаме? Инаку во однос на самиот филм - го гледам како кулминација на цела негова кариера и мислам дека може после него слободно да се пензионира од режирање или да снима по некоја сај фај серија пред пензија... сите тематиките и сензибилитети што ги има во кариерата се дестилирани тука (враќањето и отсуството од домот како мотив преку кастингот на Мет Дејмон како актер со најмногу такви улоги, епската позадина на приказната и др).


