Политички случувања во Израел

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ќе си остане на билатерално евентуално трилатерално ниво, види кои се играчите:

Chevron (Aphrodite Field - Block 12):
  • Chevron operates the field with a 35% stake alongside partners Shell (30%) and NewMed Energy (30%).
  • They launched a Front-End Engineering Design (FEED) study and initialed a Host Government Agreement (HGA) to construct a 280-kilometer pipeline directly to Egypt
ExxonMobil (Block 10 - Glaucus & Pegasus Fields):
  • ExxonMobil (60% operator) and partner QatarEnergy (40%) successfully declared the ~7 Tcf Glaucus and Pegasus gas fields commercially viable.
  • They signed an agreement with Egypt and NewMed Energy to process and export this gas using Egyptian LNG infrastructure.
Не е прв пат да има слична ситуација каде регионална сила на своја територија имаше огромно пронаоѓалиште на нафта и гас, и одеднаш доаѓаат поголеми сили да преземат ситуација.

2012та Украина (Црно Море, околу Крим) има два големи тендери за пронаоѓалишта на гас каде се натпреваруваат Ексон, Шел, ОМВ и Надра од една страна, Лукоил сам од друга за дрилање, каде што Ексон/Шел го добиваат тендерот. 2013та сличен бид за дрилање на пронаоѓалиште на гас што го добива Шел во Доњецк и Харкив. Во овој период САД пробува со дел од Украински политички струи да ја одвои Русија од Украина (енергетски и политички), додека Русија пробува да задржи влијание со свои луѓе врз Украина, и тука почнуваат повеќе активно да се кршат копја (постои тоа и од порано, портокалови револуции, и во реторика, али овој период се интензивира). Овие како настани од пред 12тина години го предходат ова што го гледаме сега.

Така да Турција и Кипар има потенцијал да биде проблем.
 
Треба да се разграничат некои работи, наддавањето е за добивање на блок т.е површина на која ќе има прво фаза на експлорација и ако тоа е исплатливо да се премине на експлоатација а и во двете имаш бушење но од различни потреби. Друг битен момент е што не сите компании имаат ресурси да се впуштат во вакви проекти и тоа се однесува најмалку на финансискиот дел, така да единствената причина поради која Лукоил се нашол во друштво на Ексон и Шеврон тука е тогашното руско сестрано влијание во Украина. Класи се во прашање и тоа во секој поглед меѓу овие компании и тоа е факт.

Туристички :icon_lol:

Чисто информативно:

Ја повеќе пишувам од аспект на тоа дека двете се екстензија на државни интереси и на Русија и САД. Ексон не ја гледам како класа, масовно има трошено на тинк-тенкови што негираат постоење на климатски промени, соработуваат со брутални режими, лобираат против зелени политики во САД. Така и Лукоил е екстензија на државни интереси на Русија и на интересите на кој и да е кај нив на власт. Поентата ми е: кога големи сили кршат копја во некоја помала држава, најмногу страда помалата државата. Таква судбина има Украина (за жал).

Палестина и Израел се исто така екстензија на империјални амбиции на западот на БИ. Ради тоа на никој не му одговара да се "реши" како проблем, пошто ако има мир на БИ тоа носи и стабилност и развој. Со тоа државите на БИ стекнуваат повеќе независност од екстерни ентитети (без разлика дали тоа бил запад, или исток). Турција во моментов ова статус кво го доведува во прашање и за мене, ова е најинтересно за гледање следниов период (како нивните односи ќе се развиваат на релација запад и БИ со Турција).
 
Прво нема споредба, Лукоил е чисто ка-ге-бе оил, значи нема никаква отстапка во структурата, Ексон Мобил е чедо на Рокфелер и произлегува од Стандард оил (SO/Esso) и антимонополската одлука на Врховен суд на САД пред еден век. Еве ја последната Exxon Mobil Advancing Climate Solutions Report May 2026 , Лукоил ниту има нешто слично. Тоа соработуваат со брутални режими ти е прилично генерализирано и акцентирано на делот брутални, зависи низ каква призма се гледа, сепак се работи за стратешки ресурси. Во поглед на Украина проблемот е што направи избор кој не одговара на Русија, арно ама сега истото го прави Ерменија и Молдавија...значи сепак не е црно-бела ситуацијата а се работи за суверена земја.

Палестина и Израел се исто така екстензија на империјални амбиции на западот на БИ. Ради тоа на никој не му одговара да се "реши" како проблем, пошто ако има мир на БИ тоа носи и стабилност и развој. Со тоа државите на БИ стекнуваат повеќе независност од екстерни ентитети (без разлика дали тоа бил запад, или исток). Турција во моментов ова статус кво го доведува во прашање и за мене, ова е најинтересно за гледање следниов период (како нивните односи ќе се развиваат на релација запад и БИ со Турција).

Не е точно дека на никој не му одговара да се реши БИ, еве сега акутелните случувања те демантираат, директно само Иран може да се посочи како страна која не сака ниту во Палестина, Либан па и Ирак да се смири ситуацијата затоа што тоа би значело постепено разградувања на Хамас и Хезболах и индиректно нивното малициозно влијание во регионот. После Либан со Хезболах сега и Ирак расчистува со струткурите на мулите, настрана што СА,ОАЕ, Кувајт се во активен конфликт со дотичните.
 
Прво нема споредба, Лукоил е чисто ка-ге-бе оил, значи нема никаква отстапка во структурата, Ексон Мобил е чедо на Рокфелер и произлегува од Стандард оил (SO/Esso) и антимонополската одлука на Врховен суд на САД пред еден век. Еве ја последната Exxon Mobil Advancing Climate Solutions Report May 2026 , Лукоил ниту има нешто слично.
Ова е извештај од Ексон Мобил за тоа колку Ексон Мобил е добар кон природата, а е компанија што веројатно повеќе загадува него било која. Имаат долга прљава историја на greenwashing. Во период кога нивни научници ги предупредуваат за штетата на издувни гасови и глобално затоплување, ги уќуткуваат за да продолжат да прават луди пари, лобираат против зелени политики. Околу брутални режими: имале војска под договор што силувала, мачела и убивала цивили во Индонезија. Изгубија случај пред некоја година поврзан со ова. Имаат и други глупости низ Африка и Азија. Ова не ги негира твоите тврдења за Лукоил (дека е продолжена рака на РФ), али Ексон е далеку од пример за некаква класа или одговорна компанија.

Околу Украина, се слагам со тебе, Ексон се некој што влече западен интерес, додека Русија си брани свој (преку Лукоил), и обидот на Украина да спроведе суверена одлука со помош на една велесила, која друга велесила го перцепира како закана, е една од причините зошто Украина е во толку незгодна ситуација.

Не е точно дека на никој не му одговара да се реши БИ, еве сега акутелните случувања те демантираат, директно само Иран може да се посочи како страна која не сака ниту во Палестина, Либан па и Ирак да се смири ситуацијата затоа што тоа би значело постепено разградувања на Хамас и Хезболах и индиректно нивното малициозно влијание во регионот. После Либан со Хезболах сега и Ирак расчистува со струткурите на мулите, настрана што СА,ОАЕ, Кувајт се во активен конфликт со дотичните.
Може лошо се искажав: кога мислам да се реши БИ, мислам да се дојде до траен мир. Кога збориме за БИ, западот има доста крвави раце. Милиони загинати после инвазија на Ирак, Либија, Авганистан, (директни интервеции од кои државиве до ден денес патат) и прокси војни (безрезервен ветер во грб на Израел, прокси во Сирија, Јемен, и тн). Муабетот ми е, се создава амбиент на траен хаос со цел полесно да се контролира регионот и ресурсите што се таму (конкретно нафта и гас).
 
Ова е извештај од Ексон Мобил за тоа колку Ексон Мобил е добар кон природата, а е компанија што веројатно повеќе загадува него било која. Имаат долга прљава историја на greenwashing. Во период кога нивни научници ги предупредуваат за штетата на издувни гасови и глобално затоплување, ги уќуткуваат за да продолжат да прават луди пари, лобираат против зелени политики. Околу брутални режими: имале војска под договор што силувала, мачела и убивала цивили во Индонезија. Изгубија случај пред некоја година поврзан со ова. Имаат и други глупости низ Африка и Азија. Ова не ги негира твоите тврдења за Лукоил (дека е продолжена рака на РФ), али Ексон е далеку од пример за некаква класа или одговорна компанија.
Лесно е да се критикува ако алтернативата на Ексон е некоја компанија која промовира зелена технологија и целосно запирање на експлоатација на фосилни горива, ама не е воопшто таква ситуацијата.

Која е реперната точка за да биде Ексон Мобајл далеку од класа или одговорна компанија?

Некој ќе ја експлоатира таа нафта, ако не е Ексон, кој?

Кои се тие компании кои ќе сносат поголема одговорност или ќе бидат повеќе транспарентни?

Кои регулативи ќе обезбедат поголема опшествена транспарентност и чија компаниска структура би била подобра од таа на Ексон Мобајл?

Кој е златниот стандард во нафтената индустрија на светско ниво?
Зошто American Petroleum institute, како тоа сите компании копираат се што можат од американските пред се Ексон/Шеврон?

Тука доаѓаме до алтернативата и она што се вика додадена вредност, каде е Иран а каде се СА, ОАЕ, Кувајт, или каде е Венецуела а каде е една Гвајана која вчера се впушти во нафтена индустрија?

Мулите во Иран го тероризираат цел регион со децении а кој им е најголем спонзор?
Кој ги држи мулите во живот и со тоа директно спонзорира репресија и тероризам?
Или ова не важи?

Тука е и Венецуела, како опстојуваше на власт Мадуро, со чија помош? Чист режим. Во моменти на катастрофа ги снимаат армијата и полицијата кај што пљачкаат по рушевините, поголемо дно во модерната историја не знам дали има.

И двете земји најголемиот дел од извозот на нафта го пласираа(т) кон иста дестинација.

Околу Украина, се слагам со тебе, Ексон се некој што влече западен интерес, додека Русија си брани свој (преку Лукоил), и обидот на Украина да спроведе суверена одлука со помош на една велесила, која друга велесила го перцепира како закана, е една од причините зошто Украина е во толку незгодна ситуација.

Украина како суверена земја има право да си носи одлуки за иднината и носењето на истите не може да оправдаат загрозување на територијалниот интегритет, настрана што доброволно се ослободија од нуклеарното оружје остаток од СССР украинците се со цел да не дојде токму до ова што се случува сега.

Може лошо се искажав: кога мислам да се реши БИ, мислам да се дојде до траен мир. Кога збориме за БИ, западот има доста крвави раце. Милиони загинати после инвазија на Ирак, Либија, Авганистан, (директни интервеции од кои државиве до ден денес патат) и прокси војни (безрезервен ветер во грб на Израел, прокси во Сирија, Јемен, и тн). Муабетот ми е, се создава амбиент на траен хаос со цел полесно да се контролира регионот и ресурсите што се таму (конкретно нафта и гас).

Тој Запад со кој војуваше таму?

Арапската лига кој ја вооружуваше да војува против Израел?

Да не се правиме наивни, секогаш има најмалку две страни со крвави раце во тие конфликти што си ги наброајл.

Покрај СА еве и Либан седна на преговарачка маса со Израел а во Ирак имаше акција против промула структурите. Ова е реалноста.
 
Лесно е да се критикува ако алтернативата на Ексон е некоја компанија која промовира зелена технологија и целосно запирање на експлоатација на фосилни горива, ама не е воопшто таква ситуацијата. Која е реперната точка за да биде Ексон Мобајл далеку од класа или одговорна компанија? Како тоа сите компании копираат се што можат од американските пред се Ексон/Шеврон?
Тоа што една компанија е економски јака и има високи профити, не ја прави, по мене, класа. На пример, Филип Морис, во поглед на корпоративно уредување и профити, компанијата е топ. Во поглед на морал, чесност и колку луѓе умираат ради неа, има постапки каде со години знаеле дека цигарите предизвикуваат канцер, али го криеле тоа од јавноста за да прават пари. Така и Ексон, како корпорација е златен стандард во индустријата, али со релативно прљава репутација. Лично мислење. :pivo2:

Мулите во Иран го тероризираат цел регион со децении а кој им е најголем спонзор?
Кој ги држи мулите во живот и со тоа директно спонзорира репресија и тероризам?
Или ова не важи?
Во право си дека Иран имаат свои пипци низ регионот и нанесуваат штета на западни интереси, тоа не е спорно. Режимот има убивано свои граѓани, поддржувано прокси сили низ регионот, има користено механизми за опресија. Каде не се слагаме е околу улогата на западот. По проценка на Браун Универзитетот во САД и нивната програма за калкулирање на трошоци за војна, имаат утврдено дека поради операциите на САД во БИ од 2001ва па навака, убиени се помеѓу 4.5 и 4.7 милиони луѓе. Најголем дел од овие жртви се цивили. Ова не вклучува осакатени, повредени, истрауматизирани. Зборот ми е, немаат најдобар track record во БИ како фактор за стабилизација. Нафта и гас да не беа основни енергенси на планетава, БИ ќе беше доста досадно место за живеење.

Украина како суверена земја има право да си носи одлуки за иднината и носењето на истите не може да оправдаат загрозување на територијалниот интегритет.
Тука се слагаме, мојот коментар за надавањето меѓу Лукоил и Ексон е да го илустрира изворот на проблемот во Украина (дека за жал е место каде што две империи кршат копја).
 
Тоа што една компанија е економски јака и има високи профити, не ја прави, по мене, класа. На пример, Филип Морис, во поглед на корпоративно уредување и профити, компанијата е топ. Во поглед на морал, чесност и колку луѓе умираат ради неа, има постапки каде со години знаеле дека цигарите предизвикуваат канцер, али го криеле тоа од јавноста за да прават пари. Така и Ексон, како корпорација е златен стандард во индустријата, али со релативно прљава репутација. Лично мислење. :pivo2:

Не се работи за високите профити туку задржувањето на одредени стандарди реализирајќи ги истите. Сега правиш типична рефлексија на Ексон со Филип Морис каде единствена допирна и воедно симптоматична точка е тоа што напаѓаш американска компанија, нејсе прифатено, повторно мојата хипотеза:

Дали ако Филип Морис престане да постои со тоа ќе замре пушењето како порок?
Не.

Само ќе се јави нова компанија т.е конкуренцијата ќе ја пополни празнината.

И сега пак се навраќаме на алтернативата, кои компании се алтернатива за Ексон Мобајл и Филип Морис?

Значи ниту експлоатацијата на фосилни горива ниту пушењето нема да замрат ако ги нема Ексон Мобајл и Филип Морис, единствено што може да се случи е некој да продолжи да го прави истото со пониски или скоро непостоечки стандарди, ако се земе во предвид конкуренцијта и нивното досегашно оперативно досие.

Во право си дека Иран имаат свои пипци низ регионот и нанесуваат штета на западни интереси, тоа не е спорно. Режимот има убивано свои граѓани, поддржувано прокси сили низ регионот, има користено механизми за опресија. Каде не се слагаме е околу улогата на западот. По проценка на Браун Универзитетот во САД и нивната програма за калкулирање на трошоци за војна, имаат утврдено дека поради операциите на САД во БИ од 2001ва па навака, убиени се помеѓу 4.5 и 4.7 милиони луѓе. Најголем дел од овие жртви се цивили. Ова не вклучува осакатени, повредени, истрауматизирани. Зборот ми е, немаат најдобар track record во БИ како фактор за стабилизација. Нафта и гас да не беа основни енергенси на планетава, БИ ќе беше доста досадно место за живеење.

Тенденциозно е да кажеш дека малициозното влијание на мулите нанесува штета само на западните интереси на БИ, ево во СА/ОАЕ оперираат и руски и кинески компании во нафтената индустрија, сигурно последните случувања немаа позитивен ефект на нивните операции.

Пак ќе кажам дека од некоја идеалистичка позиција настапуваш, реалноста е поинаква, тие ресурси на БИ некој ќе ги експлоатира значи нема алтернативна страна која нуди да се наредат соларни панели и ветерници низ цел БИ и светот да стане поубаво место за живеење.

Ако се вратиме во реалноста тогаш сите жртви на иранските мули треба да се препишат на оние кои се последна дестинација за нивните ресурси и кои со децении ги држат во живот, според Washington institute for Near East Policies од 300000 цивилни жртви во Сирија 87% се препишуваат на ИРГ/Кудс/Хезболах/ силите, во Јемен според Harvard-Kennedy school for Science and International Affairs има преку 377000 загинати и повторно се враќаме на истите структури, каде е Либан, Палестина и жртвите на интерна репресија? Ова е само Иран.

Иран е таму каде што е а можеше да биде во друштво на СА, ОАЕ, Кувајт и регионот да биде далеку постабилен, и тие се исламски земји па пола свет оди на печалба таму. Лично сметам дека Иран има далеку поголем човечки потенцијал од сите земји во регионот и како народ се природен соперник на евреите, но тоа е што е.

Тука се слагаме, мојот коментар за надавањето меѓу Лукоил и Ексон е да го илустрира изворот на проблемот во Украина (дека за жал е место каде што две империи кршат копја).

Не се согласуваме, Лукоил бил дел од таа условно речено понуда чисто поради тогашното руско влијаније во Украина, и да повторам дека најмал проблем во оваа споредба Ексон Мобајл/Лукоил се финансиите.
 
Не се работи за високите профити туку задржувањето на одредени стандарди реализирајќи ги истите. Сега правиш типична рефлексија на Ексон со Филип Морис каде единствена допирна и воедно симптоматична точка е тоа што напаѓаш американска компанија, нејсе прифатено, повторно мојата хипотеза:
Допирна точка е што би газеле по конзумери да дојдат до пара (дали со криење на тоа дека производите им предизвикуваат рак или климатски промени). Тоа што ги критикувам е поради нивните постапки од кои најмногу патат и конзумери, не ги критикувам поради тоа што се амерички. Америка има супер корпорации, Ексон не е една од нив.

И сега пак се навраќаме на алтернативата, кои компании се алтернатива за Ексон Мобајл и Филип Морис?
Не викам дека не треба да постојат, туку критикувам нивно идеализирање. Филип Морис по мене не треба да постои (цигари по мене треба да се забранат), а за Ексон нека постои (добро е да се има пазарна конкуренција на пазар за енергенси) али не ја сметам за класа фирма. Алтернативи за двете има еден куп али да не разводнуваме тема Израел.

Пак ќе кажам дека од некоја идеалистичка позиција настапуваш, реалноста е поинаква, тие ресурси на БИ некој ќе ги експлоатира значи нема алтернативна страна која нуди да се наредат соларни панели и ветерници низ цел БИ и светот да стане поубаво место за живеење.
Не критикувам "компании да експлоатираат ресурси" туку "бомбардирање на една земја со цел свои компании да експлоатират нејзини ресурси". Ја сакам САД да просперира како држава, само сум против нејзини империјални амбиции (нејзини кон БИ, како и што сум против на амбиции на РФ кон Украина, и било која друга поголема држава која сака да наметне сила врз друга помала земја).

Ако се вратиме во реалноста тогаш сите жртви на иранските мули треба да се препишат на оние кои се последна дестинација за нивните ресурси и кои со децении ги држат во живот, според Washington institute for Near East Policies од 300000 цивилни жртви во Сирија 87% се препишуваат на ИРГ/Кудс/Хезболах/ силите, во Јемен според Harvard-Kennedy school for Science and International Affairs има преку 377000 загинати и повторно се враќаме на истите структури, каде е Либан, Палестина и жртвите на интерна репресија? Ова е само Иран.
Не негирам, во право си, Иран и прокси сили на Иран имаат предизвикано доста штета. 300.000 цивилни жртви е озбилна бројка, трагична и жално е тоа што го имаат направено. Во исто време имаме 4.7 милиони жртви како последица од западни интервенции и држави кои беа стабилни, завршија со граѓански војни за западот да го контролира БИ (светскиот пазар за нафта/гас). Изговорот за инвазија може да е било кој (заштита на малцинства, злобен диктатор, демократизирање, закана од оружја за масовно уништување) али причината е нафта, гас и власт. Не кажувам дали е ова добро, лошо, кој е во право и крив, него како е.

Прашањето е, дали ако падне власта во Иран, ќе има повеќе мир на БИ и Иран ќе биде во повеќе просперитетна позиција или ќе биде како Либија и Сирија? По мене, власта во Иран не е добра за Иран, али е компаративно подобра за нив него Либија/Сирија сценарио. Гадафи беше ужасен за Либија, али неговото паѓање од власт ја стави Либија во далеку полоша позиција него кога Гадафи беше на власт. Иако ни Иран не ми се симпатични, али не сметам дека треба да се бомбардира Иран, цивилна инфраструктура нејзина (брани, мостови), со цел да се смени власт.

Не се согласуваме.
Во ред, ништо страшно. :pivo2:
 
Допирна точка е што би газеле по конзумери да дојдат до пара (дали со криење на тоа дека производите им предизвикуваат рак или климатски промени). Тоа што ги критикувам е поради нивните постапки од кои најмногу патат и конзумери, не ги критикувам поради тоа што се амерички. Америка има супер корпорации, Ексон не е една од нив.

И пак се навраќаме на тоа дека алтернативата не е прекинување на експлоатацијата на фосилни горива или прекин на производството на цигари, и тогаш се фрла поинакво светло и на Ексон Мобајл и на Филип Морис. Далеку од тоа дека се супер корпорации, посебно во делот на енергенси кои се сметаат за стратешки ресурси па правилата на игра не се баш чисто корпорациски.

Не викам дека не треба да постојат, туку критикувам нивно идеализирање. Филип Морис по мене не треба да постои (цигари по мене треба да се забранат), а за Ексон нека постои (добро е да се има пазарна конкуренција на пазар за енергенси) али не ја сметам за класа фирма. Алтернативи за двете има еден куп али да не разводнуваме тема Израел.

Во таа тешка категорија компаниските алтернативите во обете индустрии се во државна сопственост и не подлежат на никакви надворешни независни контроли. Во старт и она малку информации што ги пласираат во јавноста тие конкурентски алтернативи се под знак прашалник.

Не критикувам "компании да експлоатираат ресурси" туку "бомбардирање на една земја со цел свои компании да експлоатират нејзини ресурси". Ја сакам САД да просперира како држава, само сум против нејзини империјални амбиции (нејзини кон БИ, како и што сум против на амбиции на РФ кон Украина, и било која друга поголема држава која сака да наметне сила врз друга помала земја).

Fully agree however the World doesent run on love...

Не негирам, во право си, Иран и прокси сили на Иран имаат предизвикано доста штета. 300.000 цивилни жртви е озбилна бројка, трагична и жално е тоа што го имаат направено. Во исто време имаме 4.7 милиони жртви како последица од западни интервенции и држави кои беа стабилни, завршија со граѓански војни за западот да го контролира БИ (светскиот пазар за нафта/гас). Изговорот за инвазија може да е било кој (заштита на малцинства, злобен диктатор, демократизирање, закана од оружја за масовно уништување) али причината е нафта, гас и власт. Не кажувам дали е ова добро, лошо, кој е во право и крив, него како е.

Прашањето е, дали ако падне власта во Иран, ќе има повеќе мир на БИ и Иран ќе биде во повеќе просперитетна позиција или ќе биде како Либија и Сирија? По мене, власта во Иран не е добра за Иран, али е компаративно подобра за нив него Либија/Сирија сценарио. Гадафи беше ужасен за Либија, али неговото паѓање од власт ја стави Либија во далеку полоша позиција него кога Гадафи беше на власт. Иако ни Иран не ми се симпатични, али не сметам дека треба да се бомбардира Иран, цивилна инфраструктура нејзина (брани, мостови), со цел да се смени власт.

Не е црно бела ситуацијата на БИ, она што може прво да се истакне ако паднат мулите во Иран веројатно е намалување на тензиите преку прекинот на поддршка за Хамас, Хезболах, Хутите итн, Либан и Израел веќе седнаа на маса, за почеток доволна е де-ескалација, а ваквата ситуација не гледам што лошо би можела да донесе за било кој во регионот. Тоа што сметам дека Иран ако паднат мулите нема да се најде во некое пост режимско сценарио како Либија и Сирија е културата која сеуште ја има и човечкиот потенцијал, да не заборавиме дека пред мулите за време на Шахот Пахлави покрај се Иран беше најнапредна земја во регионот со неколкукратно повисок БДП од Израел, со доаѓањето на ајатолахот земјата назадуваше додека регионот напредуваше.

Еве кај одат парите од иранската нафтена индустрија:

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Ејал Замир, утрово ја обиколуваше областа на замокот Бофорт во јужен Либан, вклучувајќи го и големиот систем на тунели на Хезболах изграден под гребенот, вели војската.

Замир вели дека гребенот Бофорт е стратешка област која е „заситена со терористичка инфраструктура“, според забелешките дадени од ИДФ.

„Терористичката организација Хезболах, финансирана и водена од Иран, градеше подземни патишта во областа во текот на децении за да им се закани на северните заедници. Нашите сили сега го контролираат клучниот терен над земјата и овие подземни патишта под земјата“, вели тој.

Замир вели дека либанската армија „е должна да ја исполни својата обврска според историскиот договор што беше потпишан и да дејствува за чистење на областа од терористите на Хезболах“, осврнувајќи се на областите во јужен Либан надвор од контролата на ИДФ.

„Во исто време, ИДФ ќе продолжи решително да дејствува за да ги отстрани заканите на либанска територија и е подготвена да започне брза офанзива доколку се прекрши прекинот на огнот“, додава тој.
 
Back
На врв Bottom