Ова е извештај од Ексон Мобил за тоа колку Ексон Мобил е добар кон природата, а е компанија што веројатно повеќе загадува него било која.
Имаат долга прљава историја на greenwashing. Во период кога нивни научници ги предупредуваат за штетата на издувни гасови и глобално затоплување, ги уќуткуваат за да продолжат да прават луди пари, лобираат против зелени политики. Околу брутални режими:
имале војска под договор што силувала, мачела и убивала цивили во Индонезија. Изгубија случај пред некоја година поврзан со ова. Имаат и други глупости низ Африка и Азија. Ова не ги негира твоите тврдења за Лукоил (дека е продолжена рака на РФ), али Ексон е далеку од пример за некаква класа или одговорна компанија.
Лесно е да се критикува ако алтернативата на Ексон е некоја компанија која промовира зелена технологија и целосно запирање на експлоатација на фосилни горива, ама не е воопшто таква ситуацијата.
Која е реперната точка за да биде Ексон Мобајл далеку од класа или одговорна компанија?
Некој ќе ја експлоатира таа нафта, ако не е Ексон, кој?
Кои се тие компании кои ќе сносат поголема одговорност или ќе бидат повеќе транспарентни?
Кои регулативи ќе обезбедат поголема опшествена транспарентност и чија компаниска структура би била подобра од таа на Ексон Мобајл?
Кој е златниот стандард во нафтената индустрија на светско ниво?
Зошто American Petroleum institute, како тоа сите компании копираат се што можат од американските пред се Ексон/Шеврон?
Тука доаѓаме до алтернативата и она што се вика додадена вредност, каде е Иран а каде се СА, ОАЕ, Кувајт, или каде е Венецуела а каде е една Гвајана која вчера се впушти во нафтена индустрија?
Мулите во Иран го тероризираат цел регион со децении а кој им е најголем спонзор?
Кој ги држи мулите во живот и со тоа директно спонзорира репресија и тероризам?
Или ова не важи?
Тука е и Венецуела, како опстојуваше на власт Мадуро, со чија помош? Чист режим. Во моменти на катастрофа ги снимаат армијата и полицијата кај што пљачкаат по рушевините, поголемо дно во модерната историја не знам дали има.
И двете земји најголемиот дел од извозот на нафта го пласираа(т) кон иста дестинација.
Околу Украина, се слагам со тебе, Ексон се некој што влече западен интерес, додека Русија си брани свој (преку Лукоил), и обидот на Украина да спроведе суверена одлука со помош на една велесила, која друга велесила го перцепира како закана, е една од причините зошто Украина е во толку незгодна ситуација.
Украина како суверена земја има право да си носи одлуки за иднината и носењето на истите не може да оправдаат загрозување на територијалниот интегритет, настрана што доброволно се ослободија од нуклеарното оружје остаток од СССР украинците се со цел да не дојде токму до ова што се случува сега.
Може лошо се искажав: кога мислам да се реши БИ, мислам да се дојде до траен мир. Кога збориме за БИ, западот има доста крвави раце. Милиони загинати после инвазија на Ирак, Либија, Авганистан, (директни интервеции од кои државиве до ден денес патат) и прокси војни (безрезервен ветер во грб на Израел, прокси во Сирија, Јемен, и тн). Муабетот ми е, се создава амбиент на траен хаос со цел полесно да се контролира регионот и ресурсите што се таму (конкретно нафта и гас).
Тој Запад со кој војуваше таму?
Арапската лига кој ја вооружуваше да војува против Израел?
Да не се правиме наивни, секогаш има најмалку две страни со крвави раце во тие конфликти што си ги наброајл.
Покрај СА еве и Либан седна на преговарачка маса со Израел а во Ирак имаше акција против промула структурите. Ова е реалноста.