Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
libertas.mk
Дури и на сунитите во Либан им е смачено веќе од војните против Израел за без потреба. Само овие шиитиве што се на југот прават глупости по наредба на Иран.
Единствени во регионот што не саакаат мир се мулите и нивните рецидиви, Хезболах ги истреби Христијаните во Јужен Либан а како тргнало се спремни се да истребат се што не се согласува со нив.
Дури и на сунитите во Либан им е смачено веќе од војните против Израел за без потреба. Само овие шиитиве што се на југот прават глупости по наредба на Иран.
Мислам дека имам многу пати пишувано наназад дека Турција ќе биде главниот противник на Израел во иднина, иднина која веќе е тука. Особено сега по падот на Асад, за кој патем Турција беше таа што активно и на секој начин војуваше против него, а не Израел.Како што се развива ситуација во позадина околу Либан (а и Иран), ова носи кон поголем регионален проблем меѓу Израел и Турција. Турција превентивно поставува црвени линии кон Израел за да заштити свои интереси и да се заштити од израелска експанзија. Турција, Саудиска Арабија, Египет и Пакистан, се некоја мека алијанса, контра тежа на западното влијание на БИ. Од друга страна се Израел, Грција, Кипар, САД, Германија (која сега врши воени вежби со Израел) и Франција (која пред некој ден најави дека поставува воена база на Кипар). Израелски бизниси полека ја напуштаат Турција поради зголемување на тензии меѓу нив. Доста веројатно е, отпорот на БИ кон Израел (и западните интереси) да дојде не од Иран и Либан, туку од Турција, Египет, Пакистан и Саудиска Арабија. По мене, ова е правото буре барут на БИ, Иран и Либан се релативно изолирани конфликти споредено со потенцијална ескалација на овие блоковски тензии.
Интересна анализа на темава: https://www.ekathimerini.com/in-dep...ds-between-turkey-and-israel-and-egypts-role/
Зависи, ама мислам и нема да се потресува Турција баш многу да ги заштитува арапите од Израел.Мислам дека имам многу пати пишувано наназад дека Турција ќе биде главниот противник на Израел во иднина, иднина која веќе е тука. Особено сега по падот на Асад, за кој патем Турција беше таа што активно и на секој начин војуваше против него, а не Израел.
Во сојузите, на страната на Израел треба да ги додадеш и ОАЕ. Долго време веќе активно соработуваат, а со последниот конфликт во Иран таа соработка е премината и на воено ниво. Многу интереси во регионот им се совпаѓаат.
Вреди да се спомни и дека нападот на Хамас 23та, е веројатно на секој можен начин поддржан од Турција, во обид да спречи поширока соработка на Израел со останатите Арапски земји, нешто во кое што беа многу блиску до постигнување, особено со С. Арабија.
Меѓу другото, Кипар има огромни резерви за гас кои се во интерес на големите држави. Турција смета дека се нејзини. Тука е тензијата меѓу нив, али истата е екстензија на врски меѓу Турција и други земји од БИ, и Израел, Франција, Британија, САД. Ова е втора потенцијална точка на ескалација.Не се само вежби во прашање, на грчки Кипар покрај британската база Акротири (екстериторија) ќе се формира и нова француска база, на што Турција мислам и формално реагираше и имаше низ јавноста одредени остри изјави, ова веќе го пуштив на некоја тема за Кипар мислам. Инаку Грција и нивниот Кипар потпишаа договор за воена соработка на највисоко ниво со Израел пред некој месец, не знам само на која тема тоа го пуштив. Во секој случај се формираат блокови чија примарна цел на делување би биле Северна Африка, Блиски Исток и Средоземје.
Меѓу другото, Кипар има огромни резерви за гас кои се во интерес на големите држави. Турција смета дека се нејзини. Тука е тензијата меѓу нив, али истата е екстензија на врски меѓу Турција и други земји од БИ, и Израел, Франција, Британија, САД. Ова е втора потенцијална точка на ескалација.