- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.564
- Поени од реакции
- 8.466
абе ајде.А кој не прави?
Се претерува со тој плукачки спорт. Ако афектира и повикува тон, проблем е, ако коментира смирено, уште поголем...
На страна еден-двајца што се навистина лоши и делуваат безнадежно.
Кај повеќето проблем е ова што го напиша, едноставно им требаат натпревари за да фатат ритам, особено сега кога постојано ќе коментираат и по ќе се во тек со фудбалерите, статистики, тривијалности и сл.
И што повторувам уште од првиот ден кога ги пуштија македонските Арени. Не е дека српските коментатори се нешто за што треба да се жали, а читајќи какви разочарувања има, почнав да мислам дека луѓето не разбираат српски, кога немале проблем со коментирањето до пред некоја недела и толку тешко им паднала промената.
Разбирам дека е друг муабетот кога ќе знаеш дека илјадници луѓе ќе го пратат секој твој збор, ама реално колку и да си ван форма, волку коментаторски киксеви немам слушнато.
Глупости, демек им треба време да фатат ритам... What ? Тоа е исто како да кажеш дека мене ми треба ритам да фатам за да возам точак.
Разбирам дека е човечки да се греши, ама овие малце претераа. Секој ден:
-не ги погодуваат играчите ко што треба
-ги грешат имињата на репрезентациите
-тим А се враќа назад од напад т.е гол аут за противникот, овој дегенот тврди дека ќе изведеле корнер
-им требаат МИНУТИ за да извадат некоја тривијалност, fun fact или историја за некој фудбалер
-верувам дека не користат четЏПТ за да направат брзинска проверка околу некој историјат или било што, и ги чекаш со саати... дур они извадат некој податок ми побеле косата
-прерано донесуваат заклучоци
-празни фрази без анализа
-статистики без никаков контекст
-едни те исти муабети уште од времето од а1 и телма кога коментираа англиско/италијанско. Клише на сите страни
-мешаат формации и позиции
-објаснување на очигледни работи
-тактичка неписменост и игнорирање на тактички промени
-сеопшто фудбалско непознавање
На просечниот гледач му е кристално јасно што се случило, на малкумина им е јасно ЗОШТО нешто се случило. Добриот коментатор пред се дава контекст што гледачот не го гледа веднаш.
И најбитно од се...
Многу ми е јако што сме такви ниско интелигентни дебили. Сите се кренаа демек АРЕНА НА МАКЕДОНСКИ уаууууууууу најјако, го браниме македонскиот јазик не знам ти што... што е океј, добро е да има македонски коментар колку и да се фосили истиве.
Но она што не го кажуваат е дека парите од вашето внимание (кое се наплаќа преку реклами нели) - оди во Србија... (ова е претпоставка, мислам дека капнува нешто и во Македонија, ама најголемиот дел од колачот го лапа Телеком Србија, сопственик на Арена Спорт).
Така да папајте си... Конечно добивме можност да слушаме како ни продаваат рекламен простор од кој најголемата корист завршува кај брача Срби.
Немам против македонски коментатори, имам против НЕКВАЛИТЕТНИ, НЕПРОФЕСИОНАЛНИ коментатори, дури за некои од нив ТВРДАМ со 10000% сигурност дека се пијани дури коментираат. Таков кринџ ме фати, што после првите неколку утакмици веќе исклучив и на mute ставив.


