Никој не тврди дека не треба да се прошируваат пазарите. Македонија и денес извезува и тргува со десетици држави. Проширување на пазарите е диверзификација, а не алтернативен геополитички и економски пат. Прашањето е што ја заменува ЕУ како главен економски простор, не дали треба да тргуваме и со други.
Како мислиш да правиш промени во геополитичкото позиционирање ако не влезеш на тие пазари кон кои имаш намера да се репозиционираш?
Токму со влегување на други пазари го анулираш влијанието на ЕУропска.
Еве еден пример: доајџа еден Русин и го гостат нашиве бизнисмени-олигарси. Му нудат кисела зелка и типот вели кхм интересно добра производ само сепак би сакал да пробам со ограничена количина па би сакал за проба да ми продадете 1.000.000 парчиња само за предградијата на Москва.
На ова нашата тутурутка одговара ама јас имам капацитет само за 250.000 годишно таква количина не можам да обезбедам, се разбира Рускио вели тоа е количина со која не можам да се занимавам и заминва.
Е па проблемот е што покрај тутуруткава има барем уште 5-6 кои го терат истиот бизнис и имаат сличен капацитет и наместо тој да разговара со нив за откуп на нивно производство тој таков каков што е роден дупуи кој знае колку лујџе...
Примерот не е директно поврзан ама ја објаснува матрицата по која кај нас се работи, економски простор денес си присутен а утре може и да не си ама додека влезеш има дузина мечиња да родиш.
Никој не спори дека поевтината енергија е предност. Но еден гасовод не ја менува економската ориентација на државата. И со Јужен тек Македонија ќе извезуваше најмногу во ЕУ, најмногу инвестиции ќе доаѓаа од ЕУ, а европските компании ќе останеа најголеми инвеститори. Значи зборуваш за подобрување на условите, не за замена на економскиот правец.
Ако Германистан одеше по твојава логика НИКОГАШ немаше да се развие толку (ако купуваше плин од САД наместо од Русија).
Баш тоа е поентата. Истиот тој гасовод поминува низ земји што се економски интегрирани со ЕУ. Тоа покажува дека еден инфраструктурен или енергетски проект не значи автоматски промена на економската ориентација
Тој гасовод да поминуваше низ Македонија ќе имавме раст од над 10% годишно.
Попусто да објаснувам, постојано се правише недоветен и бараш оправдување за твојата приказна.
И? Кој е конкретниот план? Ќе ги национализираш банките? Ќе ги избркаш европските банки? Со кои банки ќе ги замениш? Како ќе функционира кредитирањето, платниот промет, инвестициите и целиот финансиски систем?
Велиш дека се потребни „глобални репозиционирања“ и дека процесот веќе започнал. Тоа не е план, туку очекување дека можеби нешто ќе се случи во иднина. На што конкретно мислиш? Кои се тие промени? Во кои држави веќе се гледаат? Како тие промени ќе доведат Македонија да ја смени својата економска ориентација? Дај барем еден конкретен пример од европска држава што успешно го напуштила постојниот европски финансиски и банкарски модел и преминала на некој друг. Ако ова е реална алтернатива, сигурно постои барем еден таков пример.
Ако зборуваме за алтернативен модел, мора да има конкретен механизам и конкретни примери, а не само констатација дека „некој контролира“ или дека „започнал процес“.
Зошто мене ме прашуваш за план, ако сакав да бидам премиер и креирам политика во ред ама вака...
Има повеќе модалитет како да се направат промени во банкарскиот сектор и истиот да биде под контрола на државата ама мислам дека е премногу да во ... на форум тоа се разгледува.
Кој рече дека глобалните процеси е план?
Навистина не разбираш или се заебаваш?
Поентата беше дека таквите промени се многу полесни во услови/време на тектонски глобални поместувања отколку кога нема таков амбиент, полсени значи може да се прават и сега/претходно ама треба повеќе ресурси.
Тоа е посебна тема. Можеме да дискутираме дали Македонија била неправедно третирана од ЕУ и во многу работи ќе се согласиме. Но неправдата сама по себе не создава нов економски и геополитички модел
Во еден пасус велиш дека нема логика да се заменува веќе освоениот европски пазар, а во следниот зборуваш за алтернативен пат. Ако самиот сметаш дека нема логика да се заменува европскиот пазар, тогаш практично се согласуваш дека европскиот пазар останува главниот економски простор за Македонија
Токму неправдата креира/спздава економски и геополитичка “модел“ илити перспектива.
Ако ја немаше таа неправда економската реалност во Македонија ќе беше многу поразлична.
Аман бе човек.
Нема потреба од политика на заминивање од веќе освоен пазар па бил тоа и еуРОПСКИО, ова јасно е?
Алтернатаива во надворешната политика и поврзување со други да речеме БРИКС или ако милуваш епштајн коалицијата (ова не е баш алтернатива затоа што веќе работи на планоите за поделба на Македонија, акои ти не си во можност да ги видиш) е неопходност за Македонија ако сака да опстане бидејќи големите сили од ЕУропска одлучиле да нема Македонија и затоа МОРА да се бара или да се оди со алтернатива, што овде не ти е јасно?