Не, не го збориш тоа цело време туку пишуваш работи како “нема алтернатива“ и слично.Токму тоа го зборувам цело време. Ако европскиот пазар е веќе освоен и нема логика да го заменуваш, тогаш за каков алтернативен пат зборуваме?
Ако сакаш развој-раст тогаш пазарите мора да ги прошируваш а не да се врзуваш само за еден пазар и со тоа самиот се лимитираш -капитализмот го има токму тој дарвинистички принцип и затоа им се допајџа на ликови со такви гледишта.
Поединечните проекти се составен дел од “целото“.Не зборувам за поединечни проекти, туку за целокупната инфраструктурна и економска поврзаност на Македонија. Коридор 8, Коридор 10, железниците, енергетските интерконектори, логистиката и европските транспортни мрежи, со што конкретно ќе ги замениш тие врски?
Какви црни европски транспортни мрежи, за што збориш
Со Јужниот тек добиваш гас по повластена стапка на тој начин имаш компаративна предност и привлекуваш инвестиции, Србија заради таквата цена има зголемен обем на инвестиции.

Истиот тој “јужен ток“ денес поминва низ Булгаристан и таксите ги собираат тие а ние си тропаме глупости за европски транспортни мрежи и интерконектори

Еден гасовод не ја менува економската ориентација на една држава. Дури и да постоеше Јужен тек, Македонија и понатаму ќе извезуваше најмногу во ЕУ, ќе примаше најмногу инвестиции од ЕУ и ќе беше економски најсилно поврзана со Европа
Банкарскиот сектор е под целосна контрола на ММФ и СБ односно под контрола на ЕУСА. Преку тој сектор се врши влијание вра политиката и се дисциплинираат непослушните.Токму затоа те прашувам. Голем дел од банкарскиот сектор е во сопственост на европски банки. Ако зборуваш за алтернативен пат, како конкретно ќе ја промениш таа структура?
Како да се направи промени, за жал тоа е еден гломазен систем и за промени потребни се глобални репозиционирања односно прерасподела на глобалните интереси, процес кој што туку започна.
И бидејќи се такви позициите ако некој сериозно мисли за иднината и опстанокот на Македонија треба и мора да ги следи глобалните процеси како би се подготвил за времето кое доајџа, што во превод значи барање на алтернативни патишта.
Станав досаден последниве 30год со повторување на една ситница а тоа е формирање на еден мал институт за геополитички анализи... следење на геоплитичките процеси и трендови како би можеле тутурутките во владата компетентно да се информираат од сопствен извор... а не е тоа кој знае колку пари десетина милиони годишно но во многу што би помогнало.
Економската поврзаност значи економска поврзаност, ама ти упорно ги утуњаш работите, ќе се обидам низ пример да појаснам.Економската поврзаност не значи губење на суверенитет. Швајцарија Норвешка и УК се силно економски поврзани со ЕУ без да бидат членки. Тоа покажува дека економската ориентација и политичкиот статус не се иста работа
Прво велиш дека нема логика да се заменува веќе освоениот европски пазар, а потоа зборуваш за алтернативен пат. Ако самиот сметаш дека нема логика да се заменува европскиот пазар, тогаш практично се согласуваш дека Европа останува главната економска насока за Македонија. Во тој случај, за каков алтернативен пат зборуваме?
Македонија е држава во Југоисточна Европа. Географски, економски, инфраструктурно и транспортно е поврзана со Европа. Од сите страни е опкружена со држави што се членки на ЕУ или се кандидати за членство. Во такви околности, објасни ми како реално би ја сменил оваа насока и која е таа алтернатива. Еве, уште еднаш те прашувам, бидејќи самиот кажа дека Македонија има дури три алтернативи. Кои се тие три и како конкретно би функционирале?
Во ехЈУ целокупната економија беше тесно-економски поврзана, нпр бродоградилиште Сплит градеше бродови но челикот за нив го купуваше од Железара Скопје,учеството на Македонија во финалниот производ беше околу 27-30%.
Со растурањето на ехЈУ се прекинаа врските Кроатите мислеа че купуваат поевтин челик од ЕУропска и ги прекинаа врските на крајот пропадна и бродоградилиштето и железара ако мислиш дека тоа е случајно/спонтано, стихијно а не смислено сценарио, жалам ама никогаш нема да ја осознаш вистината.
Во животот, особено во политиката ништо не е случајно!
Да нема логика затоа што погрешно го интерпретираш, постоечкиот пазар го задржуваш, а се обидуваш да освоиш нови пазари!
Замараш, алтернативен пат ти е да не бидеш во првите редови на Источниот Фронт кој полека ама сигурно ескалира.
Класично манипулирање.
Македонија е во Европа и што со тоа, и други земји се во Европа па што.
ФАКТ е дека ЕУропска (големите европски сили) не дозволуваат и негираат постоење на Македонци и Македонска држава со децении ја рзградуваат во фази по принципот “жабата се вари на тивок оган“ и во такви услови продолжување на полтиката по секоја цена во ЕУропска значи БРИШЕЊЕ на Македонци и Македонска држава и затоа велам дека МОРА да се бараат алтернативни патишта не денес вчера.
Ама преку разноразни механизми овие се длабоко навлезени во сите пори на општеството (на пример мене најмногу ми смета контролата врз медиумите од страна на еуРОПСКА-четвртиот рајх и креирањето на јавното мислење преку истите) и низ разноразни фроми се пласираат тези “единствен пат“, “без алтернатива“, “ние сме во Европа“ “Тутаболгари во устав“ итн итн
Околу алтернативите друг пат.
Аууууу, и како тоаДржавата е банкрот.
Ако го смениме ДПснЕ дали ќе нема банкрот?



