Третата економија у свет има мали проблеми.
Прегледај го приврзокот 480912
Па кога зборевме у темата за синдикат и минималец, одма некои се побунија. Те политика те трте мрте. Еве им го на сега, со вакви изјави.
Затоа и ќе одат под минималец. А дека се 70-80% е замка за привлекување на второстолбашите назад и/или целосно укинување на вториот столб. Годишно се пензионираат по околу 15000 лица или за 2030-2032 45000 лица вкупно. Од нив во втор столб за тој период ќе се пензионираат околу 12300 лица. Осигуреници од 1966-1968 мажи и 1968-1970 жени кои ќе се во ризик се 12300 лица. Со оглед на тоа дека вк осигуреници во втор столб има околу 630000, а посочениот период е 2030-2032 со ризична група од 12300.
Едноставна математика. од тие 12313 лица во вториот столб во тој период, 70-80% се околу 9200 лица, 20% од вкупно пензионираните. Или околу 1.95 од второстолбашите. Ама текстот е така направен од неговата изјава, да ги заплашува и другите. Вели:
меѓу 70 и 80 проценти од осигурениците кои ќе почнат да се пензионираат во периодот од 2030 до 2032
А виновници за ова се владите. Прво зајковци кои го намалија придонесот од 7.4 на 6% (игрите со придонесот и процентот во вториот столб ако некој се сеќава). И кои ради неспособноста на економски план, нит имаше подобрување на продуктивноста нит реални инвестиции, а народот е/беше држен на ниски плати.
Второ, сите влади кои соработуваа со олигарсите и бизнисот од познати причини.
Сума сумарум, Бранчета со СБ планираше, Љубчета ги донесе законите (откако го трнаа Стојменов кој го спремаше дедевето, Груевски ги потпиша како мин за финансии и го протуркаа во собрание) и Буќко ги пушти фондовите и парите во вториот столб. Сложни попој и во петок мрсат, велат.
И пак да си искачате на гласање, слободно.