Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Најјакото беше кога некој на тв излезе и кажа нешто политички коректно, а во превод беше: треба да почекаме да умрат тие родени до 1970 зашто најголема бројка на население се тие и ќе се стабилизира.
Скраја да е :) .


За вториот столб, тој релативно нормално функционираше (не знам дали се инвестираше/оплодуваше), но си одеше работата нагоре се додека не дојде ѓаоло Зајевов и ни ги зеде на околу 12000 осигуреници парите и се стопија во државниот (бунарот наречен желба) Иако доволно возрасни за вториот столб. 1967 беше минимална пепорачана возраст, а ни 1965. Со одење во пензија ќе имаме ем години ем 100% стаж така да тоа немаше да влијае врз пензијата, напротив.
Немаше ниту барање согласност од тие осигуреници. Да не случајно се загрижија за нашите пензии што без прашање не префрлја во државната дупка. Тие пари беа наша сопственост и како таква мораше да бараат согласност од нас. Тие пари требаше да бидат и евентуална резерва за во некој теснец. Тие пари (така велеа) се инвестираа и се зголемуваше маста процентуално. Државниот само ги троши, а не инвестира.
Да Може дебелиот бостанџија да се вози со јахти и да изиграва богаташ у Дубаи.
Значи од 2000те кога ги укинаа 10те најдобри години за пресметка за стаж и кога Царејца ги зема парите од нивните сопственици, целосно го срушија и системот и довербата во него (пензискиот). Ај после не биди фрустриран од системот кој целосно те уништува, посебно нас транзиционите генерации, а вас помладите последиците од тој систем/процес.

И да се разбереме, за мене премиерот сегашен не е виновен за размислувањата за спасување на државниот фонд. Него го обвинив само дека излажа за начинот на функционирање во ЕУ. Виновни се други, се знае кои и како, да не должам.
 
Последно уредено:
И да се разбереме, за мене премиерот сегашен не е виновен за размислувањата за спасување на државниот фонд. Него го обвинив само дека излажа за начинот на функционирање во ЕУ. Виновни се други, се знае кои и како, да не должам.

Мал коментар на извадоков од твојот допис.

Мицика никако не можеш дa го „аболираш„ од она кое тој лично може не го сторил, но од позиција на високо рангиран политичар, допушта беззаконие и во неговово „премиерствување„ и очигледно нејќе да пипне никого од претходната гарнитура која на Мицика му ја остави државава во „пуздер„ состојба.

Просто кажано, постојат случаи кога неделувањето е исто толку погрешно колку и нечие беззаконо делување.
 
Последно уредено:
Точно, со ова печатење педро$ и лезбо еу, ќе се измислува па некој вирус за депопулација а и кујни за сиромашни...но најголем проблем нема да е гладот туку НЕМАЊЕ квалите5на здравствена заштита

Во црни апокалиптични сценарија храна некако и може да се произведе ( со не висок квалитет) , ама недостапност на врвна здравствена заштита може да е огромен проблем во иднината.
Всушност и во денешно време нема во руралните средини амбуланти и доктори, ете вчера и на вестите имаше дека на одредени клиники од државниот клинички центар во Скопје недостасува медицински кадар и се спојувале блоковите во клиника.
И во развиени држави во рурални средини имаат проблем со недостаток на медицински персонал, и во Словенија имаат такви потешкотии во помалите гратчиња.
 
  1. Отвори објави за инсталирање на нова медицинска опрема - се е донација Јапонија, Кина, Швајцарија
  2. Србите ни ја поправаат пругата накај Гевгелија за да не се прекине железничкиот превоз кон Грција.
  3. Оди при секое реновирање на школо, надвор има табла ЕУ, УСАИД, Швајцарција.
  4. Србите ни даваа донации од стоковни резерви кога имаше недостатоци поради Ковид и Украина.
  5. Пругата што се прави накај бугарија - скоро 250 000 000 евра грант од ЕУ.
  6. ЗЕЛС буџет, 14 000 000 евра од кој 12 000 000 евра подршка од Швајцарија.
  7. Цела пожарникарска опрема ни е донација, најчесто стара опрема од Австрија, Словенија и Норвешка.
  8. Скоро сите амбулантни возила ни се донација најчесто од Јапонија.
  9. МТВ реновирање на сите студија финансирано од Швајцарија.
  10. Секоја општина што има пренос на седници од совет е благодарение на Швајцарска донација.
  11. Онаа лузната на водно каде што треба да "прават" гасовод, го изградија зошто ЕУ даваше грант и колку да се потрошат парите земаа ја ископаа планината.
  12. Последните "набавени автобуси" ни се донација од ЕУ.
  13. И тоа што имаше нешто војската беше се донација најчесто од Турција.
  14. Пред да почне војната во Украина, имаше илјадници наши кои "работеа" по невладини и така влегуваа огромни пари во државата.
Тоа што ние го собираме од даноци е доволно колку да се покријат трошоците за корупција и некоја основна функционалност ( а веќе немаме ниту тоа). Се друго во државата се прави од грантови. Нашите влади се однесуваат како најбедни просјаци, само гледаат од негде некој милостина да им даде и молат по цел свет.

Моментално најголем проект на општина Аеродром е дека во долно лисиче го поправале греењето во школото со пари од Швајцарија. Најголемиот проект на град Скопје, е грант од ЕУ за БРТ.

Да не е градежната мафија, општините нема да можат 50 метри бекатонки да наредат. По 50% од буџетот им се пари од комуналии за градба, и сите општини се во долгови до гуша. Карпош има блокирана сметка, во Аеродром школите немаат платено струја скоро цела година. Да не се сите овие "студенти" од Турција нема да имаат на кој да ги изнајмат становите.
Ајде ајде можеш подобро.
Иако сосема друг контекст беше мојата порака изгледа не ти се допадна она за што пишав па сега се фати со демагогија.
Но добро ќе одиме со твојава приказна (има премногу твои истомисленици па заслужуваат): корупција, владите ни се најбедни просјаци, општините блокирани сметки, градежна мафија и се што оди со неа.

За да не биде прешироко само за првта точка.
-Ако веќе нешто тврдиш пожелно е истото да го поткрепиш со барем некаков доказ/линк, вака треба јас да барам и да докажувам дека не си во право, не е убаво тоа.
Никој не спори дека има донации во здравството, проблемот е што тие се потенцираат како да се основниот начин да функционирање на здравствениот систем. Да не се сфатиме погрешно ова не е оправдување на аномалиите во здравството ама и покрај сите тешкотии тоа сепак дава каква таква здравстевна услуга на населението. Ама пациентите не биле задоволни е па јас познавам човеци и од тие што ги познавам над 90% никогаш не се задоволни до пладне го мразат целиот свет а попладне и самите себе (еден пример, пациент го “крши“ вратот -дискус Ц4-Ц5- го оперираат истиот ден благодарение на таа интервенција и денес е во ред, нема парализа со мали потешкотии заради други причини но покрај се пациентот има приговори за хирургот дека не водел доволно грижа како да тој хирург нема 4-5 операции дневно и сега треба да се грижи за него како да е тој единствен пациент...).

Околу донациите има линк каде се дадени по список и вредност донациите, па еве самиот увери се:
Од она што се гледа на првата страна Крка донирала лекови од вредност во 50.000$
Што мислиш колку кутии со лекови се тоа и колку пациенти ги добиле?
Останатите донации се со многу мала вредност но секако се добредојдени.
За период 2024-2025 има вкупно 424 донации од 338 донатори и со вкупна вредност од €6,654,970!

Е сега да видиме што држвата односно ние кои живееме во Македонија придонесуваме за здравството:

Фондот во 2025 година опфаќа вкупно 1.841.530 осигурени лица, зголемување за 1.993 нови лица. Структурата вклучува 558.469 активни работници, 358.716 пензионери и 630.914 членови на семејства. Трендот на стареење на осигурената популација е евидентен — пензионерите растат побрзо (+1,5%) отколку активните работници (+0,2%).

Буџетот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за 2025 година достигна 51,5 милијарди денари (приближно 836 милиони евра), со годишен пораст од 6,13% во споредба со претходната година. Приходите изнесуваат 52,08 милијарди денари, додека расходите се 51,49 милијарди денари. Здравствените услуги апсорбираат 86,4% од вкупните расходи — 44,5 милијарди денари (приближно 723 милиони евра).


Ова е онаа што ние издвојуваме нашето здравје!
Што мислиш колку од горниот износ оди на замена или набавка на нова медицинска опрема дали е повеќе од 6,5 милиони евра или помалку!
Дали е доволно, па според мислењето на оние кои го делат твоето ммислење НЕ, ако ме прашуваш и јас би издвојувал повеќе ама толку се има.
и уште ова,
Во петгодишниот период 2021–2025, буџетот на ФЗО нарасна од 35,5 на 51,5 милијарди денари, со просечен годишен раст од речиси 8%. Во регионален контекст, со 4,95% од БДП или 5,31% со вклучено МЗ, Македонија се наоѓа во средината на листата на јавни здравствени расходи во Југоисточна Европа.

Ако некој сака повеќе инфо околу буџетот за здравство може да провери овде.

Да се вратиме на твоиве произволни тези.
Корупција има и ќе ја има се додека постои држава односно систем кој функционира на постоечките принципи.
Ако имаш лек за истата изнеси го можеби некој ќе прочита па сите ќе имаме бенефит, ако пак имаш други цели/мотиви тогаш не мораш.
Со постоечката влада и јас не сум нешто задоволен ако има подобра ајде да ја смениме само немој повторно со некој Црпнат!
Треба да се внимава на последиците од одлуката.
Општини со блокирани сметки!
Ова е од системска природа и потребна е децентрализација за да видиме кои сме и колку сме, но внимавај имаш западни комори, имаш јавно изнесени барања за федерализација и сецесија така да не брзај се во свое време.
Колку општини има и колку се со блокирани сметки?
Градежна мафија повторно нешто од системска природа, па самите баравте демократија кој ви е виновен сега ќе ги сносите последиците, или мислевте дека демократијата ќе ве направи побогати и посреќни или пак сеуште мислите!

И да го повториме прашањето а кое “успешно“ го избегнуваш.
Колку од објавените грантови-донации од меѓ. субјекти, колку проценти од тоа НАВИСТИНА завршува во Македонија???

Изнеси свое мислење/проценка никој нема да ти замери :)
 
Од толку што се забрзавме у кривина, вратот му се шина.

Прегледај го приврзокот 480756
Овој е невиден дибек, гол зијан. Ваков се раѓа еднаш у 100 години. Па овој е да посакаш Артан Груби да биде на негово место, ваљда на полувреме нешто ке направеше.
 

Пак НЕДОКВАКАНИ работи!!!
Што со овој закон кога НЕМА ЗАКОН за КАЗНУВАЊЕ ако малолетник направи сообраќајка...родителите ќе кажат го украл тротинетот, исто како што кажаа родителите на монструмот со пежото...
А посебно требаа ЗАКОН и за одговорности на дејствија на малолетници ПОД 14 години, таков Идиотски закон за заштита само ехЈу имаше и уште остана !!!
 

Пак НЕДОКВАКАНИ работи!!!
Што со овој закон кога НЕМА ЗАКОН за КАЗНУВАЊЕ ако малолетник направи сообраќајка...родителите ќе кажат го украл тротинетот, исто како што кажаа родителите на монструмот со пежото...
А посебно требаа ЗАКОН и за одговорности на дејствија на малолетници ПОД 14 години, таков Идиотски закон за заштита само ехЈу имаше и уште остана !!!
Ако малолетник направи сообраќајка, родителите како старатели ја сносат одговорноста по веќе постоечки закон. Таткото на Васил, убиецот на Фросина, доби ослободителна бидејќи неговото дете е полнолетно и како такво пред законот се смета за одговорно за своите постапки.

За тротинеткиве требаше закон за тотална забрана за употреба. Ризик се за сообраќај со моторни возила, ризик се за пешаци.
 
Ако малолетник направи сообраќајка, родителите како старатели ја сносат одговорноста по веќе постоечки закон. Таткото на Васил, убиецот на Фросина, доби ослободителна бидејќи неговото дете е полнолетно и како такво пред законот се смета за одговорно за своите постапки.

За тротинеткиве требаше закон за тотална забрана за употреба. Ризик се за сообраќај со моторни возила, ризик се за пешаци.
А да те потсетам кога пред 4 години, завремето на прОливер, 16годишен го земал џипот на тате и мама и прегази на пешачки кај Водњанска познат доктор ?.Докторот беше во КОМА долго време, а весниците само еднаш пишаа, не се дозна ни кој беа моќниците а не па да има кривична пријава.
И уште едно прашање, имало ли до сега судска постапка по законот што го спомнуваш, мислам по Службена должност МВР да поднесе Кривична ???
Да потсетам за 2 случки, во Куманово пред 15-20 години деца 7-8 годишни бутнаа по скали нивен врсник кој почина. Друг понов случа, пред 6-7 години, 2 13 годишни во струмичко село ограбиј; силуваа и убија 65 годишна жена, ништо не се објави повеќе ниту се прпцесуира.
Тука е и случката во Кочани, 13 годишни деца пуштени во дискотека до 03 ч, дури имало и од друг град, МВР не смее да казни родители, дури и да небеше пожарот и трагедијата...
Тука ќе потсетам на друг вид случки, една од пред 40-50 години во ехЈу, пијан цајкан за време на дочек на Нова година пукал на балкон и го убива сопствениот син, ПОСТАПКА нема, демек доволно е казнет. А и кај нас слично, само дечкото за среќа само беше ранет, при пукање на сунет, ама НИКАКВА постапка, а чичкому беше народен правобранител, демек внукот само бил ранет и ќе му помине..
И заборавив , најголемата наша мизерија, поедини етнички групи, нема да ги спомнувам, ги наоружуваат малолетниците со ладно оружје. ИМАШЕ и скоро случки со бодење дури и во Училишта, Зошто ОЈО не покрена по Службена должност КРИВИЧНИ против РОДИТЕЛИТЕ ?????????
 
Последно уредено:
Нека објасни бозо кај се миљарда евра што ги снема од пензискиот у нивно време, а не да кмиши секој ден по телевизии и да се слика со доградби и надградби.
:pos::pos:
Како човек што живее во Охрид и плаќа 6 цифри евра данок на државава очекувам и сакам таа да напредува, но уште повеќе би сакал сите региони мирно да се разидат за никој да не биде краден а и да не им се плаќаат сметките на непознаници од пичкеси матер.

За жал или среќа ВМРО-ДПМНЕ сум сигурен дека ќе направи услови држава конечно да се распадне во најбрз можен рок, и верувајте ми не сум единствениот кој тоа го посакува а причини за тоа има милион.:icon_lol:
 
А да те потсетам кога пред 4 години, завремето на прОливер, 16годишен го земал џипот на тате и мама и прегази на пешачки кај Водњанска познат доктор ?.Докторот беше во КОМА долго време, а весниците само еднаш пишаа, не седозна ни кој беа моќниците а не па да има кривична пријава.
И уште едно прашање, имало ли до сега судска постапка по законот што го спомнуваш, мислам по Служб3на должност МВР да поднесе Кривична ???
Да потсетам за 2 случки, во Куманово пред 15-20 години деца 7-8 годишни бутнаа по скали нивен врсник кој почина. Друг понов случа, пред 6-7 години, 2 13 годишни во струмичко село ограбиј; силуваа и убија 65 годишна жена, ништо не се објави повеќе ниту се прпцесуира.
Тука е и случката во Кочани, 13 годишни деца пуштени во дискотека до 03 ч, дури имало и од друг град, МВР не смее да казни родители, дури и да небеше пожарот и трагедијата...
Тука ќе потсетам на друг вид случки, една од пред 40-50 години во ехЈу, пијан цајкан за време на дочек на Нова година пукал на балкон и го убива сопствениот син, ПОСТАПКА нема, демек доволно е казнет. А и кај нас слично, само дечкото за среќа само беше ранет, при пукање на сунет, ама НИКАКВА постапка, а чичкому беше народен правобранител, демек внукот само бил ранет и ќе му помине..
Јас законите ниту ги пишувам ниту ги спроведувам. Поздрав.
 
:pos::pos:
Како човек што живее во Охрид и плаќа 6 цифри евра данок на државава очекувам и сакам таа да напредува, но уште повеќе би сакал сите региони мирно да се разидат за никој да не биде краден а и да не им се плаќаат сметките на непознаници од пичкеси матер.

За жал или среќа ВМРО-ДПМНЕ сум сигурен дека ќе направи услови држава конечно да се распадне во најбрз можен рок, и верувајте ми не сум единствениот кој тоа го посакува а причини за тоа има милион.:icon_lol:
Што мислиш колку ве има кои посакувате распаѓање на Македонија?
 
Back
На врв Bottom