Не се разбираме, никој не ви прави проблеми вам. Претходните модератори го игнорирале правилото „користење на македонски јазик“ и веројатно додека администраторот на форумот не одлучи поинаку, темата ќе постои и никој нема да ве брише и банира за јазикот.
Иако - не се работи овде за национализам и никакви испади, просто е: ПОЧИТУВАЊЕ ПРАВИЛА НА ФОРУМ. Кога одам јас на Crna Berza, drugari и сл. форуми од Србија, Босна и Хрватска, таму не зборувам на македонски јазик, туку на српски, босански, хрватски (колку што знам). Кога ќе појдам на англиски форум, зборувам на англиски. Едно - зашто ако зборувам во сите тие држави на македонски, нема да ме разберат, а второ, просто, ги почитувам правилата на тие форуми. Вие доаѓате тука и си цепате српски, никој ништо не ви прави иако според правилата не е дозволено и уште се дрзнувате да коментирате дека било националистички испад прашањето кое му го поставив на МАКЕДОНЕЦ: „не ли му е малце незгодно на македонски форум да зборува српски?“
Образ - ѓон се вика тоа кај нас. Кај вас не знам.
Терајте „даље“.