... анализите од 06.02.2026 вредноста на седиментација е благо покачена над границата од <30 укажува на присуство на некаков ревматски, воспалителен или инфективен процес во организмот, тука
нема испитано и дадено ЦРП вредност за да биде попрецизно, но вредноста на белите крвни зрнца (леукоцити) е исто така лесно покачена над нормалната граница па заедно со покачената седиментација, ова е уште еден показател за можна блага или акутна инфекција (на пример, настинка, вироза, уринарна инфекција) или некое друго воспаление.
... нивото на серумско железо во крвта е значително под долната нормална граница (10.6–30.0), што укажува на дефицит на железо, но хемоглобинот се уште се држи на долна граница (124 g/L), па иако ниското серумско железо е ран знак кој бара внимание за да не премине во класична анемија, но често пати,
кога во телото има активна инфекција или воспаление (покачена седиментација), организмот привремено го „крие“ железото во депоата, па затоа неговото ниво во серумот паѓа наоколу, така да е дискутабилно дали е класична анемија,
...во следната лабораториска анализа 07.04.2026 серумското железо се покачи, седиментацијата опадна, леукоцитите се нормализираа, хемоглобинот со средна вредност, би рекле инфекцијата поминала, но ЦРП ни дава до знаење дека сеуште има сила (ја немаме вредноста на ЦРП од претходните анализи да се спореди разлика т.е намалување), бидејќи железото се качува бавно, на телото му е потребно подолго време, а можеби и дополнителна терапија за да ги пополни депоата,
но покаченото CRP и ниското железо често одат заедно, бидејќи лесното воспаление ја блокира целосната апсорпција на железото, клучна вредност ја немаме на феритин за да заклучиме за депоата на железото во телото, па со точност ќе кажевме дали е во прашање анемија или само последица од прележаната инфекција (мое мислење е ова второто).
... и уште една примедба на благо покачување на вредноста на
ALT 51 U/L (црнодробен ензим) често е како резултат на неодамнешно земање лекови (парацетамол, антибиотици, суплементи,
бруфен), ако мене ме прашуваш бруфенот никогаш да не го пиеш!
Бруфенот (ибупрофен) и останатите НСПИЛ- нестероидни антиинфламаторни лекови, научно докажано дека го зголемуваат ризикот на мозочен удар, иако луѓето најчесто ги поврзуваат овие лекови со крвавење во стомакот, сите релевантни светски здравствени организации (вклучително и FDA и Европската агенција за лекови ЕМА) имаат издадено
официјално предупредување дека нивната честа или долготрајна употреба носи сериозен кардиоваскуларен ризик.
(затоа памет во глава што пиеш).
БРУФЕН:
- бидејќи имаш склоност кон лесно крвавење (инцидентот во дуоденумот), бруфенот дополнително ја намалува функцијата на тромбоцитите, доколку крвниот притисок нагло се покачи, комбинацијата со „разредена крв“ од бруфен го зголемува ризикот од хеморагичен мозочен удар (излив во мозокот).
- иако бруфенот благо ја разредува крвта во моментот, тој исто така прави дисбаланс во простагландините и ја нарушува рамнотежата на згрутчувањето, што го зголемува ризикот од создавање на згрутчување (тромб) кој може да отпатува до мозокот.
-го покачува крвниот притисок (хипертензија), предизвикува задржување на натриум и вода во телото и ги стеснува крвните садови, што директно го покачува крвниот притисок кој е еден од причинител за пукање или затнување на крвните садови во мозокот.
... бруфенот и сличните аналгетици (Кетонал, Раптен, Диклофенак) се строго контраиндицирани (забранети) за тебе поради ризик од повторно крвавење во стомакот и кардиоваскуларен ризик и затоа кога ќе си имаш болка во зглобови или мускули локално со гел, физикални вежби или лесно секојдневно домашно вежбање, а не да се посегне по лек и ако веќе неиздржливо само еден парацетамол и толку!
... и така загрижен околу железото и хемоглобин, а не коментиравте за износот на гликемијата на датум на прием 12.12.2025 година со вредност на гликемија е
0,6 mmol/L, што е екстремно ниска и во медицинската пракса речиси секогаш укажува на техничка или лабораториска грешка при обработката на примерокот (доколку крвта по земањето стоела подолго време во епруветата пред да биде центрифугирана и обработена во апаратот, црвените крвни зрнца-еритроцитите продолжуваат да ја трошат (гликолизираат) глукозата од серумот во самата епрувета и вештачки го спушта нивото на шеќер до екстремно ниски граници давајќи лажен резултат, оти да би била вистинска реална вредност тоа е тешка хипогликемија - состојба на витално загрозувачка и би бил во тешка кома, со конвулзии и без свест, тоа сигурно техничка грешка штом ни вие самите не приметивте!
До пред операцијата на гастро и обилното крварење од дуодендумот (веројатно од мои глупи таблетоманија за аналгетици, сода и лоша исхран), според резултатите имав макроцитна па препорака беше Б12, сега (и кардиологот потврди, но не сакаше да се меша во друга спец. област па само ме упати кај матичниот ако сакам понатаму да ја испитувам) микроцитна па препорака е подолг размак меѓу исхрана со железо или со препарати за железо и консумација на млечни производи и нолпазата).
Фала ви и ако знаете и ако не знаете
... делимично сам си одговори на прашањата, значи ја знаеш грешката,
Да, аналгетиците изгледа во комбинација со газирани пијалаци и сода на секои неколку часа си го направија своето. Отпрвин пиев по 1 кафетин па преминав на 2 па бруфенот (во класа на кетоналот по ризици, нели) документите велат и на здрав желудник може да направи проблем. Воглавно го пиев ради бубрежно некое камче лани и продолжив со него.
Сега ниеден аналгетик не пијам. ни капка алкохол (и порано нешто не пиев), само чиста негазирана вода.
Инаку за овие параметри (малку повеќе слики, но главни се неколку за макро/микроцитна анемија):
а богами и твојот страв дека нешто имаш, а всушност првичната макроцитна анемија (големи еритроцити) настанала поради дефицит на
Витамин Б12, за да се апсорбира Б12, потребна е силна желудечна киселина, долготрајното пиење
Нолпаза (инхибитор на протонска пумпа) и сода бикарбона ја неутрализираат киселината, па телото не можело да го извлече Б12 од храната, па ако се додаде за млечни производи - калциумот од млекото, јогуртот и сирењето директно се врзува со железото во цревата и ја блокира неговата апсорпција ти се вртиш во круг, а појавата на обилно крварење од дуоденумот буквално ги испразни резервите на
железо, кога телото губи крв, еритроцитите стануваат помали бидејќи немаат доволно железо за да се изградат, и затоа ниското серумско железо сега „доминира“ во крвната слика на твоите анализи,
... ти си здрав човек, ама лошите комбинации, стравот и навиката све нешто лекови да се пијат си го направија своето што не значи дека нема да се поправи, а треба да направиш или следиш три работи од сево ова:
-
Контрола на столица за окултно крвавење, периодично да проверуваш дали дуоденалната рана е целосно залечена и дали има микроскопско (невидливо) крвавење кое сè уште ти го троши железото.
-
Феритин за да се види колку се полни внатрешни депоа (резерви) на железо, бидејќи серумското железо од 7.7 од последниот резултат е само моментална вредност во крвта.
-
Витамин Б12 и Фолна киселина со оглед на претходната макроцитоза и терапија со Нолпаза, нивото на Б12 мора редовно да се следи, доколку е ниско, кај пациенти на Нолпаза често
се препорачуваат Б12 сублингвални таблети (под јазик) или ампули, за да се заобиколи стомакот.