Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Да, аналгетиците изгледа во комбинација со газирани пијалаци и сода на секои неколку часа си го направија своето. Отпрвин пиев по 1 кафетин па преминав на 2 па бруфенот (во класа на кетоналот по ризици, нели) документите велат и на здрав желудник може да направи проблем. Воглавно го пиев ради бубрежно некое камче лани и продолжив со него.
Сега ниеден аналгетик не пијам. ни капка алкохол (и порано нешто не пиев), само чиста негазирана вода.
Инаку за овие параметри (малку повеќе слики, но главни се неколку за макро/микроцитна анемија):

Прво фала ти и да можеш и да не можеш, самата понуда за помош некому многу значи.

Првата е споредбена од 22.11.2022 железо над граница 31.5, MCV и RDWc во граница, хемоглобин ок.
Прегледај го приврзокот 480730

неуромедика 12.12.2025 (овде не ми се разбирливи. Има само MCV без железо и општо еритроцити, MCV е повисоко, хемоглобин ок)
Прегледај го приврзокот 480729

при отпуст од гастро 5.1.2026 (малку за мене нејасно)
Прегледај го приврзокот 480732


06.02.2026 железото ми е од мин10.6, на 5.2 и зголемени леукоцити, веројатно ради вироза, не знам. MCV ok, RDWc ok, хемоглобин намален.
Прегледај го приврзокот 480733


07.04.2026 серумско железо од мин. 10 е 7.7, MCV на долна граница но ок. Исто RDWc малку под горна граница, хемоглобин ок.
Прегледај го приврзокот 480734

И последната слика од 3 јуни, RDWc зголемено, MCV намалено, железото на долна граница иако напредува, хемоглобин мислам ок.
Прегледај го приврзокот 480737
Мене вака ми личи на фаза на закрепнување по крварење. Железото не може да очекуваш преку ноќ да се покачи. Постепено се покачува.

Сепак во иднина гледај да избегнуваш аналгетици. А железниот препарат што го пиеш треба да се пие уште најмалку три месеци откако ќе ти се нормализира хемоглобинот. Секако плус витамин Ц. Во иднина можеби можеш и витамин б12 (со оглед на твојата претходна макроцитна анемија) да испиташ.
 
јас не гледам нешто чудно, скоро све му е у нормала.
ех, Рон, фала што ме сметаш за нормален иако шефицата ми вика ти не си нормален, на секои пола година нешто ти се случува, ко магнет за проблеми :)
Докторите учат не 6 не 7, цел работен век. Така да од само неколку параметри може искусен доктор да утврди каде бил во која насока треба да оди пациентот. Татко ми го прашував ама он 90 години, 91ва се пензионира така да за аналгетици, антиреуматици, за притисок, антибиотици и слично сеуште напамет ги знае според генерика али за вакви анализи и параметри немало баш све тогаш.
Далеку е отидена медицината, затоа велам цел живот учат, мораат.
Мене вака ми личи на фаза на закрепнување по крварење. Железото не може да очекуваш преку ноќ да се покачи. Постепено се покачува.

Сепак во иднина гледај да избегнуваш аналгетици. А железниот препарат што го пиеш треба да се пие уште најмалку три месеци откако ќе ти се нормализира хемоглобинот. Секако плус витамин Ц. Во иднина можеби можеш и витамин б12 (со оглед на твојата претходна макроцитна анемија) да испиташ.
фала ти, го ценам твоето мислење и
едно големо извини ако воопшто може да се извинам за еден наш конфликт (повеќе мој додуша) и муабетот вон секој контекст. Не ради ова сега што ми помогна, туку по тој непотребен конфликт,емотивно непотребен одбрамбен став кон некого кој баш и не ме навредувал на личен основ, не бил циник и слично, ме јадеше јанѕа уште после тоа ама бидна, не можев да ги вратам зборовите назад.
Фала уште еднаш за советите и трудот.
 
Последно уредено:
ех, Рон, фала што ме сметаш за нормален иако шефицата ми вика ти не си нормален, на секои пола година нешто ти се случува, ко магнет за проблеми :)
Докторите учат не 6 не 7, цел работен век. Така да од само неколку параметри може искусен доктор да утврди каде бил во која насока треба да оди пациентот. Татко ми го прашував ама он 90 години, 91ва се пензионира така да за аналгетици, антиреуматици, за притисок, антибиотици и слично сеуште напамет ги знае според генерика али за вакви анализи и параметри немало баш све тогаш.
Далеку е отидена медицината, затоа велам цел живот учат, мораат.

фала ти, го ценам твоето мислење и
едно големо извини ако воопшто може да се извинам за еден наш конфликт (повеќе мој додуша) и муабетот вон секој контекст. Не ради ова сега што ми помогна, туку по тој непотребен конфликт,емотивно непотребен одбрамбен став кон некого кој баш и не ме навредувал на личен основ, не бил циник и слично, ме јадеше јанѕа уште после тоа ама бидна, не можев да ги вратам зборовите назад.
Фала уште еднаш за советите и трудот.
Нема проблем. Извини и ти за моето однесување, сепак си постар. :)
 
Ја постар??? Ја? Е сега ме "уби" :D
Реално сум, но не значи дека имам имунитет да вреѓам некого кој баш и не го заслужил тоа воопшто. Ги поштувам и помладите колеги и постарите (додека не осетам дека не е веќе нормален муабет (као здравствена неписменост на македонецот, тролови, навреди од бугарите за нас македонците и слично). Ама често имам набој кој го трупам во себе ради тој пусти проколнат стан во уште попроколната зграда па сите здравстени глупости што ми се случиле главно се должеа на тоа. Али сум инает да издржам, бар до 78 годиини. Тогаш ми е последната рата од кредитот :)
Да не идам офтопик повеќе, фала.
 
Последно уредено:
Ја постар??? Ја? Е сега ме "уби" :D
Реално сум, но не значи дека имам имунитет да вреѓам некого кој баш и не го заслужил тоа воопшто. Ги поштувам и помладите колеги и постарите (додека не осетам дека не е веќе нормален муабет (као здравствена неписменост на македонецот, тролови, навреди од бугарите за нас македонците и слично). Ама често имам набој кој го трупам во себе ради тој пусти проколнат стан во уште попроколната зграда па сите здравстени глупости што ми се случиле главно се должеа на тоа.
Да не идам офтопик повеќе, фала.
Јас имам принцип да не се расправам многу со луѓе кои се постари од мене и може да ми бидат родители (таков впечаток добив од муабетиве, сори ако грешам). Барем во реалноста е така, очигледно дека тука на форумов го имам прекршено тој принцип.
 
очигледно дека тука на форумов го имам прекршено тој принцип.
офтопик-од оваа дистанца не сметам дека го имаш прекршено туку ете некогаш зборот е побрз од мозокот па и кај мене така во врска со тој муабет. А во врска со "провинција" и слично беше ради други причини, не дека ги омаловажувам/мразам. Емоции од некои причини (во суштина погрешни) кои се за друга прилика. Секое добро.
 
Последно уредено:
Да, аналгетиците изгледа во комбинација со газирани пијалаци и сода на секои неколку часа си го направија своето. Отпрвин пиев по 1 кафетин па преминав на 2 па бруфенот (во класа на кетоналот по ризици, нели) документите велат и на здрав желудник може да направи проблем. Воглавно го пиев ради бубрежно некое камче лани и продолжив со него.
Сега ниеден аналгетик не пијам. ни капка алкохол (и порано нешто не пиев), само чиста негазирана вода.
Инаку за овие параметри (малку повеќе слики, но главни се неколку за макро/микроцитна анемија):

Прво фала ти и да можеш и да не можеш, самата понуда за помош некому многу значи.

Првата е споредбена од 22.11.2022 железо над граница 31.5, MCV и RDWc во граница, хемоглобин ок.
Прегледај го приврзокот 480730

неуромедика 12.12.2025 (овде не ми се разбирливи. Има само MCV без железо и општо еритроцити, MCV е повисоко, хемоглобин ок)
Прегледај го приврзокот 480729

при отпуст од гастро 5.1.2026 (малку за мене нејасно)
Прегледај го приврзокот 480732


06.02.2026 железото ми е од мин10.6, на 5.2 и зголемени леукоцити, веројатно ради вироза, не знам. MCV ok, RDWc ok, хемоглобин намален.
Прегледај го приврзокот 480733


07.04.2026 серумско железо од мин. 10 е 7.7, MCV на долна граница но ок. Исто RDWc малку под горна граница, хемоглобин ок.
Прегледај го приврзокот 480734

И последната слика од 3 јуни, RDWc зголемено, MCV намалено, железото на долна граница иако напредува, хемоглобин мислам ок.
Прегледај го приврзокот 480737
Земаш нешто за масти?
 
Земаш нешто за масти?
Да, од инфарктот наваму цела терапија која сега ми е скратена. Еден од нив атовастатин (аторис) за маснотиите. Од сликите има нешто што не е во ред со мастите?
 
Да, од инфарктот наваму цела терапија која сега ми е скратена. Еден од нив атовастатин (аторис) за маснотиите. Од сликите има нешто што не е во ред со мастите?
Пиши ми порака сак да те прашам нешто
 
Веќе повеќе од година дена имам мака со слаби болки во десната рака, пределот околу лактот (предниот дел од раката)
Почна многу ретко - само при движења како - држење телефон, работа на пц/користење маус, а особено при пишување(морав да ја стегам цела рака за одредени фини покрети да изведам).
Но во последниве месеци скоро постојано ја чуствувам таа тапа болка/нелагодност, веќе е секојдневно.
При подолготрајни активности, почнувам да чуствувам како да ја губам силата, а често и ми трнење се јавува.
Чаре некое ? Некој со сличен проблем ?
Што доктор да барам, ортопед? Физиотерапевт ?
 
Screenshot 06-25-2026 12.50.03.jpg Screenshot 06-25-2026 12.50.55.jpg

... анализите од 06.02.2026 вредноста на седиментација е благо покачена над границата од <30 укажува на присуство на некаков ревматски, воспалителен или инфективен процес во организмот, тука нема испитано и дадено ЦРП вредност за да биде попрецизно, но вредноста на белите крвни зрнца (леукоцити) е исто така лесно покачена над нормалната граница па заедно со покачената седиментација, ова е уште еден показател за можна блага или акутна инфекција (на пример, настинка, вироза, уринарна инфекција) или некое друго воспаление.

... нивото на серумско железо во крвта е значително под долната нормална граница (10.6–30.0), што укажува на дефицит на железо, но хемоглобинот се уште се држи на долна граница (124 g/L), па иако ниското серумско железо е ран знак кој бара внимание за да не премине во класична анемија, но често пати, кога во телото има активна инфекција или воспаление (покачена седиментација), организмот привремено го „крие“ железото во депоата, па затоа неговото ниво во серумот паѓа наоколу, така да е дискутабилно дали е класична анемија,

...во следната лабораториска анализа 07.04.2026 серумското железо се покачи, седиментацијата опадна, леукоцитите се нормализираа, хемоглобинот со средна вредност, би рекле инфекцијата поминала, но ЦРП ни дава до знаење дека сеуште има сила (ја немаме вредноста на ЦРП од претходните анализи да се спореди разлика т.е намалување), бидејќи железото се качува бавно, на телото му е потребно подолго време, а можеби и дополнителна терапија за да ги пополни депоата, но покаченото CRP и ниското железо често одат заедно, бидејќи лесното воспаление ја блокира целосната апсорпција на железото, клучна вредност ја немаме на феритин за да заклучиме за депоата на железото во телото, па со точност ќе кажевме дали е во прашање анемија или само последица од прележаната инфекција (мое мислење е ова второто).

... и уште една примедба на благо покачување на вредноста на ALT 51 U/L (црнодробен ензим) често е како резултат на неодамнешно земање лекови (парацетамол, антибиотици, суплементи, бруфен), ако мене ме прашуваш бруфенот никогаш да не го пиеш!

Бруфенот (ибупрофен) и останатите НСПИЛ- нестероидни антиинфламаторни лекови, научно докажано дека го зголемуваат ризикот на мозочен удар, иако луѓето најчесто ги поврзуваат овие лекови со крвавење во стомакот, сите релевантни светски здравствени организации (вклучително и FDA и Европската агенција за лекови ЕМА) имаат издадено официјално предупредување дека нивната честа или долготрајна употреба носи сериозен кардиоваскуларен ризик.
(затоа памет во глава што пиеш).
БРУФЕН:
- бидејќи имаш склоност кон лесно крвавење (инцидентот во дуоденумот), бруфенот дополнително ја намалува функцијата на тромбоцитите, доколку крвниот притисок нагло се покачи, комбинацијата со „разредена крв“ од бруфен го зголемува ризикот од хеморагичен мозочен удар (излив во мозокот).
- иако бруфенот благо ја разредува крвта во моментот, тој исто така прави дисбаланс во простагландините и ја нарушува рамнотежата на згрутчувањето, што го зголемува ризикот од создавање на згрутчување (тромб) кој може да отпатува до мозокот.
-го покачува крвниот притисок (хипертензија), предизвикува задржување на натриум и вода во телото и ги стеснува крвните садови, што директно го покачува крвниот притисок кој е еден од причинител за пукање или затнување на крвните садови во мозокот.

... бруфенот и сличните аналгетици (Кетонал, Раптен, Диклофенак) се строго контраиндицирани (забранети) за тебе поради ризик од повторно крвавење во стомакот и кардиоваскуларен ризик и затоа кога ќе си имаш болка во зглобови или мускули локално со гел, физикални вежби или лесно секојдневно домашно вежбање, а не да се посегне по лек и ако веќе неиздржливо само еден парацетамол и толку!

... и така загрижен околу железото и хемоглобин, а не коментиравте за износот на гликемијата на датум на прием 12.12.2025 година со вредност на гликемија е 0,6 mmol/L, што е екстремно ниска и во медицинската пракса речиси секогаш укажува на техничка или лабораториска грешка при обработката на примерокот (доколку крвта по земањето стоела подолго време во епруветата пред да биде центрифугирана и обработена во апаратот, црвените крвни зрнца-еритроцитите продолжуваат да ја трошат (гликолизираат) глукозата од серумот во самата епрувета и вештачки го спушта нивото на шеќер до екстремно ниски граници давајќи лажен резултат, оти да би била вистинска реална вредност тоа е тешка хипогликемија - состојба на витално загрозувачка и би бил во тешка кома, со конвулзии и без свест, тоа сигурно техничка грешка штом ни вие самите не приметивте!

Slika NeuromedikaStrip.jpg

До пред операцијата на гастро и обилното крварење од дуодендумот (веројатно од мои глупи таблетоманија за аналгетици, сода и лоша исхран), според резултатите имав макроцитна па препорака беше Б12, сега (и кардиологот потврди, но не сакаше да се меша во друга спец. област па само ме упати кај матичниот ако сакам понатаму да ја испитувам) микроцитна па препорака е подолг размак меѓу исхрана со железо или со препарати за железо и консумација на млечни производи и нолпазата).
Фала ви и ако знаете и ако не знаете :)

... делимично сам си одговори на прашањата, значи ја знаеш грешката,

Да, аналгетиците изгледа во комбинација со газирани пијалаци и сода на секои неколку часа си го направија своето. Отпрвин пиев по 1 кафетин па преминав на 2 па бруфенот (во класа на кетоналот по ризици, нели) документите велат и на здрав желудник може да направи проблем. Воглавно го пиев ради бубрежно некое камче лани и продолжив со него.
Сега ниеден аналгетик не пијам. ни капка алкохол (и порано нешто не пиев), само чиста негазирана вода.
Инаку за овие параметри (малку повеќе слики, но главни се неколку за макро/микроцитна анемија):

а богами и твојот страв дека нешто имаш, а всушност првичната макроцитна анемија (големи еритроцити) настанала поради дефицит на Витамин Б12, за да се апсорбира Б12, потребна е силна желудечна киселина, долготрајното пиење Нолпаза (инхибитор на протонска пумпа) и сода бикарбона ја неутрализираат киселината, па телото не можело да го извлече Б12 од храната, па ако се додаде за млечни производи - калциумот од млекото, јогуртот и сирењето директно се врзува со железото во цревата и ја блокира неговата апсорпција ти се вртиш во круг, а појавата на обилно крварење од дуоденумот буквално ги испразни резервите на железо, кога телото губи крв, еритроцитите стануваат помали бидејќи немаат доволно железо за да се изградат, и затоа ниското серумско железо сега „доминира“ во крвната слика на твоите анализи,

... ти си здрав човек, ама лошите комбинации, стравот и навиката све нешто лекови да се пијат си го направија своето што не значи дека нема да се поправи, а треба да направиш или следиш три работи од сево ова:

- Контрола на столица за окултно крвавење, периодично да проверуваш дали дуоденалната рана е целосно залечена и дали има микроскопско (невидливо) крвавење кое сè уште ти го троши железото.

- Феритин за да се види колку се полни внатрешни депоа (резерви) на железо, бидејќи серумското железо од 7.7 од последниот резултат е само моментална вредност во крвта.

- Витамин Б12 и Фолна киселина со оглед на претходната макроцитоза и терапија со Нолпаза, нивото на Б12 мора редовно да се следи, доколку е ниско, кај пациенти на Нолпаза често се препорачуваат Б12 сублингвални таблети (под јазик) или ампули, за да се заобиколи стомакот.
 
Последно уредено:
Веќе повеќе од година дена имам мака со слаби болки во десната рака, пределот околу лактот (предниот дел од раката)
Почна многу ретко - само при движења како - држење телефон, работа на пц/користење маус, а особено при пишување(морав да ја стегам цела рака за одредени фини покрети да изведам).
Но во последниве месеци скоро постојано ја чуствувам таа тапа болка/нелагодност, веќе е секојдневно.
При подолготрајни активности, почнувам да чуствувам како да ја губам силата, а често и ми трнење се јавува.
Чаре некое ? Некој со сличен проблем ?
Што доктор да барам, ортопед? Физиотерапевт ?

... ти си чист пример на денешницата што мака имаме со предолго држење маус во рака (болка во лактот, губење на сила и трнење при пишување) со што мора малку да убалжиш тој дел за што е причина на твојата болка да користиш вертикален ергономски глушец (Vertical Ergonomic Mouse), класичните мауси ја принудуваат раката да стои хоризонтално свртена надолу, што ги увртува коските на подлактот, ги затегнува мускулите и директно го притиска нервот кај лактот, положба на ракување под агол од 57 степени притисокот врз мускулот и нервите е минимален, што веднаш ја намалува тапата болка.

... главниот нерв кој поминува низ предниот дел на раката е притиснат од мускулот со кој ја ротираш раката и го користиш маусот, а кога тој мускул е преоптоварен, тој отекува, го притиска нервот и предизвикува чувства баш како ти ги опишуваш!

2_7b8770f5-93a5-44ff-93c5-f6b2052eee39.webp

... како прво рековме нов вертикален маус или со топче- Trackball Mouse, како второ на секои 15 минути работа на компјутер, испружи ја десната рака напред со дланката свртена нагоре, и со левата рака нежно повлечи ги прстите надолу за да ги истегнете мускулите на подлактицата.

-104664450-79444f18210e294b4df4d55366a33550.webp 71Q5btL4HqL._AC_UF350,350_QL80_.jpg

... физијатар специјалист може да ти даде физикална терапија, а може и претходно (електромиографија) кај невролог што точно ќе го лоцира нервот кој е притиснат, а и не мора, пробај прво сам да санираш со некој гел (диклофенак) локално да намачкаш, а може и подршка од стегач додека седиш на компјутер или работаш нешто со раката, па после ќе го тргнеш!

718NcIk5UAL.jpg71t00Vb9ImL.jpg
 
... ти си чист пример на денешницата што мака имаме со предолго држење маус во рака (болка во лактот, губење на сила и трнење при пишување) со што мора малку да убалжиш тој дел за што е причина на твојата болка да користиш вертикален ергономски глушец (Vertical Ergonomic Mouse), класичните мауси ја принудуваат раката да стои хоризонтално свртена надолу, што ги увртува коските на подлактот, ги затегнува мускулите и директно го притиска нервот кај лактот, положба на ракување под агол од 57 степени притисокот врз мускулот и нервите е минимален, што веднаш ја намалува тапата болка.

... главниот нерв кој поминува низ предниот дел на раката е притиснат од мускулот со кој ја ротираш раката и го користиш маусот, а кога тој мускул е преоптоварен, тој отекува, го притиска нервот и предизвикува чувства баш како ти ги опишуваш!

Прегледај го приврзокот 480798

... како прво рековме нов вертикален маус или со топче- Trackball Mouse, како второ на секои 15 минути работа на компјутер, испружи ја десната рака напред со дланката свртена нагоре, и со левата рака нежно повлечи ги прстите надолу за да ги истегнете мускулите на подлактицата.

Прегледај го приврзокот 480808 Прегледај го приврзокот 480813

... физијатар специјалист може да ти даде физикална терапија, а може и претходно (електромиографија) кај невролог што точно ќе го лоцира нервот кој е притиснат, а и не мора, пробај прво сам да санираш со некој гел (диклофенак) локално да намачкаш, а може и подршка од стегач додека седиш на компјутер или работаш нешто со раката, па после ќе го тргнеш!

Прегледај го приврзокот 480799Прегледај го приврзокот 480800

Не ќе да е само до глушецот, баш сега бев скоро 3 недели на одмор, немам чепнато маус, но пак беше се исто како што опишав.
АИ вика тендинитис (воспаление на тетива), и препораки за ладни облоги, гел локално, и вежби за истегнување (овие вежби и еден колега ми ги препорача, ги практикувам веќе месец дена, но за сега без ефект).
 
... тетивите не закрепнуваат од одмор, туку од прогресивно и контролирано оптоварување, а бидејќи поминаа 3 недели, веќе не станува збор за акутно воспаление, па понекогаш наместо мраз кој ги стеснува крвните садови покорисно е да се става топли облоги пред вежби за побрзо заздравување, а во кое движење или положба на дланка/рака највише те боли?
 
Back
На врв Bottom