Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тотална глупост. Нема потреба бугарите да прават што и да било ,за да ви се каже по 1000-ти пат дека мора да ги исполнувате вашите договори и обврски.Случајно, ден пред почетокот на дискусијата за Европскиот извештај за напредокот на Македонија.
Да, случајно баш сега му засметало, шетња ноншаланс.
Абе ај, бугариве бетер од мали деца.

А вие ги исполнивте, видов со владите, тефтерите-фискални и стандардот. Азиец, не постои таква случајност. Башка темиве се за внатрешни политички случувања и бламирање на нашите. Отворете си тема блам држава на ТБГ па таму прајте си муабет. Што онакво се мешаш у наши внатрешни работи, стварно чоек да се чуди на вашето бламирање.Тотална глупост. Нема потреба бугарите да прават што и да било ,за да ви се каже по 1000-ти пат дека мора да ги исполнувате вашите договори и обврски.
Уште пред една недела пишав точка по точка што ќе се гласа во Европскиот парламент а вие се смешкахте како тикви.
Никој не му платил на пироманот, вие веќе имате традиција на вандализирање и палење .
Претходниот пироман стана национален херој, вие не му направивте ништо и веке е урбана легенда.Една од врвните манифестации на неповторливото македонско чувство за хумор е како тој ќе дојдел во Бугарија, и Софија ќе гори.
Па така, и овоj тетовиран вундеркинд решил да се докаже и да стекне национална слава,сите знаеме дека нема да добие никаква казна.
Министерството за внатрешни работи (МВР) брзо го идентификувало и привело осомничениот (44 год И.Д.) во координација со Агенцијата за национална безбедност.
Добро бе, ммуе, толку да не може да се открие КОЈ стои зад палењето на возилата пред блгарска амбасада ????
Плус Левица сега бара интерпелација за Тошка....
Него и чуварот од бензинската можеше да го приведе, друго е прашањето, тој може абер немал за европските случувања, на тие денови, ама тој што го платил имал и познавање и план...е сега ова и не е работа за МВР, ај да видиме дали ќе откријат тие што се надлежни (прашањето е дали ќе им дадат одврзани раце).., слично како за х-х случаи кај нас кај ни се праи Фук ин браин....Министерството за внатрешни работи (МВР) брзо го идентификувало и привело осомничениот (И.Д.) во координација со Агенцијата за национална безбедност.
а што е ова врз македонското малцинство галење од бугарите?Тотална глупост. Нема потреба бугарите да прават што и да било ,
Со истиот ентузијазам, можеше да го коментираш и случајот со лажната фотографија од претходната страница, која ја ширеа вашите презентери па да откриеш што е лага и фалсификување, и што е вистина.а што е ова врз македонското малцинство галење од бугарите?
(Macedonian Human Rights Movement International)
... историјатот на инциденти поврзани со ОМО „Илинден“ и прославите на Илинден го покажува следново:
... напади врз македонски клубови како во 2007 и 2008 година бил вандализиран клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во градот Неврокоп или Гоце Делчев, каде што биле кршени стакла и испишувани графити.
... најсериозниот физички судир се случило уште во 2002 година во Благоевград, кога членови на бугарската партија ВМРО физички ги нападнале претставниците на ОМО „Илинден“ со палки за време на положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
... настаните што организацијата ги организирала за Илинден (на пример, традиционалните собири на Самуиловата тврдина кај Петрич) низ годините поминуваа со силно полициско присуство, повремени забрани од локалните власти или медиумски притисоци.
ТБГ, зашто ги споредуваш овие две слики? Втората е Македонската бригада партизани "Гоце Делчев", пех, пешадиски батаљон. Начинот на поздрав исто далеку се разликува од окупаторската ТБГ војска.Знам дека е прашање на зголемена тежина, особено за некој што не е навикнат да размислува когнитивно и критички со сопствена глава,но верувам во интелектуалните квалитети на форумашите ...
За да ви помогнам побрзо да стигнете до точниот одговор, давам бонус - како изгледале униформите на бугарските војници во периодот 1942/45?
Прегледај го приврзокот 479818
Прегледај го приврзокот 479819
ТБГ, зашто ги споредуваш овие две слики? Втората е Македонската бригада партизани "Гоце Делчев", пех, пешадиски батаљон. Начинот на поздрав исто далеку се разликува од окупаторската ТБГ војска.
Првата е слика од контрачетите, историски документирани, со германско оружје и германски гранати.
И третата глупоќа на припадниците на ТБГ племето е фотографијата од масакрот, за која тврдате дека е фејк ради различни униформи и некое лице кое им личи на африканец. Униформите се мешавина на типична контрачета (селски алишта и мешавина на ТБГ воени униформи. А дека некој бил африканец, тоа е идиотија левел сто.
Добро, дали имате нешто оригинално да приложите или стално ќе се бламирате. Све ви е фејк и музика и јазик и обичаи (а се со цел да се уништат доказите за татарското потекло), сега испаднавте и невини у втора св војна,марсовци и црнци колеле беселе овде.
Don,t trolling and try again....ТБГ, зашто ги споредуваш овие две слики? Втората е Македонската бригада партизани "Гоце Делчев", пех, пешадиски батаљон. Начинот на поздрав исто далеку се разликува од окупаторската ТБГ војска.
Првата е слика од контрачетите, историски документирани, со германско оружје и германски гранати.
И третата глупоќа на припадниците на ТБГ племето е фотографијата од масакрот, за која тврдате дека е фејк ради различни униформи и некое лице кое им личи на африканец. Униформите се мешавина на типична контрачета (селски алишта и мешавина на ТБГ воени униформи. А дека некој бил африканец, тоа е идиотија левел сто.
Добро, дали имате нешто оригинално да приложите или стално ќе се бламирате. Све ви е фејк и музика и јазик и обичаи (а се со цел да се уништат доказите за татарското потекло), сега испаднавте и невини у втора св војна,марсовци и црнци колеле беселе овде.
Си вели себеси азијатот ко се гледа у огледало.Don,t trolling and try again....




sdk.mk


Барабанот на среќата продолжува да врти во Државна лотарија. И оваа година како и минатата, Лотарија усреќи заслужни поединци. Тие за разлика од упорните играчи на лото, не морале да пополнат ливче. Партијата пополнила за нив, а тие ја зеле добивката. На некои во државава навистина им се познати лавиринтите на среќата. Знаат како да стигнат до неа.
Државна лотарија останува да биде ресурс за купување гласови на избори. И во оваа и во претходната власт. Ја замени Државна пошта чии извори изгледа секнаа па станува се помалку атрактивна. Но тука е Лотарија да го продолжи делото. И секако милион сонувачи кои еднаш неделно уплаќаат лото од своите скромни буџети или купуваат разно разни талончиња популарно познати како „среќки“. Само што, ни во сон не можат да претпостават дека нивните пари ќе завршат во џебот на некој скриен партиски активист кој тајно одработува за власта а јавно е угледен господин или госпоѓа во својата професија.
И сега што е поисплатливо: да гребете „среќки“ или да се гребете во партијата?
Зачудувачки е како информациите за распределба на донации и хонорари на надворешни лица општеството ги третира само сеирџиски наместо институционално. Сѐ завршува со објавување на списоците, реакции на социјалните мрежи, а потоа молк од институциите.
Привидна транспарентност
Државна лотарија е акционерско друштво во државна сопственост, и транспарентноста треба да биде на највисоко ниво. Но само еден поглед врз интернет страницата на компанијата е доволен да се види дека друштвото покажува привидна транспарентност а не суштинска. Имињата на членовите на Управниот и на Надзорниот одбор се само наведени и нема ниту ред за нивните биографии и зошто токму тие се избрани на овие позиции. Биографија нема ниту на генералниот директор Александар Климовски, што е недопустливо во сериозна компанија во државна сопственост. Тој е професор на Правниот факултет во наставно научната област Право на друштва што секако го квалификува за прв човек на Државна лотарија, но движењето низ неговата научна и политичка кариера останува енигма за тие што не го знаат.
Дека Државна лотарија е претворена во инструмент за купување на наклонетост кон Владата сведочат долгите списоци на хонорарци за кои никој не знае каков придонес даваат во работењето на оваа државна компанија. Компанијата доделува и спонзорства и донации без јасно утврдени критериуми. На списоците на добитниците се лица поврзани со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, познати пејачи, новинари, маркетинг агенции па дури и здравствени установи.
Добивањето пари од Лотарија е навидум едноставно но очигледно се одржува во тесен круг на личности. Заинтересираните предлагаат проекти до Државна лотарија а според медиумските извештаи Надзорниот одбор одлучува кому ќе додели средства а кому нема да додели. Во Надзорниот одбор според веб страницата на компанијата се Марјанчо Тодоровски, претседател, и членовите Елена Петрушевска, Горан Андриевски, Александар Трајковски и Марин Алексов. Лотарија не се потрудила во име на транспарентноста да ги објави и нивните биографии иако вршат важна функција да носат одлуки каде ќе одат парите на оваа компанија во државна сопственост. Не се објавени ниту образложенијата зошто некои проекти и барања за спонзорства се прифатени а зошто некои се одбиени.
Сите знаат но молчат
Институциите задолжени за законитост во работењето на државните компании барем до сега не се заинтересираа за списоците на „среќните добитници“ на Државна лотарија. Ниту обвинител реагира на допрен глас ниту пак некаква вонредна ревизија се прави. Молчи и Владата која ги влече конците во заднина и управува со ресурсите на Државна лотарија за неформално наградување на нејзините поддржувачи. Со еден збор сѐ се одвива во совршен ред како што е својствено на држава без контролни механизми.
Притоа воочливо е дека според списоците што беа објавени во јавноста од страна на упорните новинари на Портал Х, не се водело сметка ниту за можен судир на интереси. Ако се водело сметка сигурно немало меѓу „добитниците“ да бидат и лица од премиерското обезбедување. Таква дрскост и игнорирање на елементарните правила во управување со јавните ресурси укажува на неограничена и неконтролирана моќ на првите луѓе во државата.
Антикорупциската комисија можеби има нешто да каже за тоа. Да ги прочешла списоците и да побара објаснувања. И секако да ја извести јавноста. Или и во овој случај ќе треба да дојде до смена на власта па потоа да слушаме за тоа како се делеле парите од Лотарија.
Во последниот ревизорски извештај за работењето на Државна лотарија објавен во декември 2025, излегоа податоци дека компанијата не го внесувала редовно на своите банкарски сметки дневниот пазар од продажбата на лотариски и електронски игри на среќа. Според законот тие требало дневниот пазар да го уплаќаат на сметките најдоцна наредниот ден, но во 2024 година само двапати уплатиле пари но и тие биле прво подигнати од сметка а потоа вратени како уплата. Не воделе ни посебна книга или таканаречен благајнички дневник што овозможува на парите лесно да им се губи трагата. Меѓутоа и овој ревизорски извештај изгледа само ја збогати колекцијата на ревизорски извештаи кои обвинителството ги чува во фиока.
Игнорирањето на начинот на кој се распределуваат парите на Државна лотарија е уште еден симптом на нефункционирањето на државата. А и кој треба да се занимава со тоа кога Државна лотарија е сечија и ничија и оние кои треба да се грижат за законитоста на нејзиното работење се истите кои диригираат со доделувањето пари на „среќните добитници“. Подобро да ја крстат партиско отколку акционерско друштво.