Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Во една продавница накај раскрсница зоил, небитно која, се случи позади мене двајца тројца и зад нив еден висок повозрасен човек, навидум физички во ред. Одеднаш почна мешаница, го гледам човекот патос доле.
Одма искочив да викнам брза помош (знам по мене како ми беше кога се влечкав буквално на колена од партизанска до воена болница (не затоа што не сакале да помогнат него немаше жива душа да помине) па бум унфарк (заа среќа веќе во болницата и за среќа спремен кадар), по мене и двајца од продавачите. Ми рекоа да чекам пошто сум пријавил случај. Чекав и пак се јавив ама ние доаѓаме од Аеродром, има гужви велат, брзаме. Точно, брзаат, но зошто не дојде од градска болница која беше на 500 метри од продавницата? Немаат служба? Ако немаат зошто? Кога дојдоа, извадија еде голем апарат, но беше веќе доцна. Гледам го покрија со чаршав.
Прашње е колку екипи имаат, колку и како опремени возила, какви се гужвите итн итн. Мене среќа ме возеше шоферот по тротоари за да стигне навреме. Сега, ден пред Нова година имав друг вид колапс (гастро, големо крварење), возилото беше секое камче да ти го извадат од бубрег и колку се сеќавам у таа состојба, као автобусот од Кој тоа таму пее филмот.
Ова во комбинација од тоа што мите родители и двајцата едно време работеа во Брза, значи дека не зборам напамет. Дури сега со татко ми кога збориме, попрво треба на Итна помош да им се пресметува бенефициран стаж отколку на некои служби кај полицајците. Стрес, мртви тела, полуживи кои те молат за уште малку живот барем, со големи и широки познавања од медицина, а реално белези во умот од случаите засекогаш.

Патем, во Варшава на погустите улици и во Будимпешта исто, гледав посебна десна лента токму за возила со налепница (такси, автобуси) и за Итна помош и полициска интервенција при сериони инциденти. Не сегде, али во тие градови имаше.
Многу ниска здравствена култура има во населението.

На теорија сите положиле курс по брза помош за возачка (еве ти во 3тата велесила од држава) а тука не знаете една основна реанимација да направете која доколку сте ја направеле сум 85% сигурен дека би го вратиле човекот во живот.
:confused:
 
Процент на успешност на реанимација надвор од болнички услови 8-12%. Во болнички услови 20%.
 
Абе човек..! Не оди тоа така..!
Да бевме сите за доктори...

Имав случај детенце со епи напад да најдам.. сам, скроз..
Кога тргнав у странична положба да ја ставам, стомакот и беше камен тврд!
Едвај ја свртев и направив да диши!?
До ден денес имам кошмари, ни знаев ни очекував дека стомачните мускули можат така да се стврднат! Како сега памтам, траума ми остана!
Тој момент кога го фаќаш да го свртиш..
Ништо (освен медицина школо) не може да те подготви за моментот...
Како сега ми е како беше тврд стомакот кога го фатив да ја свртам :place:
Цел живот ќе го памтам тоа УПМ..
 
  • Вау
Reactions: wot
Процент на успешност на реанимација надвор од болнички услови 8-12%. Во болнички услови 20%.
Кога работев на Intermediate Care Station (IMC) процентот на успешни реанимации причинети од кардиоваскуларна природа кои се почнати за една минута од почетокот на инцидентот беше многу висок дури и кај постари пациенти со повеќе коморбидитети.

Тајмингот е проблемот.
Автоматски споено мислење:

Абе човек..! Не оди тоа така..!
Да бевме сите за доктори...

Имав случај детенце со епи напад да најдам.. сам, скроз..
Кога тргнав у странична положба да ја ставам, стомакот и беше камен тврд!
Едвај ја свртев и направив да диши!?
До ден денес имам кошмари, ни знаев ни очекував дека стомачните мускули можат така да се стврднат! Како сега памтам, траума ми остана!
Тој момент кога го фаќаш да го свртиш..
Ништо (освен медицина школо) не може да те подготви за моментот...
Како сега ми е како беше тврд стомакот кога го фатив да ја свртам :place:
Цел живот ќе го памтам тоа УПМ..
ЗА полагање на возачка, курс по прва помош е задолжителен!
 
ЗА полагање на возачка, курс по прва помош е задолжителен!
Тоа не го мења фактот дека бев целосно неподготвен (за менталниот дел па ич!)
Пука среќа само!!

А да не зборуваме за посложени зафати како ЦПР или вадење од кола и слично!
Повеќе штета може да се направи него ли корист, и тргам од сам себе!
 
Кога работев на Intermediate Care Station (IMC) процентот на успешни реанимации причинети од кардиоваскуларна природа кои се почнати за една минута од почетокот на инцидентот беше многу висок дури и кај постари пациенти со повеќе коморбидитети.

Тајмингот е проблемот.
Па да, тајмингот е клучен за мозокот и срцето. Таму кај што си работел предноста е во тоа, мониторингот и брзата реакција, ама општата болничка статистика ги опфаќа и другите општи оддели кај што нема континуиран мониторинг.

Ретко иначе може да имаш 100% перфектен тајминг во вонболнички услови ако си лаик.
 
Многу ниска здравствена култура има во населението.

На теорија сите положиле курс по брза помош за возачка (еве ти во 3тата велесила од држава) а тука не знаете една основна реанимација да направете која доколку сте ја направеле сум 85% сигурен дека би го вратиле човекот во живот.
:confused:
Си помешал лончињата. Тоа не е здравствена култура, него едноставно не е стручно населението да дијагностицира камоли да освести/оживее човек. Што ако некој од нас се обидел, а лицето починало? Душевен белег. Ние се обучуваме еднаш во живот (некои ниеднаш), кога полагаме за возачка. Е ај ти сети се фиџикс или историја од средно. да не зборам за дефибрилаторите кои законски ги воведоа во институциите. Жалосно, нит обучени нит ништо, ќе оживувале човек. А не знаат ни што значи ни кај се пали.

Као па кај вас таму граѓаните одма оживуваат луѓе по улици, уна маџија. Колку починати имаше од топлотни бранови низ Европа, па европјанин не обвинува за здравствена некултура. Нешто кое се учи најмалку 5-6години и пак има дел од кадарот за на тезга на пазар.
Автоматски споено мислење:

Посебно при потешки повреди, внатрешни скршеници, скршеница на надколеница, фемурот, ребрата.
Доктори (не сите, нормално) ни со апарати едвај дијагностицираат камоли обични граѓани со прва помош од пред 40 години. Специјализанти уролошки не можеа да најдат камче во бубрегот и каналите дури и со ехо. Докторот, ментор дојде и за секунда им покажа каде е. Ааа, таму било...
Зборете ми вие за здравствена култура.
 
Последно уредено:
Си помешал лончињата. Тоа не е здравствена култура, него едноставно не е стручно населението да дијагностицира камоли да освести/оживее човек. Што ако некој од нас се обидел, а лицето починало?
Коннретно за човекот што паднал пред тебе, сте можеле во првите минути да направете нешто.

Не треба да си астрофизичар за да сватиш дека човекот не дише и нема пулс.
 
ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести Скопје. на службениот сајт може да се види, покрај другото:

52 лекари со разни титули

Screenshot 06-23-2026 17.33.40.png

да видиме колку медицински сестри?

... прашање зашто нема назначено барем бројност на медицински сестри, а само се брифира дека има недостаток на медицински сестри, ја нема и главната сестра со која Директорот „седнал да ги направи смените“ (мижи да те бае“), дежурствата на детска клиника, нели е тоа манипулација со демек кадровски дефицит токму на медицински сестри, па и лаборанти и друг среден медицински кадар и остава огромен простор за сомнеж за нетранспарентност и политички калкулации ?

зашто, како?

... финти „како до сега“, преку медиумите се соопштува дека „одделите мора да се спојат поради дефицит на сестри“, штом ќе се прикаже дека ситуацијата е алармантна, Министерството за финансии или Владата одобруваат „итни вработувања“ по скратена постапка, во тие итни бранови, списоците со кандидати многу почесто се диктираат од партиските штабови отколку од Агенцијата за администрација или реалните квалификации на сестрите, па ќе влезат и непотребен немедицински кадар, ете затоа!

... Министерство за финасии со Министерката сега за сега не наседнуваат на овие финти или треба време да не убедат, а новинарите требаше пред штуро информирање за ситуацијата на Детската клиника требаше да дадат Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројноста не вработени медицински сестри и да се види со бројки транспарентно точноста, а не од усното истакнување на Директорот на Детска Клиника „дека фалело медицински сестри“, да видиме колку и каде фали и колку се вкупно на број, па фали, само „фали“ и толку заврши приказната???

и сето тоа се изведува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Македонија, ама нема кој да го потегне тоа, излегол Директорот на Детска Клиника на јавен медиум со спојување на два оддела на иста клиника што нема врска здравствената услуга е таа на докторите, а не на медицинските сестри - тие се општи за било кој оддел, ама да звучи алармантно и помпезно,

мене нема да ме излажат, а вас после сево ова изнесено?

... е затоа не ни чини здравството, имало „недостаток на медицински сестри“, а не кажуваат колку вработени медицински сестри има, па да ја видиме бројката на колку лекари, соби, пациенти, просек и да заклучиме за тој недостаток, му прднало на Директорот на Детска клиника паушал од ракав баш СЕГА „Имало недостаток“ на медицински сестри и друг среден медицински кадар, без никакви податоци и факти!!! :facepalm: (се нервирам)
 
Последно уредено:
Да прашам некој постари, поискусни колеги кои се разбираат од бирократија. :D Поранешна лекарка која што работеше на Клиника, мислам дека беше и професор, панзионирана од државно, моментално работи во приватна институција како специјалист. Е сега око ми фати, печатот што го користи го нема оној број на факсимил од шест цифри што го добива секој лекар од Фондот. Прашав една колешка, вика не морало да има број на факсимил на печатот, но дотичната лекарка воопшто ја нема на листата на активни специјалисти на страната на фзом. :rolleyes: Каде може да се пријави ова?
Замисли да си ваков лузер да пријавуваш за вакви работи . Ти била професорка до пред 5-10 години и те едуцирала за твоето знаење. Истите тие професори како твојата 5-10 години што земала 2к еура плата МАКС, колегите нивни од секаде по свет(што во принцип мене ми се покажале како генерално инфериорни, а го кажувам со дебело искуство на размени и во тек на студии и во тек на специјализација) ја зимале 20г порано минумум истата плата и сега ти се најде паметен да ја пријавуваш за 500-1000евра макс што го зима на приватно за нејзиниот вложен труд после 40 год кариера да ги пријавуваш? Под услов да нема лиценца што нејзе би ја коштало 1000евра макс годишно со конгреси и е според мене смешна цифра да ја обнови? Кај беше да чавкаш кога истата требаше реалистично да зима барем 1000-1500 евра плус кога тебе те едуцираше и покриваше workload за уште 5 доктори од внатрешноста? Btw за приватно не мора да има број на печат. Сигурно си бил од тие што ја потсеќаат класната за домашната.
 
Последно уредено:
ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести Скопје. на службениот сајт може да се види, покрај другото:

52 лекари со разни титули

Прегледај го приврзокот 480695

да видиме колку медицински сестри?

... прашање зашто нема назначено барем бројност на медицински сестри, а само се брифира дека има недостаток на медицински сестри, ја нема и главната сестра со која Директорот „седнал да ги направи смените“ (мижи да те бае“), дежурствата на детска клиника, нели е тоа манипулација со демек кадровски дефицит токму на медицински сестри, па и лаборанти и друг среден медицински кадар и остава огромен простор за сомнеж за нетранспарентност и политички калкулации ?

зашто, како?

... финти „како до сега“, преку медиумите се соопштува дека „одделите мора да се спојат поради дефицит на сестри“, штом ќе се прикаже дека ситуацијата е алармантна, Министерството за финансии или Владата одобруваат „итни вработувања“ по скратена постапка, во тие итни бранови, списоците со кандидати многу почесто се диктираат од партиските штабови отколку од Агенцијата за администрација или реалните квалификации на сестрите, па ќе влезат и непотребен немедицински кадар, ете затоа!

... Министерство за финасии со Министерката сега за сега не наседнуваат на овие финти или треба време да не убедат, а новинарите требаше пред штуро информирање за ситуацијата на Детската клиника требаше да дадат Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер за бројноста не вработени медицински сестри и да се види со бројки транспарентно точноста, а не од усното истакнување на Директорот на Детска Клиника „дека фалело медицински сестри“, да видиме колку и каде фали и колку се вкупно на број, па фали, само „фали“ и толку заврши приказната???

и сето тоа се изведува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Македонија, ама нема кој да го потегне тоа, излегол Директорот на Детска Клиника на јавен медиум со спојување на два оддела на иста клиника што нема врска здравствената услуга е таа на докторите, а не на медицинските сестри - тие се општи за било кој оддел, ама да звучи алармантно и помпезно,

мене нема да ме излажат, а вас после сево ова изнесено?

... е затоа не ни чини здравството, имало „недостаток на медицински сестри“, а не кажуваат колку вработени медицински сестри има, па да ја видиме бројката на колку лекари, соби, пациенти, просек и да заклучиме за тој недостаток, му прднало на Директорот на Детска клиника паушал од ракав баш СЕГА „Имало недостаток“ на медицински сестри и друг среден медицински кадар, без никакви податоци и факти!!! :facepalm: (се нервирам)
Според тебе Бјонс, дали е ова со бројки и проценти точно што се случува на детски клиники?
 
667746151_122157096584647146_3535895361740138099_n.jpg728234527_1626943531701390_5212441631238315979_n.jpg

... ако сега ќе биде именуван за Министер за здравство што со пациентите со проблеми со штитната жлезда што работел на две места и на Клиника и во „ГОБ 8ми Септ“ поради непостигнување и немање Мој термин за пациентите, па потоа САМО Директор на „ГОБ 8ми Септ“ , сега како иден Министер нема да биде воопшто присутен во ниедна болница, дали ова паметно направено во име на пациенти или само негово лично кариерно унапредување, зарем мора активен специјалист потребен на пациентите да се тргне за да биде политички ангажиран како Министер?

...толку Х.Мицковски не може да избере некој што е медицинско лице, а способен менаџер?
еве крајната реченица на докторот во видеото „ Не се пронаоѓа како менаџер„, а тој потоа станал и Директор на „ГОБ 8ми Септ“ и сега можеби иден Министер за здравство, тоа не е менаџирање, а со тоа не си постанал менаџер?!

... д-р Синиша Стојаноски по професија е доктор, роден на 31.03.1978 година, пријавил анкетен лист во вредност од 128.081.00 евра, на свое име пријавил стан од 80 м2 во Скопје и земјоделско земјиште во Сопиште, стекнати со договор за купопродажба, поседува недвижен имот, автомобил марка „Пежо 307“ за кој нема наведено вредност како девизна штедна книшка и денарски депозит, стекнати на друг начин.

... истото треба да се направи кај сеуште Министер за здравство Азир Алиу, пред и после министерство извештај за имотна состоба!
 
Последно уредено:
Дали ова е блиску до реалноста, според вас медицинските лица (пред се овде гледам доктори на форумов) или неслучаен текст на дотичниот од одредени причини?
Прегледај го приврзокот 479899
значи во Скопје не полагаат со врски и мито?
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 481068Прегледај го приврзокот 481076

... ако сега ќе биде именуван за Министер за здравство што со пациентите со проблеми со штитната жлезда што работел на две места и на Клиника и во „ГОБ 8ми Септ“ поради непостигнување и немање Мој термин за пациентите, па потоа САМО Директор на „ГОБ 8ми Септ“ , сега како иден Министер нема да биде воопшто присутен во ниедна болница, дали ова паметно направено во име на пациенти или само негово лично кариерно унапредување, зарем мора активен специјалист потребен на пациентите да се тргне за да биде политички ангажиран како Министер?

...толку Х.Мицковски не може да избере некој што е медицинско лице, а способен менаџер?
еве крајната реченица на докторот во видеото „ Не се пронаоѓа како менаџер„, а тој потоа станал и Директор на „ГОБ 8ми Септ“ и сега можеби иден Министер за здравство, тоа не е менаџирање, а со тоа не си постанал менаџер?!

... д-р Синиша Стојаноски по професија е доктор, роден на 31.03.1978 година, пријавил анкетен лист во вредност од 128.081.00 евра, на свое име пријавил стан од 80 м2 во Скопје и земјоделско земјиште во Сопиште, стекнати со договор за купопродажба, поседува недвижен имот, автомобил марка „Пежо 307“ за кој нема наведено вредност како девизна штедна книшка и денарски депозит, стекнати на друг начин.

... истото треба да се направи кај сеуште Министер за здравство Азир Алиу, пред и после министерство извештај за имотна состоба!
Бев во Април на операција во *8 ми Септември.. Бев пријатно изненадена од редот и дисциплината . Дали е наследам од ЈНА или сега е создадена. За разлики о0д клиниките каде е хаос
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 479958

...се сеќаваш на родилката Јилдз Веапоска која сеуште лута низ судските ходници барајќи ја правдата за нестручноста на гинекологот, ама прашање кој гинеколог (таткото гинеколог или синот специјализант гинеколог)?

... да оди жена да се породи со царски рез, а да се извадат органите како лев бубрег, јајник...матка итн, гинеколог (Мухамед Асани) и неговиот син кој асистирал (специјализант гинеколог Блертон Асани) да не била ситуацијата ова само препоставка:

- „Ајде синко пробај ти со царски рез“, па овој Цапппп, исекол некој главен крвен сад да го покрие синот гинеколог да ги острани сите органи кој овој кој знае што пресекол од крвните садови, пациентката ќе починела од крварење ако не ќе биле остранети тие три органи каде овој можеби ги закачил, ама јавно друга приказна се кажува, таткото секогаш ќе го одбрани своето чедо и ќе се жртвува за грешката, ама чија грешка?

... а Лекарската комора по потреба заспана и инертна, гледала да се стишат работите, кажи една нивна иницијатива против несовесно работење на нивни член, немало и нема да има посебно со партиски поставен претседател (сеуште е претседател поставената лично од ЗЗ од СДСМ, без општо гласање за избор, спие ВМРО, оставајќи го сеуште сдсмовската преседателка на Лекарска комора проф. д-р Калина Гривчева-Старделова).

... истата таа претседателка тогаш во 2021 година, демек Лекарската комора спровела стручен надзор, а нивните официјални ставови и изјави биле:

- „Нема лекарски пропуст“

Лекарската комора излегла со стручен наод во кој се заклучи дека д-р Мухамед Асани и неговиот тим не направиле никаква лекарска грешка, во извештајот се тврдело дека од моментот на прием до исписот, пациентката Јилдз Веапоска била третирана согласно сите постоечки медицински норми и стандарди, а првиоит човек на Лекарска комора (по потреба во овој случај падната од Марс) не знаела за извештајот (тоа го изјавила на прес конференција) таа лично немала увид и не ги читала документите од извештајот, бидејќи не била дел од петчлената комисија која го вршела надзорот!

(Човек да се прекрсти каква прес изјава од претседател на Лекарска комора),
таа изјавила дека лекарската Комората не била институција која пресудува дали има кривична одговорност, со што Институтот за судска медицина целосно го поби овој извештај на Лекарската комора, докажувајќи во судска постапка дека пропусти во лекувањето сепак имало, што на крајот резултираше со затворска казна за главниот гинеколог и што со тоа?

... истава претседателка сеуште ја менаџира Лекарската комора, која за секој случај не се запознати, не се одговорни, тие се само во длабок партиски сон, целта за нивно постоење не ја извршуваат и ниеден член на Лекарска комора не покренува било што, штама!

... вештачењето потврдило дека органите немале патолошки промени или претходно заболување тие биле целосно функционални пред операцијата, по извршениот царски рез, кај родилката настанала постоперативна компликација (внатрешно крварење), која довела до хеморагичен шок, медицинскиот тим на чело со главниот хирург не извршил навремена и соодветна дијагностика за да го открие и запре крварењето во рана фаза, наместо прецизно да се лоцира оштетениот крвен сад и да се санира самото крварење, лекарот во паника и под притисок на критичната состојба донел одлука радикално да ги отстрани сите три органи за да го запре обилното крварење и да го спаси животот на пациентката.

...самиот извештај од Судска медицина заклучува дека влошувањето на состојбата на Јилдз Веапоска е директна последица на делувањето и пропустите на здравствениот тим, а одговорноста паѓа врз главниот оператор, бидејќи специјализантот (синот) немал законско право самостојно да оперативно менаџира - де факто, а де јуре има ли сведоци дека било баш така??

... првообвинетиот Мухамед Асани како лекар-специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот Блертон Асани како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска како лекар-гинеколог акушер, се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, тие при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката од Дебар поради што таа остана без три органи и што понатака?

Д-р Асани е поранешен директор на болница во Струга бил разрешен токму поради овој случај, на првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажале дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.

... храбрата пациентка Јилдз Веапоска официјално го немала поднесено случајот пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, бидејќи за тоа сè уште не се исполнети законските услови, мора да биде исполнет клучниот услов: исцрпување на сите домашни правни процеси за добие правосилна и конечна завршница пред сите судски инстанции во Македонија (вклучувајќи го и Врховниот суд), а случајот се одложува ли се одложува рочиштата во македонскиот правосуден систем!

:oeoeoe:подршка за Јилдз, да ги изруши сите тие кулиси и препреки и да си ја добие својата правда во Стразбург, оти овде не ја бидува!

...сега тие појасно што понатаму кога постарите кои оперирале ќе отиднат во пензија, операцијата ќе биде руски рулет!
Постарите се претежно во приватни клоники
Автоматски споено мислење:

Ццц, пари цицаат, а наводни операции. Епа после фондот празен, па ќе биде празен. Којзнае како уште све го цицаат
По 2 години чекање за интервенција бев приморана на прекувремено да ми се изврши операција. За тоа платив сметка во Народна бнака со ПП 50 налог за минисртертво за здравтсво. Како се распределуваат тие пари?
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 476070Прегледај го приврзокот 476069

И што со тоа?
До каде сме со „име и презиме“ да се знае кој тоа правел бизнис со здравјето на луѓето и до каде сме со одговорноста и казнувањето?
Не го гледам Кедев во работната група, ниту лекари од Охридската кардиологија ,
Автоматски споено мислење:

... податоците и документот се транспарентно истакнати на социјални мрежи!

Прегледај го приврзокот 473667

Прегледај го приврзокот 473668

Проблем бр.1 приватна наплата на прв ПАП тест и Ехо што е бесплатно кај матичен гинеколог.

Прегледај го приврзокот 473669 Прегледај го приврзокот 473671

Проблем бр.2 неправилно земање на брис што го наплатуваат повторно, а нивна грешка и незнаење како се зема брис, како и повторен непотребен стрес на самата пациентка за повторна процедура на земање на брис.

Прегледај го приврзокот 473672Прегледај го приврзокот 473673Прегледај го приврзокот 473674Прегледај го приврзокот 473675

Проблем бр.3 недавање на фисклана сметка на наплатени високи сум од страна на пациентките што укажува на злоупотреба за наплата за која треба да биде бесплатна, како и ескивирање на плаќање на данок доколку веќе се наплатува, две кривични дела во еден замав.

Проблем бр.4 необјаснување на пациентката за лекот Amp Rhogam (anti-D(rh) immunoglobulin), кој се дава при бременост, породување и гинеколошки интервенции, инјекцијата треба да биде администрирана на мајката веднаш по породувањето или најкасно до 72ч по породувањето, тогаш родилката како болничка пациентка го добива лекот преку Фондот т.е. самата болница каде лежи и ја дава бесплатно.

но во 28 недела од бременост во некои случаи е оправдана како порана профилакса со овој лек Amp Rhogam (anti-D(rh) immunoglobulin), а трудницата сеуште ја води матичен гинеколог, а лековите посебно ампуларна терапија што ги препорачува матичниот гинеколог, трудницата ги купува со сопствени средства, па затоа ферски би било да некако матичниот и' објасни зашто има две опции, па да се помогне истата да биде интернирана на клиника при што ќе ја добие инјекцијата бесплатно, зашто се малку поретки ваквите пациентки, ама кој тоа да им го каже кога се тоа се поврзани и препораката и купувањето, да се профитира врз грб на пациент е најголем грев и тие пари, профит било што нема да им биде на арно, харам пари и профит секогаш ќе идат за лошо на дотичните!

Проблем бр.5 сите пациенти кои се крводарители, се смета над 10х да дават крв, треба да бидат информирани дека можат да приложат Барање за рефундирање (враќање) на дадените средства на противправно наплатена партиципација или било кој пакет на здравствен преглед кој е покриен од Фондот за крводарителите со закон, а некој го наплатува бесправно!

Проблем бр.6 сите пациенти или нивни придружници кои имаат сомневање или негативно искуство и покрај коментарите на социјални мрежи кои може да бидат прочитани од било кој, па и од одговорните институции, нема да има ефект, затоа што ако нема пријава до институцијата од самите пациенти за било кое лошо, неоправдано искуство, џабе се пишува и се жалат преку коментари на социјални мрежи, затоа може лесно преку е email адресата nepravilnost@zdravstvo.gov.mk да се пријави неправилноста, така ќе се смени нештото, а вака само од себе тешко и ќе биде во продолжеток неправилно и тешко за сите пациенти кои не се упатени да кажат - Не! за неправилности кога ќе ги посетат за здравствена услуга здравствените установи било матични, било болнички специјалистички, било државни, било приватни!
Оваа адресе не работи повеќе. Работеше кратко и е затворена
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 476070Прегледај го приврзокот 476069

И што со тоа?
До каде сме со „име и презиме“ да се знае кој тоа правел бизнис со здравјето на луѓето и до каде сме со одговорноста и казнувањето?
Не гледам од Охридската кардиолошка болница , а има освен Скопје, еден лекар од Битола и еден од Тетово
Автоматски споено мислење:

Што мислите за оваа страна?
Не знам кој стои зад странава, ниту од каде ги црпи информациите. Не пишува ништо.
Кога добив порака, веќе беше пополнет термонот
Автоматски споено мислење:

... до каде дојде нашето здравство, етика, правила во работењето, совест имаат ли овие луѓе? како може за време на операција кога пациентот со една нога е во друга паралелна димензија, оперативната екипа со се’ докторите да најдат време да направат групно селфи со крвави ракавици додека пациентот крвари и секоја минута му е важна, а на мониторот на плазма телевизорот иде српска балада?

... клиника за трауматологија да постира јавно вакви фотографии од интимата на оперативни сали, дали се сконцентрисани што прават таму на пациентот или важно е местењето за селфие?

... кој тоа ја прави фотографијата, дали тоа се стeрилни услови на мобилниот со што го прави селфието, па после интрахоспитални бактерии, па ќе има нормално, па пациентот, наместо временски да му трае пократко операцијата и побрзо да го вратат назад, тие среде операција прават селфие, Бог да чува и да брани, срам ми е да ги гледам! :facepalm:

Автоматски споено мислење:

На овој сајт имав болнички упат , на когао му истече рокот и системот го избриша. Пред тоа 4 пати бев кај лекарот и не ме закажа за операција. Од вадењето на листата до истекувањето на болничкиот упат цело време бев со истиот бр. на чекање.Ништо не се помести за овие месеци. Со која цел се даденои овие листи
Автоматски споено мислење:

Тоа што се намалени списоците не значи дека операциите се извршени, системот ги исфрла
 
Последно уредено:
значи во Скопје не полагаат со врски и мито?
Автоматски споено мислење:
си погрешил нешто жозефино. Не збори за мито него за цурик на докторите од штипкси универзитет. Ако најдеш инфо дека и од скопски универзитет ги враќале, пиши, не е проблем.
Кога добив порака, веќе беше пополнет термонот
Автоматски споено мислење:
оваа страна само те информира, дали е ок и јас тоа го прашав, веројатно информативен карактер. Нигде нема регистрација на корисник. На странава нема нигде за закажување или пораки.
За да добиваш пораки добиваш преку матичен/мој термин. И не треба да чекаш за пораки, треба матичниот да ти даде упат, значи нешто си превидел со мој термин и упатите од примарно/секундарно.
 
... наредени сите вработени од медицински тим до болничар и хигиеничар кои учествувале во породувањето (а тоа им е работа) околу новороденото и еден од најблиската фамилија на новороденото на сите тие кои се наредени со испружената рака им се става по една (или неколку) парична банкнота зависно од хиерархија и придонесот на породувањето, тоа треба само да се доживее колку ниско може да биде тоа, а го сметаат за частење, посебно ако се роди машко дете!
 
Back
На врв Bottom