... податоците и документот се транспарентно истакнати на социјални мрежи!
Проблем бр.1 приватна наплата на прв ПАП тест и Ехо што е бесплатно кај матичен гинеколог.
Проблем бр.2 неправилно земање на брис што го наплатуваат повторно, а нивна грешка и незнаење како се зема брис, како и повторен непотребен стрес на самата пациентка за повторна процедура на земање на брис.



Проблем бр.3 недавање на фисклана сметка на наплатени високи сум од страна на пациентките што укажува на злоупотреба за наплата за која треба да биде бесплатна, како и ескивирање на плаќање на данок доколку веќе се наплатува, две кривични дела во еден замав.
Проблем бр.4 необјаснување на пациентката за лекот Amp Rhogam (anti-D(rh) immunoglobulin), кој се дава при бременост, породување и гинеколошки интервенции, инјекцијата треба да биде администрирана на мајката веднаш по породувањето или најкасно до 72ч по породувањето, тогаш родилката како болничка пациентка го добива лекот преку Фондот т.е. самата болница каде лежи и ја дава бесплатно.
но во 28 недела од бременост во некои случаи е оправдана како порана профилакса со овој лек Amp Rhogam (anti-D(rh) immunoglobulin), а трудницата сеуште ја води матичен гинеколог, а лековите посебно ампуларна терапија што ги препорачува матичниот гинеколог, трудницата ги купува со сопствени средства, па затоа ферски би било да некако матичниот и' објасни зашто има две опции, па да се помогне истата да биде интернирана на клиника при што ќе ја добие инјекцијата бесплатно, зашто се малку поретки ваквите пациентки, ама кој тоа да им го каже кога се тоа се поврзани и препораката и купувањето, да се профитира врз грб на пациент е најголем грев и тие пари, профит било што нема да им биде на арно, харам пари и профит секогаш ќе идат за лошо на дотичните!
Проблем бр.5 сите пациенти кои се крводарители, се смета над 10х да дават крв, треба да бидат информирани дека можат да приложат Барање за рефундирање (враќање) на дадените средства на противправно наплатена партиципација или било кој пакет на здравствен преглед кој е покриен од Фондот за крводарителите со закон, а некој го наплатува бесправно!
Проблем бр.6 сите пациенти или нивни придружници кои имаат сомневање или негативно искуство и покрај коментарите на социјални мрежи кои може да бидат прочитани од било кој, па и од одговорните институции, нема да има ефект, затоа што ако нема пријава до институцијата од самите пациенти за било кое лошо, неоправдано искуство, џабе се пишува и се жалат преку коментари на социјални мрежи, затоа може лесно преку е email адресата
nepravilnost@zdravstvo.gov.mk да се пријави неправилноста, така ќе се смени нештото, а вака само од себе тешко и ќе биде во продолжеток неправилно и тешко за сите пациенти кои не се упатени да кажат - Не! за неправилности кога ќе ги посетат за здравствена услуга здравствените установи било матични, било болнички специјалистички, било државни, било приватни!