Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
За среќа...може да (ни) биде и полошо...па штом е така, следи заклучокот-здравството ни е добро (???).
 
во конкретниов случај е здравството но генерално така е секаде поради фактот што голем дел од нас се мрзливи и не сакаат да си ја сработат работата за која се платени (колку-толку, за плата преговарај но работата заврши ја корекно),
еве конкретно секој нека си го постави прашањето " за што денес јас излегов од дома и дојдов тука" нека проба да сработи максимум што може и знае без да се занесува дека околу него се врти светот и резултатите ќе бидат многу поголеми од што можеме и да замислиме,
е тогаш ќе видиме бенефит сите од најбанална шалтерска услуга па до најсложена хирушка операција,
вака како што е гледаме дека не бива а упорно одбиваме да направиме промена и за почеток тоа нека биде онаа најбрзата и најлесната секој од себе па чекор по чекор, денес ќе завршиш накоја работа ти утре ќе ти завршат тебе и кругот само ќе се проширува ;)

п.с не може секој ден да правиме исти работи а да очекуваме различен краен резултат, едноставно не можеме.
 
 
Ццц, пари цицаат, а наводни операции. Епа после фондот празен, па ќе биде празен. Којзнае како уште све го цицаат
 
Со сите овие дежурства и прекувремена работа, дали значи дека народов е по здрав?...

За себе прашувам, не за другар...
 
...кога веќе ги кажува колку пари бегаат за дежурства на медицински кадар, што навистина има хирурзи кои сеуште немале ниедна операција од кога се вратиле од специјализација, треба да каже и колку пари се троши за советници и приватни адвокати што ги исплатува болниците и клиниките и колку има договорци кои не се медицински кадар колку пари бега таму!

...ги укинале организациони директори кои Таравари како министер не им дал шанса да најдат ново работно место и преку ноќ ги разрешил и останале без работа, нека кажат колку пари потрошиле за апанажа и тужбите од истите тие до денес, па наместо организациони директори сега секој директор по свој партиски избор има по најмалку десет ,,советници" со исплата над 70 000 ден, што направиле, заштедиле? вака нема врзан потпис и медицински директор си прави што сака, нема контрола на негово работење!

...а со дежурства и несоодветна исплата треба да се повикаат директорите кои потпишале за исплата на тие надоместоци на одговорност, да во еден оддел се запишуваат на дежурство по три лекари, а присутен само еден или да се укине исплатата и готово, ќе се работи во смена без надоместок, вака како што е сега ем користат денови ем земаат пари дополнително, ем се бунат и тужат, татини синови од екс доктори!
 

Ова е во Романија, ЕУ, но имаше и кај нас пред 20 години, (кога беше случката со заскитан куршум на плоштад при дочек на Среќна нова)...Но овдека смртта е поради згрушување во градниот кош, кај нас беше тогаш д4уго, некој празници, дечко со скршеница го шуткаа натаму наваму, почина од Сепса...се сеќавам дека прво дошол со прелом во Градска, директор беше тогаш Камиловски...
 
Последно уредено:
... и додека пациентите ја чекаат својата онколошка и биолошка терапија, загрижени за своето здравје и живот што зависи делумно и од редовното земање, си реков ај да видам што транспарентно работаат околу тендерите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија и онкологија кои процедури се во тек, одлуки итн,

и види чудо, не сум знаела дека имало тендер за безалкохолни пијалоци, тоа им го даваат на пациентите да се освежат после земената тешка терапија или за Управата за освежување?

Screenshot 06-11-2026 19.59.32.png

... па добро не е многу пола милион со вклучен ддв, за безалкохолни пијалоци! :facepalm:

Screenshot 06-11-2026 19.56.52.png


... капсули „Долче Густо“, Пепси и Кока Кола и минерална негазирана Роса и Ладна, па, па, па и кога ќе се додаде полните торби што секој пациент МОРА да даде ако сака да ја добие онколошката посебно поскапата биолошка терапија, ако воопшто ја имаат, овие може да им конкурираат на многу усгостителски објекти!
... а министерот А.Алиу загрижен за градење на клинички, алоооо ти си задолжен директно за здравјето на пациентите, остај го Министерот за транспорт да гради иди среди ја ситуацијата на Онкологија!
 
Дали ова е блиску до реалноста, според вас медицинските лица (пред се овде гледам доктори на форумов) или неслучаен текст на дотичниот од одредени причини?
Stip.jpg
 
да беше ова само со здравството и ќе беше добро, нашево образование продуцира тотално неупотреблив кадар и од тех. факултети (ова со сигурност - енергетичар сум со ~30 год. раб. искуство) а претпоставувам и од општествените... е така,
затоа сме таму кај што сме (среќа е и што не сме подоле - дури и се чудам).
 
Точно @dastan
Затоа образованието е клучно (и воспитанието од млади натаму, макар да е друга тема). Јапонија (може да проверите, податоците се точни) од крај на 2 св војна огромни пари вложила на реформи во образовен систем и наместо хуманитарни, населението го насочило кон природни науки, инженерство и технологија. Затоа ќе најдете податок дека за 20тина години, до почеток на 70тите, просечен раст на бдп им бил 10% (според statista, стигнала до втора најголема економска сила во светот). Стручни работници, иновации и продуктивност. Тоа е клучот и за сите економии, образованието. И не само во економијата туку и во други сфери се подобрува системот.
Субарашии кеизаи каикаку (ова земено од гоогле превод :)), во превод одлични економски реформи (од тотално исцрпена и разурната земја).
 
Дали ова е блиску до реалноста, според вас медицинските лица (пред се овде гледам доктори на форумов) или неслучаен текст на дотичниот од одредени причини?
Прегледај го приврзокот 479899

Не е блиску туку е реалност и непобитен факт. Тврдам од прва рака. И не е само Македонија, Србија/Босна и Херцеговина/Косово...Многу сличен феномен. Нешто е бајаги труло.
Медицината напредна светлосни години а овие сеуште се со некој чуден мајндсет и немање основно знаење во медицината.
Тоа и не е се, поголема катастрофа е што се нема самокритичност и патат од комплекс на грандиозност, небаре збориме за светскиот интелектуален крем. Патат и од чудна делузија на безгрешност и сезнајност.
Среќа системот не трпи вакви "сезнајковци" ..
 
Точно @dastan
Затоа образованието е клучно (и воспитанието од млади натаму, макар да е друга тема). Јапонија (може да проверите, податоците се точни) од крај на 2 св војна огромни пари вложила на реформи во образовен систем и наместо хуманитарни, населението го насочило кон природни науки, инженерство и технологија. Затоа ќе најдете податок дека за 20тина години, до почеток на 70тите, просечен раст на бдп им бил 10% (според statista, стигнала до втора најголема економска сила во светот). Стручни работници, иновации и продуктивност. Тоа е клучот и за сите економии, образованието. И не само во економијата туку и во други сфери се подобрува системот.
Субарашии кеизаи каикаку (ова земено од гоогле превод :)), во превод одлични економски реформи (од тотално исцрпена и разурната земја).
@dastan другар, најискрено треба да се затворат сите факултети на едно 10+ години.

Од овие што се "теоретски" едино би го оставил медицинскиот но да се подобри.

Другите економски,правен,финки,филозофски, филолошки, итд сите би ги затворил.

И фокус да се стави на факултети кои не се 'апстрактни' и со кои по завршувањето може да се креира продукт и истиот да се продаде и така да се подобри општо животниот стандард.
 
џабе е за некој 10-15 год. веќе ќе нема од кој да се учи и по фабриките,
не знам дали ќе ми верувате но приучени мајстори си играат qr-от со инжинери затоа што овие поима немаат од животот а не од струката,
немој да мислиш случајно сме волку ниско паднати, еве за пример да земеме дали на овој дел од светов од словенија надоле (балкан) има некоја иновација која донела до светски напредок и е светски позната, со векови сме суровинска база и трудоинтензивните гранки ни биле врв во економијата и производството,
за пр. колку чини еден тон ајфони vs тон (патлиџани, жито, гројзе...), дополнително што сме мрзи светски и неработници.
 
... ние имавме силно образование во континуитет од екс Ју, па до некоја година, а истото образование ни го сјеба токму тие држави за кои сите со воодушевување зборуваат, сите постари кадри во секоја сфера во ЕУ и кај нас се последни мохиканци со знаење и тие го влечат здравство и таму и ваму, па ако додадам вакуум времето од 4 години за време на пандемија и онлај учење посебно анатомија, доаѓаме до ова дереџе што е денес.

... ако штипските доктори се медицински неписмени што остана за Медицинските науки од тетовскиот универзитет, нив никој не ги спомнува!

...за време на пандемија се покажа ,,знаењето" и на докторите од ЕУ, како последица на (не)давање на здравствените услуги или погрешен пристап затоа што некој така наредил!

...ЕУ не сака паметни луѓе кои не ќе можат да ги контролираат и да бидат само гласачко тело таа како ќе рече, сите измени во образованието како куп дисперзирани факултети, факултет за медицински сестри и асистент доцент со средно образование и други нелогички терминологии, разни медицински курсеви, вонредно учење на среден медицински кадар, токму ЕУ ни го донесе и ни го постави како облигационо вметнување во нашето образование, не го измисливме ние, не го измисли ниедна наша Влада, а да не ги спомнам основците со родител 1 и родител 2 во своите први буквари и можност на машките деца да се облечат со фустани ако мислат дека треба да бидат така облечени!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom