Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Што ве натера да се иселите од Македонија?

  • Вкупно гласачи
    205
Ниедна од овие што ги наброја чатгбт, е дискутабилно дали работи додека годините се ептен манипулирани, додека во ги МК: Астибо, Витаминкс, МЗТ, Охис, Алкалоид.

Ако прашаш Свето Јаневски ќе ти каже дека винарија Тиквеш е од 1876 година

Па зошто не сме на нивно ниво?
Како прво не е ЧАТ ГБТ, туку Гугл Гемини. Како друго имаш извори на податоци па провери ако толку те занима, ја немам намера да гуглам за тебе цел ден и да се докажуваме овде.

Пак ќе ти кажам дека биле во склоп на Австро Унгарија, сфаќаш? Знаеш колку народ е тоа се заедно и колкав пазар е тоа?
Каде ние сме извезувале Тиквеш? До Врање?
Они биле вазали, ние сме биле робови.
Они до ден денес извезуваат во Австрија и Унгарија, а ние не извезува у Турска, туку увезуваме од Турска облека и други ствари.

Споредувај ја Македонија со Косово, а не со Хрватска приморска земја или Словенија или Црна Гора.

Црна Гора, ене ја ќе ја внесат у ЕУ. Знаеш каква мини железница имаат горе на Ловќен? Кај нас жичарата нема да работи цело лето, и што сакаш ти, туристи?

Последно уредено:
Развиена Да, ама од комунисти развиена!

Па лесно е да развиваш со добра основа. Овде немало шајки каде да се произведат тоа време додека они имале фабрики.
 
Отоманска империја, знаеш кој пазар е тоа?

Ти си пример дека нема надеж оваа држава. Чабе и гугл џемини и сфе
Која отоманска империја, коњу еден, робови сме биле ние, а они вазали.
До ден денес извезуваат во Австрија и Унгарија, ама затоа ние увезуваме денес од Турска, наместо да извезуваме.

Од такви нереалисти ко тебе, што летаат со паметот и само бараат кривица у други, ете затоа е државава никаква и народ си оди.
Што си мислиш ти? Тебе ќе те слуша некој цел ден како го обвинуваш за измислени работи?
 
Последно уредено:
Која отоманска империја, коњу еден, робови сме биле.

Од такви нереалисти ко тебе, што летаат со паметот и само бараат кривица у други, ете затоа е државава никаква и народ си оди.
Што си мислиш ти? Тебе ќе те слуша некој цел ден како го обвинуваш за измислени работи?

Јас не барам кривица во никого, баш напротив, но тешко е да се разговара со коза која сака да игра улога на жртва.
 
Друже, многу неосновани обвинувања упатуваш кон мене.

Жртва е цел Македонски народ у поглед на Османлиската окупација, поделбата по Балканските војни, поделбата по конфликтот у 2001 итн...

За да една држава оствари напредок и профункционира потребна е национална стратегија.
А прашањето е која е нашата национална стратегија? Ќе ја враќаме Егејска, Пиринска? Тоа нема никад да се случи.
Ќе одиме у ЕУ? Оној кажа дека ќе чекал.
Немаме национална стратегија. Имаме партиска стратегија за богатење на поединци на коишто им одговара тоа чекање.
Ефтини плати, високи цени, шверц комерц со Бугарија, бугарски пасоши и двојни државјанства итн, итн...

Епа што сакате сега вие? Народот бил крив, а? Како тоа народот е крив, кога народот оди на работа, плаќа даноци и се што може да направи еден народ во едно модерно демократско општество.

Политичарите се криви, оти распродадоа се за шака пари.
 
Единствена стратегија е да функционира државата како што се напишани законите. Друго не треба. Тогаш ќе видиш како преку ноќ овие приказни за Австро-Унгарија се битни ко референдум за промена на име.
 
Друже, само скокаш од тема на тема, оти твоите постови немаат никаква поента.

Факти:

Хрватска
Словенија
Црна Гора
Србија
Грција
Бугарија
Албанија
Се поразвиени од нашата државичка, како што ја нарече. Криминал има и таму, има и овде, закони има и таму има и овде, корупција има таму има и овде.

Еве ти како интернетски форумски политиколог осознај ја вистинската причина за преселба и за нашата неразвиеност и осмисли решение и предложи им го таму у штаб ко ќе идеш следен пат да лепиш плакати.

Толку од мене на оваа тема за денес.
 
Ако под Цигани мислиш на мигрантите Индијци, Непалци итн... да, и тоа е глобален проблем.
Не не мислам на нив,исклучиво мислам на "нашиве" рамчиња што веќе подолг период ја гризат раката што ги храни и се имаат бааги опуштено,ако си работел со такви ќе знаеш. Милион причини има зошто да не ги сака човек,ама дефинитивно суптилно се една од главните причини за селењето на Македонците.

Инаку за увоз на работна сила исклучиво само од јужно-азиски земји(Филипини,Лаос,Камбоџа...) да се носат би се сложил,мирољубива религија имаат и работливи се,исто така и жени за женење на тие што сакаат од тие краишта е добра идеја ако сакаме да не исчезнеме.
 
Па не би рекол дека Циганите се проблем за иселување, тоа е твоја субјективна неугодност. Иначе работаат они и по Германија и низ светов ги има еден куп, народ без држава.

А за жал, не бираме ние мигранти.
 
Во право е Кадаиф за џабе се буните. Уште во раните години на СФРЈ од Македонска страна имаше забелешки, дека во Македонија многу малко скоро ич не се крева индустрија во споредба со северните Републики и дека Македонија останува аграрна република.
 
Никој не се буни, фино лепо му кажав на Кадаиф дека Хрватска и Словенија биле поразвиени од Македонија и пред влез во Југославија. На крај краева Тито бил Хрват, не знам вие што очекувате од нив, добро е што ја изградиле и Македонија и што отвориле и фабрики и кај нас у тоа време, ама за жал ништо не работи од тие фабрики сега, оти се е испокрадено у време приватизација.

Ние сме биле Српска покраина пред влез у Југославија, а потоа прогласени за федеративна држава, а потоа и стекнавме независност. Како тоа ние сме требале да добиеме исто како Хрватите или Словенците?
 
Биле ама индустријализацијата почна по ВВ2 барем во поголем размер. Исто така предност дека граничат со Австрија и запад па за извоз е покорисно. Све во ред. Но не треба да се подцени дека Македонија трпеше структурна нееднаквост. Последиците до денеc ги гледаме. Приватизацијата е друг проблем се согласувам ама разликата во Југославија беше зголемена а не намалена.
 
Со една одлука цело козарство во Македонија е уништено...што повеќе да се зборува за СР Македонија?
Како е уништено ене го козарот стана главен управител на ФК Вардар.

Биле ама индустријализацијата почна по ВВ2 барем во поголем размер. Исто така предност дека граничат со Австрија и запад па за извоз е покорисно. Све во ред. Но не треба да се подцени дека Македонија трпеше структурна нееднаквост. Последиците до денеc ги гледаме. Приватизацијата е друг проблем се согласувам ама разликата во Југославија беше зголемена а не намалена.
Хрватска и Словенија биле развиени индустриски и пред втора светска војна, истражи и ќе видиш, можеби не толку колку по вв2, ама во однос на Македонија биле далеку поразвиени, исто како што се сега поразвиени.
Пак и ти како Кадаиф само бараш некоја кривица, а тоа е нееднаквоста во време на СФРЈ. Абе сме имале и ние фабрики еден куп и тоа доволно, ама поткуплив политичар на власт распродаде се и сега немаме ништо, коленичат за странски инвестиции.
Ако некој рече дека Македонија нема ресурси, ќе погреши, оти имаме човечки ресурси и тоа за ефтини пари.
 
Back
На врв Bottom