Не те разбирам за што ти треба аргумент?
Ако Југославија толку чинеше за нас немаше да сме сега на ова дереџе, еве ти еден еден прост и необорлив факт! (види каде е една Хрватска, Црна Гора, за Словенија да не праам муабет)
Да не навлегуваме во детали сега, нема смисла.
Ние живееме во сегашноста. Остави ги приказните за "поштење" на Труфун Костовски во поткастот на Ландов.
Каков Трифун Костовски каков Муртињо, какви квази патриотски револуционери зборуваме овде.
Друже, и Римско Царство било огромно и најразвиено, ама пропаднало. Ете ти тебе еден необорлив факт. Не знам зошто повеќето на форуми се у трип дека ова е некаква си дебата. За ваша информација дебатите на ТВ у 90% од случаите се наместени, како борба со кечери.
И Југославија била одлична за тоа време, ама пропаднала, од народ поткуплив, корумпиран и лош систем.
А Хрватска и Словенија долго време биле под Австро Унгарија, и тоа у време коа нашите македонски претци нижале тутун и береле афион за Турците.
У тоа време е направен и трамвај систем у Загреб, градежништво модернизирано, архитектура итн...
У старт сме немале можност да се развиеме под Османлиското владеење пет векови. За да после заедно со Бугарите се бориме против Турците, арно ама направена е поделба на Македонија и од тука па натаму сме биле под српска управа. Најголем развој оваа територија, што ја викаме Македонија, а некој ја вика Вардарска или по ново Северна Македонија доживеала во време Југославија, е тоа е факт непобитен.
Црна Гора исто како нив има излез на Јадранско Море и имаат бродски транспорт, поволност што ние никогаш нема да ја имаме, а покрај тоа имаат и развиен туризам на крајбрежјето, за разлика од нас коишто го имаме само Охрид и Струга.
А Србија го има Дунав, река што тече низ пола Европа, погодна за транспорт и туризам. Србија има голем капацитет, ама нивната националистичка политика и блискоста со Русија ја доведе до таму каде што е сега.
Ако економската состојба и причината за иселување се разгледуваат како проблем, тогаш треба да почнеш од коренот.
Сегашноста е таква каква што е, оти се должи на минатото.
Иначе не гледам дебатни емисии, ниту пак интервјуа на "аналитичари", политичари и други разно разни самопрогласени професии.
Сметам дека доволно сме возрасни и доволно се изнагледавме овие 35 години од осамостојување за да можеме сами да заклучиме.