Политиките на Бугарија кон Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Но од една научна претстава или научен поглед, тогашниот македонскиот народ па и денешниот, несомнено најблизок му е на бугарскиот народ, по секој можен начин...јазик, култура, обичаи итн.
Некогаш, минато свршено време.
И помирете се со тоа.

И не ни се нешто посебно поблиски бугарите од србите на пример, дури повеќе заеднички обичаи имаме со србите од бугарите како на пример слава. Слични народи сме со двете, со таа разлика што едните те признаваат како посебен народ.

Непоправливо се скршени односите засекогаш благодарение на политиката на Бугарија.
Автоматски споено мислење:

Дај линк ме интересира
Не опасно, нај очајно е ова. Мозочно оштетување вака изгледа.
 
Последно уредено:
Кои опции за пишување на различни видови Бугари? Какви контексти? Какви Прабугари?
Еве ти учебници:

Мапа на која е прикажана преселбата на словенските народи од белоруски учебник на белоруски јазик, во кој јасно се гледа дека балгарите се туркиско племе (цјуркаў):

Прегледај го приврзокот 480238


Мапа на која е прикажана преселбата на словенските народи од белоруски учебник на руски јазик, во кој јасно се гледа дека болгарите се туркиско племе (тјурков):

Прегледај го приврзокот 480239


Што велат твоите на ова? Дали и на Лукашенко Тито му го испрал мозокот?

Мапа на која е прикажано раселувањето на Словените во украински учебник, каде јасно се гледа дека болгарите се туркиско племе (тјуркські племена):

Прегледај го приврзокот 480240
Татарски учебник по историја на руски јазик, каде што се користи терминот болгары:

Прегледај го приврзокот 480241

Истиот учебник, само на татарски јазик, каде што се користи терминот болгарлар:

Прегледај го приврзокот 480243

И овие да не подлегнале на пропагандата на Цвијиќ, според експертите од б'лгарска Википедија, па затоа не напишале праболгари?
Сега, почнуваш да разбираш дека ова е збор во одреден контекст. Кога зборуваш за периодот пред 10 век, "Бугари" се Прабугарите, кои најверојатно биле туркиски племиња. Современите Бугари не се турки, туку словени, како што пишува во сите учебници, без исклучок, дури и во оние од Белорусија и Татарстан.
 
Сега, почнуваш да разбираш дека ова е збор во одреден контекст. Кога зборуваш за периодот пред 10 век, "Бугари" се Прабугарите, кои најверојатно биле туркиски племиња. Современите Бугари не се турки, туку словени, како што пишува во сите учебници, без исклучок, дури и во оние од Белорусија и Татарстан.
Па зошто тогаш ги чествувате несовремените Бугари?
 
Некогаш, минато свршено време.
И помирете се со тоа.

И не ни се нешто посебно поблиски бугарите од србите на пример, дури повеќе заеднички обичаи имаме со србите од бугарите како на пример слава. Слични народи сме со двете, со таа разлика што едните те признаваат како посебен народ.

Непоправливо се скршени односите засекогаш благодарение на политиката на Бугарија.

Српската држава само условно го признава македонскиот народ, односно само политички. Нејзината научна академија и нејзини приврзаници друга теза кажуваат за етнолошката позадина на македонскиот народ, особено кога станува збор за Брсјаците и Мијаците.

Меѓудругото Македонците и Србите иако словенски народи, не потекнуваат од иста словенска група, ниту пак живееле во исти простори во нивната прататковина. Имено Македоните (и Бугарите) потекнуваат од словенската подгрупа на Анти додека пак Србите потекнуваат од Склавените кои живееле во денешна западна Украина, кои на Балканот доаѓаат покасно од нас. Затоа се и јазичните разлики меѓу нашите јазици, српско-хрватскиот јазик е поблизок со западнословенските јазици, за разлика од нашиот кој поблизок со источнословенските јазици.

Затоа и таква е поделбата на јужнословенските јазици, во две одделни групи со еден ,,медијаторски” дијалект, торлачкиот.

Примерот којшто го кажуваш за славата како заеднички обичај, не сите Македонци го практикуваат тоа. Македонците од егејската Македонија, Пиринска и делови од од тукашна Македонија не слават слави, туку именден.

Модерниот македонско-бугарски спор воопшто не го коментирам, како што кажав тоа е една голема фарса, повеќе од евидентно.
 
Имено Македоните (и Бугарите) потекнуваат од словенската подгрупа на Анти додека пак Србите потекнуваат од Склавените кои живееле во денешна западна Украина, кои на Балканот доаѓаат покасно од нас.
Ова е историски неточно поради самиот факт што постои македонска склавинија во рамки на границите на Македонија во Византиското царство.
 
Ова е историски неточно поради самиот факт што постои македонска склавинија во рамки на границите на Македонија во Византиското царство.
Сите племиња кои ја сочинувале Македонската Склавенија се антски(словенски) племиња.
 
Затоа што тие се создавачи на Дунавска Бугарија.
Секако само вие имате ексклузивно право да носите етногенеза од 2 континента, но ние кога сметаме дека имаме сродство со античкиот народ на овие простори сме крадачи на историја.
 
Не сваќам каква поента има тоа. Нациите се формирани милениум подоцна, минорна трага има од тоа време кога шетале по карпатите, и генетски и културолошки.

Од времето кога овој народ ( а богами и тие окулу) има некаква национална свест, поголем период сме во непријателски односи со бугарите него со србите. Веќе опофаќа некој 80 години отворен конфликт, со егзистенцијална закана за нас.

Тоа е доста позначајно од било кој минорен конфликт кој го имаме со србите, и веќе и хронолошки е надминат периодот кога сме имале пријателски односи со Бугарите.
 
Балканската надворешна политика се сведува на тоа како да му се подметне на соседот соросова влада.
Ние таа чест ја имавме и последиците се овие што се.
Не постои бугарски проблем додека не се решат тие што го создадоа.
 
Проблем со нив ќе имаме безразлика кој е на власт. Може спорот ќе има друго име и форма, ама долгорочно нивните интереси и планови остануваат исти.
 
Секако само вие имате ексклузивно право да носите етногенеза од 2 континента, но ние кога сметаме дека имаме сродство со античкиот народ на овие простори сме крадачи на историја.
Никој не го оспорува континуитетот помеѓу 1-во, 2-ро и 3-то бугарско царство, како и НРБ и РБ
Секој надвор од РСМ го оспорува континуитетот помеѓу Античка Македонија и РСМ.
Тоа треба да ти каже нешто.
 
Back
На врв Bottom