Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
никој не ве сакал, затоа така било :kafence:
Шизо кои сме тоа ние што никој не не сакал ?
Автоматски споено мислење:

Во тој случај Југославија сигурно немаше да биди неутрална. Сигурно на источниот фронт ќе беа пратени и многу Македонци. На крајот на војната ќе бевме на поразената страна и ќе бевме окарактеризирани како Фашисти. Како поразени можно е да ни беа одземени територии од страна на Грција. И место Тито сигурно на власт ќе имавме многу поболшевички настроен диктатор нешто како Енвер или Чаушеску.
Стој полека. Од каде си сигурен дека доколку Германија не заглавеше на балканов и немаа отворен фронт овде дека немаше да ја поразат СССР и дека ќе ни се десеше моменталнава историја ?
Многу историчари пишуваат дека отварањето на овој балкански фронт и го спасило гзот на Британија (затоа и навивале за боље рат него пакт) и подоцната инзавизја на СССР им помогнала на советите да имаат време повеќе да се консолидираат и да довлечкаат трупи од истокот.
Така што сега друга историја ќе имавме за учење.
 
Шизо кои сме тоа ние што никој не не сакал ?
Автоматски споено мислење:

Стој полека. Од каде си сигурен дека доколку Германија не заглавеше на балканов и немаа отворен фронт овде дека немаше да ја поразат СССР и дека ќе ни се десеше моменталнава историја ?
Многу историчари пишуваат дека отварањето на овој балкански фронт и го спасило гзот на Британија (затоа и навивале за боље рат него пакт) и подоцната инзавизја на СССР им помогнала на советите да имаат време повеќе да се консолидираат и да довлечкаат трупи од истокот.
Така што сега друга историја ќе имавме за учење.
Со колку дивизии рајхот заглавил на Балканот? За кое заглавување станува збор? Две недели? Во почетна фаза на Барбароса СССР воопшто не бил консолидиран. Советските сили биле тотално изгубени. Во почетна фаза доживеале тотален колапс со огромен број на заробени војници. Не верувам дека друга армија доживеала да изгуби толку војска за толку краток период,независно дали работи за погинати или заробени војници. Сталин до почетокот на Барбароса верувал дека СССР нема да биде нападнат од страна на Германија. Трупите од исток биле довлечкани кога вермахтот дошол пред портите на Москва.
 
Еве да почнеме од Југа. Да не излезеше народот на протест изманипулиран од комуњарата со тоа глупата максима "Боље рат него пакт" немаше да се случат четници, усташи, домобрани, балии, балисти, бугари, НДХ, Недичева Србија, Илирида, СС Ханџар, СС Скендербег.
Верувај дека принцот Павле кога го испратил Цветковиќ да потпише пакт со Рибентроп во Белведере, Виена, многу добро знаел како ќе стоела ситуацијата ако му се спротистави. Сите соседи на Југославија освен Грција биле на страна на Хитлер.
Што очекувале " нашиве " ? Дека ќе им дозволат да бидат трн во око ?

Протестите од 27 Март 1941 во Белград воопшто не биле поттикнати и организирани од комунистите, од причина што во тоа време КПЈ на Југославија и немале скоро никаква бројка на членови и немале симпатии и подршка кај обичниот народ.
Плус во тоа време СССР и нацистичка Германија биле во љубов и делеле територии во Полска во 1939 година и пакт за ненапаѓање.
Тие протести беа платени од Британската влада и тајните агенти на Лондон, и забеганите официри и генерали Срби од воздухопловството ја турнаа земјата во страдања од огромни размери.

Инаку да, иако кнез Павле бил англофил сепак разумно гледал на суровата реалност и попуштил и прифатил потпишување на пактот во Виена.
Се потпишувало во Виена а не во Минхен или Берлин, бидејќи РАФ на Британија имале домет да гаѓаат цели во Берлин но немале пристап до Виена.
За потсетување, во Априлската војна во 1941 година за 12 денови капитулирала кралската армија на Југославија, било општ хаос во војската, војниците Хрвати и Словенци веднаш бегале од фронтот а реално и Српските војници во такви околности немале морал за борба и тие без големи борби се предавале.
А за споредба во 1999 година Ср Југославија дури 78 денови херојски се бореше против 19 членки на НАТО, плус логистичка подршка од држави кои тогаш уште не беа членки на НАТО ама даваа територија за алијансата.
Едноставно тогаш Србите се бореа 78 денови бидејќи немаа во свои редови Хрвати и Словенци да прават саботажи како во 1941 година кога имаше случаи да Хрвати со борбени авиони прелетуваат кај нацистите во Австрија и потоа се ставале во служба на НДХ Хрватска.

Ама кнез Павле плати висока цена, после 27 Март 1941 беше спроведен во Британски логор во Кенија цели 4 години.
Шарл де Гол после војната издејствува слобода за кнез Павле и неговото семејство и кнез Павле остатокот од животот го помина во Париз.
 
Со колку дивизии рајхот заглавил на Балканот? За кое заглавување станува збор? Две недели? Во почетна фаза на Барбароса СССР воопшто не бил консолидиран. Советските сили биле тотално изгубени. Во почетна фаза доживеале тотален колапс со огромен број на заробени војници. Не верувам дека друга армија доживеала да изгуби толку војска за толку краток период,независно дали работи за погинати или заробени војници. Сталин до почетокот на Барбароса верувал дека СССР нема да биде нападнат од страна на Германија. Трупите од исток биле довлечкани кога вермахтот дошол пред портите на Москва.

Вјазма, Киев... тоа се најголеми поединечни порази во историјата на човештвото. Во Киев биле убиени, ранети, заробени, исчезнати и дезертирани 665.000 војници, тоа е нешто непојмливо од денешна гледна точка.
Пред некоја страна прочитав дека се негира клучната улога на САД во војната.
Инаку, балканот во WW2 игра периферна улога без ама било какво влијание на глобалната војна. Главен мотив биле геноциди, етнички чистења, масакри и погроми врз цивилно население.
Во славната битка за Сутјеска германци ангажираат цели три дивизии од кои една со фолксдојчери (СС принц еуген) а една посадна дивизија, значи статична со старци под оружје, едино брдската дивизија довлечкана од Кавказ била елитна, две-три бригади усташи, неколку полка четници, три дивизии талијани и мислам еден бугарски полк.
Се на се сосема периферно, небитно во големата слика, макс. 150К фашистичка раја против 23К партизани, 7:1 предност во бројка на војници.

А за македонското прашање, се работи за историски џек пот. Ниту еден расплет каде партизаните не би биле победници би значело негирање, асимилација, погроми и масакри како оние во Грција, само во овој случај и од срби и бугари и качаци со можност на припајање на североисточна мкд на Албанија. Македонија би била раскомадана. И ете имаме на форум луѓе кои ламентираат поради поразот на оската во ратот.
 
Тоа е и апсурдот. Многу факти од историјата не ни се свиѓаат и упорно ги криеме под тепих. Пример ако четниците ги поразеле партизаните сега ќе бевме јужносрбијанци од Вардарска Бановина.Иначе просто неверојатно е како Црвената Армија после толку големи порази на почетокот на војната успеала да се консолидира и на крајот да го порази Вермахтот.
 
Со колку дивизии рајхот заглавил на Балканот? За кое заглавување станува збор? Две недели? Во почетна фаза на Барбароса СССР воопшто не бил консолидиран. Советските сили биле тотално изгубени. Во почетна фаза доживеале тотален колапс со огромен број на заробени војници. Не верувам дека друга армија доживеала да изгуби толку војска за толку краток период,независно дали работи за погинати или заробени војници. Сталин до почетокот на Барбароса верувал дека СССР нема да биде нападнат од страна на Германија. Трупите од исток биле довлечкани кога вермахтот дошол пред портите на Москва.
Kaко и да е. И советски, руски историчари го тврдат тоа и западни амерички го тврдат тоа дека тие 2 недели што Хитлер ги изгубил на Балканов биле решавачки за инвазијата врз СССР.
Сигурно не го тврдат ова за да ни лижат јајца дека имаат некој голем интерес од вукојебини како нас. На страна Србите што сами си градат митови.
Автоматски споено мислење:

Вјазма, Киев... тоа се најголеми поединечни порази во историјата на човештвото. Во Киев биле убиени, ранети, заробени, исчезнати и дезертирани 665.000 војници, тоа е нешто непојмливо од денешна гледна точка.
Пред некоја страна прочитав дека се негира клучната улога на САД во војната.
Инаку, балканот во WW2 игра периферна улога без ама било какво влијание на глобалната војна. Главен мотив биле геноциди, етнички чистења, масакри и погроми врз цивилно население.
Во славната битка за Сутјеска германци ангажираат цели три дивизии од кои една со фолксдојчери (СС принц еуген) а една посадна дивизија, значи статична со старци под оружје, едино брдската дивизија довлечкана од Кавказ била елитна, две-три бригади усташи, неколку полка четници, три дивизии талијани и мислам еден бугарски полк.
Се на се сосема периферно, небитно во големата слика, макс. 150К фашистичка раја против 23К партизани, 7:1 предност во бројка на војници.

А за македонското прашање, се работи за историски џек пот. Ниту еден расплет каде партизаните не би биле победници би значело негирање, асимилација, погроми и масакри како оние во Грција, само во овој случај и од срби и бугари и качаци со можност на припајање на североисточна мкд на Албанија. Македонија би била раскомадана. И ете имаме на форум луѓе кои ламентираат поради поразот на оската во ратот.
Одлично. Затоа сега гордо живееме во овој обид од држава каде што глумиме дека сме главен народ на балканско ниво а на светско ниво тие што ги спасуваа од логори, сега им кројат политика на ослободителите за примање мигранти црнци и муслимани.
Ама битно лош беше несудениот уметник затоа што знаеше да воведе ред и поредок и да обезбеди нормален и пристоен живот на својот народ.
 
Последно уредено:
Kaко и да е. И советски, руски историчари го тврдат тоа и западни амерички го тврдат тоа дека тие 2 недели што Хитлер ги изгубил на Балканов биле решавачки за инвазијата врз СССР.
Сигурно не го тврдат ова за да ни лижат јајца дека имаат некој голем интерес од вукојебини како нас. На страна Србите што сами си градат митови.
Автоматски споено мислење:

Одлично. Затоа сега гордо живееме во овој обид од држава каде што глумиме дека сме главен народ на балканско ниво а на светско ниво тие што ги спасуваа од логори, сега им кројат политика на ослободителите за примање мигранти црнци и муслимани.
Ама битно лош беше несудениот уметник затоа што знаеше да воведе ред и поредок и да обезбеди нормален и пристоен живот на својот народ.
Зависи каде си читал, има извори кој викаат и дека не е којзнае што.

Прво ако Југославија била дел од оската нејверојатно ќе праќала војска, за татарите па да не зборам, а и Германците ќе имале плус војска, значи кај и да е ќе имало можеби и пола милион војска повеќе на источниот фронт, што би можело да биде клучно да се напредува побрзо, да се добие сталинградската битка , значи во првите неколку години би правело разлика.

Второто е поинтересно, што сум читал никаде немало дека датумот за инвазија е две недели порано, туку првично е планиран за крајот на мај, што пак не е две недели туку три и главната причина за одложување било временските услови,
како и да е имале месец ипол да ги вратат зафатените војници, во тоа време имало железница немало да се изморат, за 6 дена ја преодиле цела Југославија, ама не можеле уште толку да стасат до СССР.
Ако е дека се потрошиле моногу, не се претрошиле, они немале проблем со опрема првите години, имаале проблем со логистиката, колку подалеку толку полошо, значи и тоа не би влијаело.

Сега да речеме 2 недели, што би освоиле, нели биле на 40км до Москва, Сталин планирал да ја напушти ама последна секунда му текнало да не, кога ги видел ескимите од далечниот исток.

Хм, дека ке ја предале без борба, тешко, сигурно немало да речат изволте улезете, Ленинград три години бил опколен и не се предале не па ваму уште нестасани,
до каде ли ќе стасале за две недели, можда некаде во градот, секако ќе немале време да го освојат цел.

Сега доаѓаме до сталинградската битка, во 42ра не пробале да ја освојат Москва, туку се свртеле кон југ, кога би имало војска од Југославија таа тешко би била спремна во 41ва, значи во 42ра би имале повеќе шанса за напредок кон нафтените наоѓалишта кај Грозни, сугурно ќе биле преорани нафтените ноѓалишта и тешко дека 42ра би имале корист, за до Баку не верувам дека би стасале, тука требало да се пројде и Кафказот кој е огромна природна пречка.

Сега дали и кој ќе победил во сталинградската битка, тоа е стварно тешко да се процени, со повеќе распололива војска најверојато би имале шанса да го извлечат Паул, всушност најголемиот проблем не и бил тоа што немале војска туку немале доволно опрема, баш поради логистиката, а повеќе војска немало да ја поправи туку би ја влошило состојбата.

Операцијата Уран, Жуков ја правел скоро тајно, а онаа што сите знаеле дека ќе се случи била Сатурн, подоцна била спроведена операцијата мал Сатурн, значи кога почнала операцијата Уран германците ги фатила со спуштени гаќи и многу брзо го обиколила Сталинград,
и со повеќе војска тука најверојатно ќе биле обиколени, ама па најверојатно немало да се случи мал Сатурн, бидејќи се било во подршка на Уран.

Во вистинската верзија Манштајн контра офанзивата за одблокирање ја спремал сто години и отишол од најдалеку што може, мислејки си дека е 41ва кога возеле без никој да ги сопре,
во верзијата ШБКБ, кој го знае како би постапил ако имал повеќе војска, можеби пак би одел од колку може подалеку, ама со повеќе војска можеби и би успејал да ги одблокира и да ја доведе битката до нерешено за некој преиод, треба да се напомене дека југословенската војска би била слабо опремена како и ромунците и би биле згазени лесно, а да не кажам дека и сигурно ќе се предавале лесно некој делови од аријата која немала интерес да се бори (знаете на што мислам).

Подоцна била и Курската битка што покажува дека советите веќе биле спремни за да се држат и да победуваат, така да сума сумарум, можеби ќе влијаело на некој локални текови, можеби ќе се добила уште некоја битка, ама едно е јасно дека како одминувало времето сигурно ќе изубела, немало шанси да се бори сама со три светски сили.

Е сега ако би се договориле со британците тоа би било сосема друг ШБКБ.
 
Сега доаѓаме до сталинградската битка, во 42ра не пробале да ја освојат Москва, туку се свртеле кон југ, кога би имало војска од Југославија таа тешко би била спремна во 41ва, значи во 42ра би имале повеќе шанса за напредок кон нафтените наоѓалишта кај Грозни, сугурно ќе биле преорани нафтените ноѓалишта и тешко дека 42ра би имале корист, за до Баку не верувам дека би стасале, тука требало да се пројде и Кафказот кој е огромна природна пречка.

треба да се напомене дека југословенската војска би била слабо опремена како и ромунците и би биле згазени лесно, а да не кажам дека и сигурно ќе се предавале лесно некој делови од аријата која немала интерес да се бори (знаете на што мислам).
Азербејџан и Грузија се на северната падина на Кавказ што значи дека прилично лесен пристап би имале доколку се десела офанзива од север т.е. од руската страна.
Еременија е преку врвовите на Кавказ гледано од руската страна. Таа е на падините кон Турција.

Само Србите би немале интерес во таа ситуација да војуваат против СССР и тоа не е баш сигурно затоа што србите што биле со кралот биле на страна на белогардејците а против советите.
Хитлер ако ја освоел Москва, сигурно би вратил на власт некој од царската лоза на Романови што ја преживеал чистката или пак ќе назначел регент од високите царски или белогардејски кругови.
 
Азербеџан и Грузија се на јужната падина на Кавказ, таму нема многу пролази каде лесно би се промкнале до наогалиштата во Баку.

Германците имаат стасано скоро до Грозни и ги имаа освоено оние на запад што се некај Краснодар наогалиштата (заборавив како се викаат), ама тие биле преорани и за тој краток период што ги имале немале нешто корист,
во некоја алтернативна историја со повеќе војска сигурно ќе го земале Грозни и сигорно ќе се обиделе да се промкнат некај Баку, ама Кафказ тие буквално ѕид па можеби немало да успеат бидејќи СССР најверојатно ќе ги започнувал успесите во битките и немало да има време, овоа за јужниот фронт.

Скоро сигурно е дека Москва немало да падне за две недели и после зимата и засилувањето ќе си ја завршиле работата, оваа е крајот на 41, цела 42 немаат пробано да ја освојат Москва, фокусот бил на југ, Ленинград скоро три години бил опколен и не го освоиле, Москва тогаш и сега имала голема популација, се заборава фактот дека ако германците имале плус 2 недели за напад и советите ќе имале плус две недели за подготовка на одбраната.

Едно е јасно дека ќе имале повеќе војска на располагање, логистиката ќе си останала таа, временските услови ќе си биле тие, распутицата ќе задоцнила малку и ќе имало уште некое градче плус освоено, и тоа е тоа, фактот е дека повторно ќе изгубиле само што ќе нанеселе повеќе загуби и можеби немало да почнат да губат со сталинградската битка, туку на пример со битката за Москва, која не верувам дека би се случила 43та, со победа во Сталинград ќе биле насочени кон Баку цела 43та.
 
Сега проверив. Во право си.
Јас читав еден таен (сега веќе декласифициран) советски извешај за тоа како би требало да се одбранат и да реагираат доколку ги нападне НАТО преку Турција. Таму пишуваше дека Ерменија е на бришан простор, таму ќе имало само мал дел на војска 1 моторизирана бригада и нешто пешадија. Не вредело да се носи голем дел од војската таму затоа што немале каде и како да го спречат навлегувањето. Во Азербејџан и Грузија веќе требало да има најмалку по 5 моторизирани бригади и тука да се држела границата на фронтот затоа што тие 2 држави биле на high ground и лесни биле за бранење од јужните падини.
Затоа и ваков заклучок имав.

Не гледај така дека ако германицте имале 2 недели плус ќе ималле и осветите 2 недели плус. Советски Сојуз бил под блицкриг, 2 недели порано ако германците го направле тоа значи дека советите би имале 2 недели помалце за консолидирање на војската.
 
Војна со НАТО ќе била сосема поинаква војна и се ќе било радиоактивно и не верувам дека ќе било важно што добиле и што изгубиле, ако видеш мапата ќе ти стане јасно дека Ереван е во низина, после на исток одат планините (Нагорно Карабах), логички е да правиш одбранбени позиции на природни препреки и планината Кавказ нема никаква врска со Ерменија, настрана тоа што се вика кавкаски регион.

Јас зборував за германците кој планот и бил да успеат да стасат до нафтените полиња во Баку, покрај Каспиското езеро има рамен дел ама многу е мал и нема можност за заобиколување, туку ќе била фронтовска борба која ќе траела долго, треба да се напомене дека американците во 43та се истовариле на Сицилија и да успеале да го држат јужниот фронт и да успеале да се пред нафтените полиња, ќе било доцна

Многу логички, ако германците нападнале две недели порано и советите ќе почнале да се бранат две недели порано, немало да чекат да ја освојат Москва па тогаш да почнат.

Нешто од секогаш ме замислувало на овој дел, нели официјалната историја е дека британците го предупредиле Сталин дека ќе биде нападнат, ама Сталин не и верувал оти мислел дека сакаат да го скарат со Хитлер и кога почнал нападот неколку дена бил скриен,
чекај малку зар советите немале шпиуни, не е лесно да паркираш 3 милионска војска со којзнае колку милиони тони опрема и никој кодош да не виде,
моето мислење е дека овоа е советска пропаганда за да се покрие бламот што го доживеале, сигурен сум дека знаеле дека ќе бидат нападнати, можеби не го знаеле датумот и точно со колку војска ќе бидат нападнати, патем немале малку војска на западните граници, проблемот бил што не биле спремни за блицкрикот и изгубиле могу војска од заробување.
 
Сега проверив. Во право си.
Јас читав еден таен (сега веќе декласифициран) советски извешај за тоа како би требало да се одбранат и да реагираат доколку ги нападне НАТО преку Турција. Таму пишуваше дека Ерменија е на бришан простор, таму ќе имало само мал дел на војска 1 моторизирана бригада и нешто пешадија. Не вредело да се носи голем дел од војската таму затоа што немале каде и како да го спречат навлегувањето. Во Азербејџан и Грузија веќе требало да има најмалку по 5 моторизирани бригади и тука да се држела границата на фронтот затоа што тие 2 држави биле на high ground и лесни биле за бранење од јужните падини.
Затоа и ваков заклучок имав.

Не гледај така дека ако германицте имале 2 недели плус ќе ималле и осветите 2 недели плус. Советски Сојуз бил под блицкриг, 2 недели порано ако германците го направле тоа значи дека советите би имале 2 недели помалце за консолидирање на војската.
Најголема грешка на Хитлер е шо го нападнал Советскиот Сојуз. Некако многу се придава значење на настаните во Југославија. Тој наратив го форсираа во старата држава демек ето југословенските комунисти биле кључен фактор за поразот на Хитлер. Проблемите на вермархтот започнале со распутницата и потоа со доѓањето на зимата. Друга најголема грешка на германците биле злосторствата шо ги направиле врз народот. Со тоа обичниот народ бил донесен во ситуација или или. Ако германците се поставеле пријателски спрема рускиот народ на Сталин црно му се пишувало. Тиранинот не бил баш омилен кај народот.
 
Покрај фосилни горива линијата од Плоешти према Кавказ е битен правец на комуникација со Северна Африка и поврзување од прагматична природа, швабите се свесни дека во догледно време нема да можат да ги доминираат отворените мориња и водените правци на комуникација пред се поради британците, така да Дониц применува тактика на глутница со подморниците со специфична цел да се прекинат сојузничките логистички текови.
Првично Северна Африка е во домен на италијаните кои се буквално понижени од британските колонијални гарнизони кои по ниту еден основ не би требало да бидат способни за судир со ваква воена формација, а истовремено Виши Франција не успева во обезбедување на поморските ресурси во служба на швабите од кои пред капитулацијата од континентална Франција дел се релоцираат во француска колонијална Африка, доаѓа до преврат, атентати и формирање на Слободните Французи. Отприлика во овој период се формира Африка Корпусот.
 
Да прашам едно прашање од темата вооружување ако има некој познавачи да ми одговорат. Пред некој ден видов Лугер со сајленсер т.е. придушивач во музејска поставка.
Колку било тоа реално а и користено оружје во периодот на ВСВ ?
Мене лично користење на сајленсери т.е. придушивачи во периодот на ВСВ ми е научна фантастика.
 
Back
На врв Bottom