Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 48: @Zlatikevichius - Бракот како институција треба да се укине)

Бракот како институција треба да се укине

  • Вкупно гласачи
    36
Инспирација од денес.

Брзината на автомобилите строго да се ограничи на 120 до 130 км/ч.

Едноставно не ја сфаќам поентата на возењето со 160 км/ч или повеќе. Како може нечиј личен адреналин и моментално задоволство да бидат поважни од реалниот ризик по животот на сите останати учесници во сообраќајот? Поради себичноста на поединци, страдаат невини луѓе. Не можам да разберам како некој ужива во тоа да глуми фраер, да се докажува и да се покажува зад воланот, додека луѓето што се возат со него претрпуваат стрес, се плашат и се чувствуваат целосно небезбедно.

Вистинската зрелост зад воланот не се мери со тоа колку брзо можеш да нагазиш на гасот, туку со тоа колку безбедно ќе ги донесеш патниците од точка А до точка Б.
Патиштата не се писти за докажување комплекси, туку јавен простор каде безбедноста мора да биде на прво место.
 
Веќе е ограничено, не сме Германија.
 
Порано бев да гласа дијаспората, но сега, од етнички причини, не знам колку би било паметно.

Не сум принципиелен по ова прашање, зависи кој губи, а кој одбива.

Националистички, но таква ни е ситуацијата во државата, не е прашање на даноци и слични работи...
 
Инспирација од денес.

Брзината на автомобилите строго да се ограничи на 120 до 130 км/ч.

Едноставно не ја сфаќам поентата на возењето со 160 км/ч или повеќе. Како може нечиј личен адреналин и моментално задоволство да бидат поважни од реалниот ризик по животот на сите останати учесници во сообраќајот? Поради себичноста на поединци, страдаат невини луѓе. Не можам да разберам како некој ужива во тоа да глуми фраер, да се докажува и да се покажува зад воланот, додека луѓето што се возат со него претрпуваат стрес, се плашат и се чувствуваат целосно небезбедно.

Вистинската зрелост зад воланот не се мери со тоа колку брзо можеш да нагазиш на гасот, туку со тоа колку безбедно ќе ги донесеш патниците од точка А до точка Б.
Патиштата не се писти за докажување комплекси, туку јавен простор каде безбедноста мора да биде на прво место.
... и тоа е многу според условите на нашите патишта, единствено ако се „претица“ возило да се има таа брзина, најголемиот проблем е мобилниот во рака, па уште типкање додека се вози, тука треба казна мнооооогу јака до 5000 Е, како ги измислиле мобилните за текстопишување и лајкување по социјални мрежи треба да се измисли нешто како да објаснам, на технички преглед да се вгради во секој автомобил блокатор на сигнал на НЕТ и на мобилен, а се влегува во автомобилот и се пали моторот Цкккк се затвора Нетот и мобилниот неактивен да се манипулира, сака некој да види ако некој се јавил, ќе си се паркира ќе угасне мотор и НЕТ ќе дојде и нека зборува до утре, сообраќајните несреќи секогаш се случуваат кога возачот е со мобилка во рака!
 
Брзината на автомобилите строго да се ограничи на 120 до 130 км/ч.
Да, дека ако некој ме акне со 120 на сат ништо нема да ми биде.

Не е ова темата патем, @Zlatikevichius е тагнат, да го почекаме.
 
Уф, што да биде контроверзно. Малку ја запоставив темава, не ни читав што имавте последните неколку теми. Ај нешто набрзинка, во 6 сабајле онака прво што ми текнува.

Бракот како институција треба да се укине. Далеку сум јас од некои современи либтардски текови, а уште подалеку од феминистичкиот point of view, кои верувам дека истово или слично нешто застапуваат. Ова го зборувам од чисто машка перспектива - не сум јас против заедница на маж и жена, и пред Бога, ете, да речеме. Ама сметам дека целата таа бирократија околу бракот како институција е непотребна. Пр. да не може да земеш кредит ако жена ти не се потпише, да не можеш да извадиш извод ако не потврдиш со венчаница дека си во брак, да не можеш да прднеш без жената која можеби ни не придонесува нешто за бракот и семејството, ама сепак се прашува. Жените свртете го обратно ова - секаде кај што пишува жената, читајте мажот, и обратно. Значи муабетот ми е - од бракот на хартија придобивки не постојат, затоа треба да се укине.

Па, пуцајте.
 
Има придобивки (и легални и граѓански) ама подоцна ќе ги споменам. Сега сум у фаза будење/бедање :)
 
Да. Сто пати да.
 
Па има причина зошто е направено тоа така. Ако утре ти текне да подигнеш огромен кредит, да го прокоцкаш или да го инвестираш во пропаднат бизнис, со тие пари утре се оптоварува целото семејство и децата, а не само ти. Државата не ја загрижува тоа дали некој придонесува помалку или повеќе во моментот (оти некогаш едниот чува деца дома додека другиот брка кариера, па пак е придонес), туку ја штити заедничката сопственост за да не остане некој на улица со туѓи долгови.

Кога двајца луѓе градат живот и инвестираат заедно (купуваат стан, кола, куќа), бракот треба да е правен штит. Без него, за секоја ситница ќе треба да се влечете по нотари и да правите посебни договори, што е уште поголема бирократија.

Друго, во случај на трагедија, сопружникот е тој што има правода донесе медицинска одлука, истото важи и за наследување и за пензии итн.

Така што, бракот нема врска со романтика да, но треба да постои за да поединецот биде зашитен и да нема грижа на совест за тоа што го снашло утре.
Автоматски споено мислење:

Да, дека ако некој ме акне со 120 на сат ништо нема да ми биде.

Не е ова темата патем, @Zlatikevichius е тагнат, да го почекаме.
Ок, немаше никој пишано затоа пишав. Избришете.
 
Уф, што да биде контроверзно. Малку ја запоставив темава, не ни читав што имавте последните неколку теми. Ај нешто набрзинка, во 6 сабајле онака прво што ми текнува.

Бракот како институција треба да се укине. Далеку сум јас од некои современи либтардски текови, а уште подалеку од феминистичкиот point of view, кои верувам дека истово или слично нешто застапуваат. Ова го зборувам од чисто машка перспектива - не сум јас против заедница на маж и жена, и пред Бога, ете, да речеме. Ама сметам дека целата таа бирократија околу бракот како институција е непотребна. Пр. да не може да земеш кредит ако жена ти не се потпише, да не можеш да извадиш извод ако не потврдиш со венчаница дека си во брак, да не можеш да прднеш без жената која можеби ни не придонесува нешто за бракот и семејството, ама сепак се прашува. Жените свртете го обратно ова - секаде кај што пишува жената, читајте мажот, и обратно. Значи муабетот ми е - од бракот на хартија придобивки не постојат, затоа треба да се укине.

Па, пуцајте.
Интересна тема. Против укинување на бракот. Најмногу од две причини.

Прво, ова би влијаело лошо на децата. Ако се укине бракот како институција и двајцата партнери немаат некакви обврски едни кон други (финансиски, морални, лични), тогаш истите, на споредливо полесен начин можат да бараат други партнери или едноставно да поминуваат помалку време во домот. Што е проблемот со ова? Децата не добиваат грижа, внимание од барем еден од родителите. Ако треба да споредам вредност на лична слобода/потрага по среќа на партнер и права на дете, секогаш на правото на детето би му дал предност, важно е детето да ги има двата родители во животот и да се до него (со ретки исклучоци каде веројатно подобро е детето да има само еден родител).

Второ, дури и ако партнерите немаат деца, ова ќе создаде повеќе кавги и неред меѓу нив. Ако бракот не постои, обврските кон партнерот не постојат, мажот и жената можат во секое време да одат со кого сакаат и каде сакаат, да трошат колку сакаат. Ова само по себе, ги прави врските подраматични, додава повеќе елементи на љубомора, расправии, недоразбирања што е лошо и за двајцата партнери. Па на ова ако додадеме и финансиски прашања, кој колку троши, немање на мотивација за заедничко инвестирање (во стан, куќа, на пример, што е важно денес за секое семејство), ова би ги направило врските повеќе комплицирани. Во период кога луѓе и онака не стапуваат во брак и стапките на развод се веќе високи, оваа промена би донела до уште помалку "спарувања" и деца, пошто генерално, луѓево не сакаат драма и комплицирани односи.

Наместо укинување, повеќе би бил за воведување на наставни програми или јавно достапни ресурси за како еден брак може подобро да функционира, или како еден родител може да биде подобар родител. Интересно е дека за двете работи кои најмногу влијаат на квалитет на живот (брак, родителство), нема никакви инструкции или сет на искуства од кој може да се научи. Се се сведува на интуиција, анегдоти, холивудски очекувања, искуство, а би било феноменално како што учиме пример како да дадеме прва помош или да возиме точак, да се покрива како правилно да се градат добри брачни односи или како да бидеш добар родител.
 
Ако имаш партнер што само бракот го држи под контрола, тур му пепел, тоа не е среќен брак. Имав луѓе со муабет стај и прстен да не избега, ама ако решила да избега, не прстен, синџир стај и и ќе избега. А ако не избега, подобро бегај ти, зашто тек тогаш почнува пеколот.
 
Тоа е фер, аргументот не ми е дека мора луѓето да се врзани до крај на живот по секоја цена, развод сеуште постои, туку дека компаративно: ако гледаме свет каде нема брак и свет каде има, по мене светот со брак е компаративно подобар (повеќе уреден за брачните другари и за децата).
 
Back
На врв Bottom