Што значи отворање на еден дата центар од 15 MW во Македонија како странска инвестиција?
Главни позитивни
Ќе се вработат околу 40-80 висококвалификувани лица.
Државата ќе добива околу €1 милион приходи годишно од данок на добивка.
Главни негативни
Би трошел струја колку 35.000-45.000 домаќинства, колку цела Битола или Куманово и повеќе, односно околу 2-2.4 % од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во државава.
Инаку, ние сме увозно зависна држава за електрична енергија.
Во 2025 г. сме увезле нето 13.74% од струјата која сме ја потрошиле.
Значи немаме доволно струја од наше производство за да се задоволат потребите на дата центарот и ако останеме увозно зависни, за одреден период цената на струја за домаќинствата ќе се зголеми за 5% до 10% од сегашната.
За ладење, ако користи класичен систем за ладење, би трошел околу 150–350 милиони литри вода годишно, еквивалентно на годишна потрошувачка на помало населено место, како Карбинци / Пехчево / Македонска Каменица / Кратово / Крушево.
Во сушниот летен период државава се соочува со околу 50–150 милиони m³ недостиг на вода за наводнување, потоа со
локален недостаток на вода за пиење во бројни населени места од 5–15% и
значително намален проток на реките.
IMO претерале со бројот на вработувања.