Па тоа е што го велиш вистината
@Staufer . Не сакав во детали да образложам за изборните места со исклучиво албанци, но само ќе кажам, од 100% население (дури и со авиони да доаѓаа), 102-105% имаше гласови за него. Очигледно корнеше на некој лош план. Гласачите добар дел беа добиени ради оваа негова позната изјава кон странските дипломати
https://www.facebook.com/MakedonskiBraniteli01Изјава на тогашниот претседател Борис Трајковски за бегалците од Косово 1999 година.At 0:21 you can hear and un...
www.youtube.com
Да го проширам муабетот и зошто сум против сите партии (веќе се мислам и за левица, со оглед на нивните популистички настапи, а скоро или никаква економска програма).
Јас, како дел од поширокото "семејство" на дпмне (дел од семејството вработени во некои "нивни" приватни фирми), а и од национални побуди повеќе пошо ги глеав ко спас за Македонијава, дотогаш ги гласав со две раце, цели наши семејства и роднини исто. Пред тоа ме нарекуваа вмровец (као погрдно за време бранкота, оти Дело тогаш не смееше да се чита или да се агитира за дпмне) оти имав вработени во нивни фирми (не заради дека ќе ги избркаат од работа туку од нивните идеи, програми и идеали), читав исклучиво Дело и Сонце. Дури, дур бев резервист Стенковец за војната Косово, не учеа дека дпмне биле терористи , не подучуваа да носиме ако излеземе преку жица, војнички каиш (со таков можеш слободно да растуриш и група), оти дпмне биле терористи

Меѓутоа, по војната, кога видов дека продолжија со раскрчмување на големите гиганти и другите општествени фирми, последно гласав за Груевски (кој донесе некој ред во фискалната и економска политика и ред нешта, го дигна бдп кое беше во голем минус за војната, се дистанцираше од постариот кадар кој учествуваше во приватизациите итн итн), Но, тој период, од 2010 наваму веќе други владееја со дпмне домашни и странски фактори па ни по војната ни по гласот за дпмне 2005 или 2006 не излегов веќе на гласање (или можеби уште еднаш двапати ради реформите на Груевски, пак за нив), поучен од истиот нивни менталитет да црпат ресурси без мака.
Е сега, као киша око Крагујевца, да скратам. Нит "револуција" ме интересираше нит сега промена повторно на власта.
Едино очекував кога ќе седнат бивши министри од сдс (вклучувајќи ги фрќко, гаргамел за учество не само во набавените делови, за скаламуции со разни банки, картички легализации, зајко и ексохриѓанецот хирург, лицето за некои прашања не заслуживме одговор) едноставно сите кои не доведоа до работ (за се по ред ради кое сега го јадеме) и од постарото дпмне како и некои македонски предавници за време војната (ако побарате, ќе видите кој учествувал во тие замки од учк).
Наместо тоа, добивме едно големо ништо, чмаат македонци оти влегле у собрание. Ебати чадорот што ги штити посебно последната гарнитура есдеесовси-би ги нарекол есесовци, ко кафанска тенда, а не чадор).
Факт е дека Трајковски не загинал ради пилотите (притоа загинаа од неговата делегација кои дел лично сум ги познавал и знаел како одлични професионалци). Како што постоеше голема можност и Милошевиќ да почине случајно од срцеви проблеми, а во неговото тело било најдено (официјална аутопсија, неофицијално којзнае што) рифампицин, антибиотик за туберкулоза и лепра кои го поништуваат дејството на лековите што ги земал од кардиопроблеми од кои страдал) као чисто паралела (не дека ми беше гајле за соседните земји) дека странските држави ги користат нашите клучни ликови, додека им требаат па после иде она мртва уста не зборуваат.
Но тоа се причините ради кои буквално ги мразам сите тие партии, ради кои заедно со корупцијата и пљачката ни ја донесоа оваа одлична држава да нема име, да нема пари, младите да немаат иднина, па и постарите, да идеме на дното од човековото општество. А некогаш пишувам од инает, ради самиот форумџија кон кого тоа се однесува, оти заслужил.
Се распишав, но со оглед на моето тукуречи нестанување од кревет и ограничена подвижност (осим со возило), морам со нешто да се занимавам (имам уште од историја да кажувам од перспектива на директен сведот на тие грозни настани и скаламуции и тоа не од весници него како современик ама ај да не ве давам, било, поминало, а некои нешта не се ни за на форум превише), а на вас да ви досаѓам со историја

Извинете за долгото писание

ако ви досаѓам, слободно стајте ме на игнор, не е битно.