Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто се МОЛЧИ, пратеничката Лилјана Поповска пред година дена поднесе до Усставен Суд Аргументиранподнесок за ПротивУставноста на Протоколот, ама Уставниот Суд МОЛЧИ, не се Изјаснува !!!!!
Уште ли со гомнарските изјави НЕКОЈ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР ????
Кацарска уште е во Уставен суд?
И колку Кацарскиии ги има таму...
 
Дали барањето на Мицкоски за нови избори не е поврзано со вклучувањето на Бугарите во Уставот со цел да се зацементираат уште 4 години власт?

HKiZNqQXAAAYdum.jpeg
 
Дали барањето на Мицкоски за нови избори не е поврзано со вклучувањето на Бугарите во Уставот со цел да се зацементираат
A ti imas nesto protiv bugari vo ustav ?
 
Дали барањето на Мицкоски за нови избори не е поврзано со вклучувањето на Бугарите во Уставот со цел да се зацементираат уште 4 години власт?

Прегледај го приврзокот 479839
Не можам да се сетам што би можел Мицика да понуди на парламентарните избори кои ќе се случат „многу скоро„...освен, секако, бесконечното инаетење на впишување на Бугарите во пусулчето.

На сите други полиња, Мицика и негојте се веќе видени...
 
Не можам да се сетам што би можел Мицика да понуди на парламентарните избори кои ќе се случат „многу скоро„...освен, секако, бесконечното инаетење на впишување на Бугарите во пусулчето.

На сите други полиња, Мицика и негојте се веќе видени...
Сега, само што не се. Ќе купат автобуси, ќе купат нови контејнери и камиони, ќе ќе ќе...ко што Шилеже ќе градеше брт и мостови, ќе.
 
Сега, само што не се. Ќе купат автобуси, ќе купат нови контејнери и камиони, ќе ќе ќе...ко што Шилеже ќе градеше брт и мостови, ќе.
Може да вети пензија на блгарки 65+,што ќе земат мкд пашапорт, ионака толку од Косово земаат :icon_mrgr:
 
На денешен ден Јован Андревски у сред рат поднесе оставка од позиција началник на Генералштабот на АРМ.
Му пукна филмот.

719863652_18066346286703272_7875420493418418569_n.jpg

и тоа е еден од најдостоинствените потези што некој го направил у тој рат.
 
Најголем срам е што сеуште спортската сала во Скопје го носи името на овој.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Најголем срам е што сеуште спортската сала во Скопје го носи името на овој.
Јас како човек кој сум гласал за ВМРО, за овој човек не излегов да гласам, не се сеќавам што како али нешто од старт ме држеше во резерва за овој лик.
 
За овој човек (без разлика на партијата), гласав за. Но резултатите од изборите по избирачки места, одбори како ли се викаат, во т.н. "албански" места (а во суштина македонски запоседнати повеќе силум него милум од албанците), резултатите кои излегоа тогаш (па одма ги снема нешто), беа сомнителни. Како човек претставителен, пред војната како домољуб ок, но за време на војната многу нешта се случија. Башка генералите беа експресно враќани од пензија заради ептен мизерниот капацитет тоа време на армијата. Се збореше тогаш и за еден од генералите во улога на американски човек, па од друга страна за улогата во мвр на слаткарот во најмала рака чуден избор во време на најголемите проблеми во војната.
Во суштина повеќето беа тешко промашување као Фрчко (дури и штетник и не само за мвр него и за Уставот и ред други проблеми низ државава), па Доста (подоцна отворена блгарка, лесна и земја), Костов, вечниот Трајанов (во чие време беа "откривани" дури цели неколку бункери со оружје низ планињето без истраги, разузнување и ред такви ликови. Па да не се заборави и распоредувањето на специјалците кога дпмне масовно протестираше против изборен фалсификат, а за кои наредба даде еден генерал за да се снабдат со борбена муниција.
Да не ги заборавиме и ликовите кои активно учествуваа во "случајните" познати масакри врз војската или полицијата, а дел од нив чисти македонци кои до ден денес не одговарале.
Автоматски споено мислење:

На 1 комита, дури тројца шпиони.
 
Последно уредено:
Ги следам ботовите на сдс на твитер... Ти пишуваш дека ти е мило што ќе следиме натпревари на македонски, тие ги бараат српските коментатори назад.
Веќе незнам дали преку ноќ престанаа со бугарска пропаганда околу србија или сменија страна.
Сеедно дали се бугараши или србомани, македонци не се.
Бановина Стара Србија или Западна Бугарија, тоа се они.
 
Трајковски беше слаб претседател едвај ги доби изборите после и се одрекоа ДПМНЕ од него. Не зборувам за човекот туку за претседателот. 2001ва не знам колку имал притисок од надвор, имал сигурно, ама па ако не можеш да се носиш со тој притисок не си за таква функција. Дел е од поразот. Од човечки аспект судбината негова е трагична и луѓето поради тоа го преувеличуваат.
 
Па тоа е што го велиш вистината @Staufer . Не сакав во детали да образложам за изборните места со исклучиво албанци, но само ќе кажам, од 100% население (дури и со авиони да доаѓаа), 102-105% имаше гласови за него. Очигледно корнеше на некој лош план. Гласачите добар дел беа добиени ради оваа негова позната изјава кон странските дипломати

Да го проширам муабетот и зошто сум против сите партии (веќе се мислам и за левица, со оглед на нивните популистички настапи, а скоро или никаква економска програма).
Јас, како дел од поширокото "семејство" на дпмне (дел од семејството вработени во некои "нивни" приватни фирми), а и од национални побуди повеќе пошо ги глеав ко спас за Македонијава, дотогаш ги гласав со две раце, цели наши семејства и роднини исто. Пред тоа ме нарекуваа вмровец (као погрдно за време бранкота, оти Дело тогаш не смееше да се чита или да се агитира за дпмне) оти имав вработени во нивни фирми (не заради дека ќе ги избркаат од работа туку од нивните идеи, програми и идеали), читав исклучиво Дело и Сонце. Дури, дур бев резервист Стенковец за војната Косово, не учеа дека дпмне биле терористи , не подучуваа да носиме ако излеземе преку жица, војнички каиш (со таков можеш слободно да растуриш и група), оти дпмне биле терористи :confused: Меѓутоа, по војната, кога видов дека продолжија со раскрчмување на големите гиганти и другите општествени фирми, последно гласав за Груевски (кој донесе некој ред во фискалната и економска политика и ред нешта, го дигна бдп кое беше во голем минус за војната, се дистанцираше од постариот кадар кој учествуваше во приватизациите итн итн), Но, тој период, од 2010 наваму веќе други владееја со дпмне домашни и странски фактори па ни по војната ни по гласот за дпмне 2005 или 2006 не излегов веќе на гласање (или можеби уште еднаш двапати ради реформите на Груевски, пак за нив), поучен од истиот нивни менталитет да црпат ресурси без мака.
Е сега, као киша око Крагујевца, да скратам. Нит "револуција" ме интересираше нит сега промена повторно на власта.
Едино очекував кога ќе седнат бивши министри од сдс (вклучувајќи ги фрќко, гаргамел за учество не само во набавените делови, за скаламуции со разни банки, картички легализации, зајко и ексохриѓанецот хирург, лицето за некои прашања не заслуживме одговор) едноставно сите кои не доведоа до работ (за се по ред ради кое сега го јадеме) и од постарото дпмне како и некои македонски предавници за време војната (ако побарате, ќе видите кој учествувал во тие замки од учк).
Наместо тоа, добивме едно големо ништо, чмаат македонци оти влегле у собрание. Ебати чадорот што ги штити посебно последната гарнитура есдеесовси-би ги нарекол есесовци, ко кафанска тенда, а не чадор).

Факт е дека Трајковски не загинал ради пилотите (притоа загинаа од неговата делегација кои дел лично сум ги познавал и знаел како одлични професионалци). Како што постоеше голема можност и Милошевиќ да почине случајно од срцеви проблеми, а во неговото тело било најдено (официјална аутопсија, неофицијално којзнае што) рифампицин, антибиотик за туберкулоза и лепра кои го поништуваат дејството на лековите што ги земал од кардиопроблеми од кои страдал) као чисто паралела (не дека ми беше гајле за соседните земји) дека странските држави ги користат нашите клучни ликови, додека им требаат па после иде она мртва уста не зборуваат.

Но тоа се причините ради кои буквално ги мразам сите тие партии, ради кои заедно со корупцијата и пљачката ни ја донесоа оваа одлична држава да нема име, да нема пари, младите да немаат иднина, па и постарите, да идеме на дното од човековото општество. А некогаш пишувам од инает, ради самиот форумџија кон кого тоа се однесува, оти заслужил.

Се распишав, но со оглед на моето тукуречи нестанување од кревет и ограничена подвижност (осим со возило), морам со нешто да се занимавам (имам уште од историја да кажувам од перспектива на директен сведот на тие грозни настани и скаламуции и тоа не од весници него како современик ама ај да не ве давам, било, поминало, а некои нешта не се ни за на форум превише), а на вас да ви досаѓам со историја :D Извинете за долгото писание
:) ако ви досаѓам, слободно стајте ме на игнор, не е битно.
 
Ги следам ботовите на сдс на твитер... Ти пишуваш дека ти е мило што ќе следиме натпревари на македонски, тие ги бараат српските коментатори назад.
Веќе незнам дали преку ноќ престанаа со бугарска пропаганда околу србија или сменија страна.
Сеедно дали се бугараши или србомани, македонци не се.
Бановина Стара Србија или Западна Бугарија, тоа се они.
Бугараши кои повеќе го сакаат српскиот јазик. :D
 
Бугараши кои повеќе го сакаат српскиот јазик. :D
Тоа се или ликови мои генерации или нивни деца, внуци, задоени во тој дух, исклучиво "Издали ме пријатељи" музика и наклоност кон одреден комшија. Мене ме искара и казни у јна тогаш заставникот (прашања во строј имавме наутро) само затоа што ме праша и одговарав на македонски и опоменат пак на македонски. Не бев нешто превише задоен во заеднички југо дух со српскохрватски говор (иако и македонскиот беше споменат како службен во тогашна ЈУ. Тоа задоеност (и ден денес "Не могуу да живим без тебеее", по свадби и во коли ечи) беше ваљда дел од причините зашто некои реагирале на нашите коментатори. А да ти е милина да ги слушаш нашиве конечно.
Автоматски споено мислење:

Инаку нас повеќе треба да не загрижат ваквите
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom