За идеале гину будале, тоа е точно, во право беше покоен Бора, но партизаните не се бореа за идеали, туку за гол опстанок, бидејќи една работа која што им стана јасна како ден и ноќ не само на југословенските народи, туку општо на сите народи кои се најдоа под нацистичка и фашистичка окупација за време на Втората Светска Војна, беше фактот дека на нацистите први не-луѓе - како што тие ги нарекуваа - на список за истребување им се Евреите, а откако ќе завршат со нив наредни на списокот ќе им бидат Ромите, па Полјаците, па Русите и останатите словенски народи, со ретки исклучоци на кои ќе им биде дозволено да им бидат робови на швабите.
Кога се наоѓаш во безизлезна ситуацијата - бидејќи немаш баш каде и како да избегаш - а единствениот избор ти е или да му се покориш на некој кој се колне во твоето истребување и да се надеваш дека тебе последен ќе те убие, или да му се спротивставиш, не е тешко да одбереш страна. Тоа не е идеал, туку прашање на здрав ум и разум.
Инаку да те потсетам дека еден од потписниците на договорот од Нивици со Гејлада во 2018 - поконкретно претставникот на македонската страна - е кодош на ЦИА, толку од неутралноста на САД, Епл, Гугл, Мајкрософт и останати американски ентитети кои ги признавале македонската држава и македонскиот јазик.
Точно, тоа е најлошиот дел.
Кога луѓето ќе се навикнат на колежот и истиот ќе им стане секојдневие, ќе следува ужасен крај или ужас без крај.