Додека ти ги читаш извештаите на паразити, кои земаат плата за претурање од шупливо во празно и правејќи се кобајаги нешто работат, на другата страна на светот го имаш ова:Значи - вчера имав можност да го прочитам извештајот на Европскиот парламент,кој беше одобрен од Комисијата за надворешни работи пред една недела, и неговата конечна верзија, з која ќе се гласа во пленарната сала ,и набрзина ќе скицирам неколку точки.
На разочарување на Мицко, кој 10 пати на ден објаснува како сте лидери во регионот, во документот се забележува дека недостасува напредок во сите важни реформи.
ЕП ја нагласува важноста на спроведувањето на меѓународните договори во духот на добра волја, како што се Преспанскиот договор и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
Во документот се истакнува „постоењето на различни толкувања во врска со историските карактеристики на македонското општество“, и се повикува на продолжување на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и РСМ. Долго време нема напредок во нејзината работа и во извештајот се повикува „да ја извршува својата работа со добра намера“.
Во извештајот се изразува силна загриженост што последната седница на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се одржа на 17 јули 2022 година и дека оттогаш не е одржана нова седница. Ги повикува владите на Бугарија и РСМ брзо да ја организираат третата седница на Заедничката меѓувладина комисија со цел да се постигне напредок во спроведувањето на Договорот и неговите протоколи.
„Текстовите треба да го одразуваат толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа, врз основа на објективни, автентични и засновани на докази историски извори и документи, научно толкување и историски настани, како што е предвидено во вториот протокол кон Договорот со Бугарија“, се повикува во извештајот.
Европскиот парламент ги осудува сите обиди за замена на историски факти, споменици и/или артефакти, вклучително и уништувањето на автентичното културно наследство, и изразува жалење за уништувањето на бугарските споменици и фалсификувањето на бугарските натписи.
На крај, но не и најмалку важно, Европскиот парламент со загриженост ги забележува сè посилните врски меѓу Северна Македонија и српската влада, „која следи нелиберална агенда“.
Има и уште, но тоа е најважното.
China debuts 'world’s first' million-ton hydrogen-electric steel line
China’s Baowu Steel has launched a world-first million-tonne near-zero-carbon production line in Zhanjiang City, Guangdong Province.