Тоа е вистинското прашање во случајот Еуростандард, каде се парите. Одговор на тоа прашање се добива многу лесно. Се што треба е обвинителството да направи ревизија на 100ина најголеми кредити кои се ненаплатени и денес, да се утврди кој го зел кредитот, кој го одобрил кредитот и кој ја правел проценката на обезбедувањето или кој го одобрил кредитот без обезбедување. И ете го одговорот кај се парите и кој треба да се земе на одговорност. Јас лично знам за повеќе кредити кои се и денес ненаплатени и нема никогаш да се наплатат. Од небо се гледа дека се земени без намера да се вратат, треба должникот да е излезен од лудница па да врати таков гол кредит. Пример, земал кредит од 300 000е на фирма која реално нема никаков имот, дал во залог старо железо кое можеш да го дадеш само во отпад на кило и за тоа би добил максимум 300е. И пази, за физичкото лице нема меница ниту пак во договорот фигурира како кокредитобарател или слично, чисто само фирмата одговара за кредитот. И сега фирмата со години не работи ниту има некаков имот, или пак е отидена во стечај и затворена. Е, за да добиеш таков торта кредит, секако дека тортата треба да ја поделиш со тој што ти ја дал. Ете каде се парите. Мислам дека Трифун е насанкан од негови луѓе во кои имал премногу доверба, немал контрола на тоа што и како се работи во банката.