И на политичкиот режим, зошто да не.
Ирскиот модел никогаш нема да профункционира кај нас, затоа пробаа со некој хибрид налик кинескиот. До некаде профункционира, ама мораше да се пристапи со поголеми јајца. Ако алудираш на градењето на економијата и преку дијаспората, може да вроди со плод, секоја инвестиција е добредојдена, меѓутоа прашање е зошто некој би инвестирал во држава во која довербата во правосудниот систем руши негативни рекорди? Се е партизирано, “повикај пријател“ е најкористениот џокер во секојдневниот живот, во секоја ситуација. Дури не постои стимуланс со кој домашниот бизнис сектор би ги извадил парите од под перница и би ги вложил во економијата.
Има невработеност која е над природната стапка, на пазарот нема работна сила, а државата е најголемиот работодавец. Зошто некој да инвестира во економија која служи како хранилка на партиската администрација, а притоа самата држава не презема никакви чекори кон намалување на овој сопствен финансиски товар? Наместо да се увезува работна сила, може постепено да се намалува јавната и државната администрација. Тешко е да се креира капитал, лесно е да се троши.