1. The Rescuers
Ќе запознам со цртан во продукција на Дизни. Приказната е топла, лесна и интересна. Глувчињата се обудуваат да спасат девојче, кое е киднапирано од своето сиропиталиште, со цел да пронајде редок дијамант.
Прекрасна приказна со среќен крај, од сребрената ера на Дизни, кога сеуште зрачеа со оригиналност, иако, нели, најголемиот дел од долгометражните цртани им се преработка на сказни, приказни и бајки. Ама и во тие имаат свое јас, иновативност, имагинативност, цртежот да го прикажат тродимензионален, да му дадат карактер, емоција и длабочина. Затоа нивните приказни сеуште се живи, и по 90 години, за разлика од најголемиот дел од филмовите од таа ера.
Медуза ми беше некој микс меѓу визуелизација на Моргана од Малата сирена и карактеризација на Круела од 101 далматинец. 3/5
2. House
Јапонска хорор-комедија, меѓутоа со комедијата во овој филм баш и не си кликнавме. Имаше одлични хорор сцени, супер хорор атмосфера, за филм кој е стар 50 години. Интересни специјални ефекти.
Мислам...сцената со кофата беше глупава, онака баш безбезе, крајно непотребна. Не ми се допаѓа ни тоа што се користат очигледни позадински плакати, наместо да се долови позадината со природа. Колку и да е нискобуџетен филмот, може да ги долови тие неколку сцени со небо и планини. Банани, скелети кои играат, коментирање на катерките за сцените...океј, меѓутоа се губи на пикантноста и на атмосферата.
Го избрав затоа што е култен хорор филм, со релативно висока оценка. Плус беше доста секси, ноџиња, цициња и газиња, ги немаше многу, ама овие сцени беа секси. Уметничка експлицитност.
И да, тетката личеше на Вили Вонка. Интересно е кога некој ќе проба да ги спои овие два спротивни жарнови во едно, страв и смеа. Само, пак, со смеата не се погодивме. Различна публика, различно време. 3/5