Arena Sport - спортски пакет тв канали

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola3103
  • Време на започнување Време на започнување
пишав погоре, 3 канали ќе се променат
И ајде сега НФЛ иде на премиумите, сакаш да ми кажеш имаме коментатори кои знаат НФЛ? :ROFLMAO: Еве пример Формула 1 идела на Адреналин, или некоја утакмица ПЛ идела на Арена 4 Премиум. Снимка од тоа некад ќе дадат на премиум 1-3 во Србија и кај нас што? Нема да се емитуваат снимки? Тоа сепак ќе се емитува на српски пошо немало МК коментатор пошо идел на канал кој не е во МК? Еве викендов дел МотоГП одеше на 3 премиум дел на 4 премиум и што? Мото3 ќе гледаме МК коментатор, ама мото2 и мотогп српски пошо не идат на ист канал? Хахахахахаахахах лудило.

Поише небулози него решенија.
 
Последно уредено:
Од кај па ти знаеш дека нема? Еве оди коментирај ти.
Ние више немаме кадар од новинари уште помалку па спортски а па прашање дали имаме за нешто друго освен фудбал кошарка ракомет евентуално тенис. Арена српската коментаторите како и сите други телевизии генерално се тематски. Срки и пајо пример само Формула работат и ништо друго пошо немаат познавање. Кај нас МРТ еден ист пукаше да коментира и Формула и кошарка и скијање и тенис а врска нема од се тоа чоекот. И после лоши биле коментаторите. Епа биле. Сркајте си.
 
Како да префрлат кабелските кога source-от е од Arena? Не зависи ништо од кабелските, едноставно истите 3 канали ќе се променат од кај нив и толку
Вака е уште подобро.
 
Од кај па ти знаеш дека нема? Еве оди коментирај ти.
Па нема бе друже за НФЛ, во Македонија не го рачунаат за спорт, кај нас спортски новинари не знаат основни фудбалски правила не па НФЛ. Ако не се лажам,. порано кај нас Тупурковски коментираше НФЛ.
Србиве иако имаат "НФЛ" лига се крш, хрватите Хрвоје и Иван се топ коментатори, и најлоша утакмица да е (а нема таква), ќе ти задржат внимание.
 
Другари, мора да се промовира македонскиот јазик до максимум, зашто ние све да зависиме од некој? Како можат помали земји од нас да имаат секакви канали на нивни јазици.

Мене ме нервира што морам на српски да гледам преноси, звезде гранди и т.н. Најмногу се криви нашите тв, ги заболе нив за нашиот јазик и култура.

Така да се радувам кога ќе слушнам дека некој канал се локализира на наш јазик, затоа што како што запнале од секоја страна да не напаѓаат, уште некое време место МТВ ќе гледаме БТВ изгледа.
 
Најмногу се криви нашите тв, ги заболе нив за нашиот јазик и култура.
Па тоа викам, значи нашиве телевизии ќе емитуваат ѕвезде гранди ќе изнакупуваат се тоа српското ќе му шлапнат превод ко филм да е и после Арена крива што не нудела канали на македонски? :ROFLMAO: Како да нудат кога нашиве пола продукција им ка откупуваат и србите нормално си добиваат пари за тоа?
 
Ние више немаме кадар од новинари уште помалку па спортски а па прашање дали имаме за нешто друго освен фудбал кошарка ракомет евентуално тенис. Арена српската коментаторите како и сите други телевизии генерално се тематски. Срки и пајо пример само Формула работат и ништо друго пошо немаат познавање. Кај нас МРТ еден ист пукаше да коментира и Формула и кошарка и скијање и тенис а врска нема од се тоа чоекот. И после лоши биле коментаторите. Епа биле. Сркајте си.
Затоа се надевам дека локализирањево на Arena Sport на македонски ќе допринесе да се развива спортското новинарство. Дека ќе е мотив за нови млади ликови да доаѓаат.

Мене слабо ме интересира да гледам фудбал и општо спорт освен тенис, по нешто атлетика на олимпијада и нешто зимска олимпијада. Сепак ме радува мене дека ќе имаме локализација/македонска верзија на тематски канал како филијала/подружница во Македонија со своја локација простории во Скопје. Се надевам дека нема да е само коментатори туку комплетна верзија македонска со сите нишани како што треба.
 
Последно уредено:
Од едната страна сакаме на македонски јазик, од друга страна ама не знаат нашите да коментираат :)
Ако на српската арена дно се коментаторите освен два тројца другото е ниво на локална телевизија шумадија.
Искрено ме боли кур на каков јазик ке ја гледам утакмицата, секако кога ќе има некоја утакмица и на МТВ и на Арена (пример финалето Охрид-Татабања) си го гледав на Арена, бидејќи ми се сери од нашите кловнови од новинари. И сега рачунај како што пишаа погоре, ќе ти ги тупнат 3 канали со тумруци, а веројатно нема да е и иста програмата, ете некој НФЛ утакмица сака да гледа која ќе оди на премиум 1, а на македонската не, па чукај си ја главата барај по стримови и иптв утакмицата. Како што реков нека додадат уште еден канал Арена МК и нека одат таму ПМФЛ, Суперлига ракомет, тек тук по некоја утакмица од ЛШ, Премиер, Сериа А, Ла Лига, ама да ги заменат Премиум од 1 до 3, нема никаква логика.

Инаку, Зоран Мишевски ќе работи на Арена сега за СП.
 
Последно уредено:
Инаку, Зоран Мишевски ќе работи на Арена сега за СП.
На која телевизија работел Зоран Мишевски пред Arena Sport?

Teбе може те заболе кур на кој јазик ќе слушаш спортски пренос ама поразително е во држава во која живееш легално да ти нудат на друг јазик да слушаш пример пренос на значаен спортски пренос.

Не дека е лошо што ќе слушаш на српски, што ќе гледаш српска содржина. Убаво е што имаме и српски тв канали и секакви тв канали на повеќе јазици. Секој јазик е убаво да знаеш но што повеќе во државата во која живееш се слуша мајчиниот јазик повеќе се негува тој јазик.

Точно дека српските спортски новинари се подобри од нашите ама отиди во соседните држави Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Словенија.. пушти спорт на телевизија таму и ќе видиш дека нема и нема да има кај нив на туѓ јазик пренос на светско, европски и други значајни преноси.
 
Последно уредено:
Само македончето не го интересира на кој јазик ќе слуша, затоа ни е и државата таква каква што ни е. Зашто бугарот или србинот не слушааат македонски коментатор? Затоа што си го почитуваат јазикот. Толку.
 
Добро е што ќе има на македонски али пред се треба да се задржи квалитетот на преносот не само зашто зборат македонски да добијат шанса да коментираат. Не може некој коментатор кој не гледал ниту една утакмица НФЛ од утре да коментира НФЛ пренос, или да коментира формула а појма нема ни возачи ни правил ништо. Уствари кај се фатив јас за овие спортови, тоа нема асални коментатори ниту евролига у кошарка или фудбал да најдеш за да коментираат на македонски.
Треба да има период на транзиција каде ќе се развиваат нови спортски новинари кои во иднина би превезмале 100% од српските.
 
Ај вака сеа.
Прво и основно ние немаме десет спортски коментатори во државата моментално(5 останаа во мрт, 5 ќе се во арена, освен ако некој преку ноќ не станал коментатор), а не пак да се делат по спортови кој што и како да коментира.
Тие три канали што ќе се отворат на македонски јазик ќе се дури и многу, не знам како ќе крпат крај со крај за да се одржуваат со преноси. Повеќе се отворени да се запазат некои закони што мора да се испочитуваат, првиот е да има светско првенство на мајчин јазик.

Споредуваме со Србија, пазар од 8 милиони и ние со пазар од 1.5 милион, од кои 1 милион се задоени со политика и не ги интересира ништо друго. Па едно Косово не помина од спортски телевизии, до вложување во тие телевизии. Ние се фалиме дека сме купиле дрон за пренос на спортски настан, успат искористен за фолк фест Валандово.

Но, ова е добар чекор за да се почне и со некоја новинарска школа или како да се нарече, за млади дечки што сакаат и имаат желба за спортски коментатори. На крај краева сигурно нема да коментираат од одма познати утакмици, нека се учат на македонски фудбал, никој нема да најде замерка.

Ние мислиме сѐ што е на српско хрватски е добро за слушање, а дали имаат појма од коментирање тоа не не интересира. Па една хрт позајми коментатори за светското од спорт клуб за да имаат колку толку квалитет и да се покријат добро со луѓе.

Ќе видиме кога ќе стартува телевизијата како ќе се одвиваат работите, па ќе коментираме и критикуваме.
 
На која телевизија работел Зоран Мишевски пред Arena Sport?

Teбе може те заболе кур на кој јазик ќе слушаш спортски пренос ама поразително е во држава во која живееш легално да ти нудат на друг јазик да слушаш пример пренос на значаен спортски пренос.

Не дека е лошо што ќе слушаш на српски, што ќе гледаш српска содржина. Убаво е што имаме и српски тв канали и секакви тв канали на повеќе јазици. Секој јазик е убаво да знаеш но што повеќе во државата во која живееш се слуша мајчиниот јазик повеќе се негува тој јазик.

Точно дека српските спортски новинари се подобри од нашите ама отиди во соседните држави Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Словенија.. пушти спорт на телевизија таму и ќе видиш дека нема и нема да има кај нив на туѓ јазик пренос на светско, европски и други значајни преноси.
Чекај бе друже бе кој ги спречува МРТ Сител Канал 5 Алфа и сите со национална концесија години уназад да испокупат се од ТВ права да исподелат и се да имаш на македонски а? Кој ги спречува? Ние македончињата? Формула пред 10 години кога ниваму нитаму беше српскиот СК имаше за србија хрватскиот за хрватска само никој од нашиве простаци не се нафаќаше да купи. Телеком дури им текма некако пуштија посебен феед само за Ф1 први трки тек после им текна на ТВ24. И после сеа идат со изјави ама знаете не е фер други купуваат кај нас. Па што не си купил бе мајката да ти ја е*ам кога си имал можност на тацна дадена и да развиеш и да почнеш и се да направиш и сеа само плукаш по другите што виделе бизнис можност и влегле на пазар?

Арена еве 2-3 години со 100-200 милиони е у загуба па никому ништо државата им фрла пари ко од шала. Капитализам више те јаде братски, поголемиот ќе те изеде, кога си имал можност кога се кукало по форуми дека канта се преносиве и коментаториски што не си работел бе да си се подобриш? Ај коментирањето ама и технички и се придружно кај нас било гомнарии, де не слушаш коментатор де реклами сред пренос глас рокаат, врска немаат технички за audio ducking и automatic gain control никад у живот не сум видел имплементирано да е на некока тв кај нас, некад немаш звук од таму де каснат у пренос, де немало место на кој канал да иде… Дебакл. И сеа се чудиме зошто е вака?

Еве бе и да се изнаети Мицко сеа да му текне да воведат закон да не смеат тв преноси со странски коментатор, кој си бе ти да одлучуваш? Што праиме ако Арена рече океј луѓе тоа е праете што сакате не ни се исплати да инвестираме у ова? Што Мицко Зајко ќе отворат ко вучко што ја отвори финансира Арена? Жими таквото. И никој од нашиве нит тогаш нема да се нафати да откупи било што. ЛШ евентуално некоја фудбалска лига друго гледајте си на стримови.

А да не збориме дека нит Арена нит СК пуштаат на било што реклами у пренос, а тоа кај нас било мисловна именка.

И дојдовме до дереџе да ја молиме Арена и вучко да ни пуштат коментаторче на македонски а последни 10-15 години мртвило е кај нас и дури кога имале перфектна можност никој не откупувал права се молело и квичело тука по форуми да се направи нешто… епа сркајте си, кога сакаме се на готово и никој не сака да си ги сработи своето.
 
Последно уредено:
Eве колку платиле Arena Sport за правата на англиската Премиер Лига

9420.jpg
 
Back
На врв Bottom