Абе СИТЕ релевантни медиуми и новинари пренесоа дека има понуда, Барселона исто тврди дека пратиле понуда.
Откако некои медиуми, меѓу кои и Романо објавија и дека Алварез одбил преговори за нов договор и им соопштил дека сака да си оди, од Атлетико како разгалена тинејџерка во ПМС почнаа да се бламираат и да пробиваат дно, да пишуваат глупости од официјалниот акаунт на твитер. Бог да чува.
Факт е дека се помал клуб и дека кога-тогаш играч како Алварез ќе побара да си замине, Барселона му е клуб за кој навива за дете и сосема нормално е сега кога има интерес од нив, да сака да го искористи моментот.
Единствени кои се бламираат овде се Атлетико, покажувајќи синдром на напуштена љубовница и пробувајќи да задржат играч кој очигледно сака да си оди. Или пак правејќи скандали сакаат да извлечат шо повеќе пари.
Дополнителен проблем им претставува и тоа што ПСЖ ќе има плати повеќе од Барселона, но играчот ја преферира Барселона. Тоа за Атлетико е лошо, затоа што го губат најдобриот играч за пониска цена од таа што можат да му ја земат и плус ја засилуваат Барселона (конкурент за титула во купот).