Пак не ми реплицираш објективно, туку лично, и цело време Украина ја споредуваш!
Тоа ли им е целта на русите?! Да се рамнат со украинците?! Да имаат подобар стандард од нив!?
Русите се веројатно најсиромашна нација на светов во поглед на какви ресурси лежат!
Ете ти си бил шетан, ги знаеш цените низ европа...
Ние од селово не сме испаднале...
Муабет за пред кооперација, уште пиво и месен нарезак фали!
Европа пропаѓа, готово, еве, утре, другиден, кај да е..
Свестете се бе луѓе! Возрасни сте! 5 години постари откако почна срањево!
Уште ли ќе вергламе бош муабети?
Чекај а ти ова што го напиша го поткрепи некако со факти? Или само зеде изнапиша бош муабет? Тоа за објективно го сметаш?
Објективно ти беше одговорено на претходниот пост. Со бројки и конкретни примери. Ти продолжи со бош муабети и пред коорперација со пивцето, јајцата и нарезак. Искрено криво ми е и што ти реплицирав. Со оваа реплика си се закопа сам. Бидејќи буквално ништо не напиша да го докажеш тоа што го напиша првично и за кое ти реплицирав.
Како и минатиот пат требаше да оставам за резервите да си тераш муабет што си прочитал некаде.
После велиш си бил погрешно информиран. Сега ем погрешно информиран ем игнорантен.
Кој ја споредува Украина? Ти укажувам само на траекторијата по која се движат.
Која им е целта на Русите?
Незнам што не ти е јасно. Јасно ви е кажано дека спремни се и 20 годни да војуваат ако е потребно Русија. Зошто го ингорираш ова? Еј од официјални лица го имаш ова. Ти верглаш нешто што тебе ти одговара. Значи си имаат цел и тоа е тоа.
Европа е на траекторијата веќе некој период.
Како го замислуваш ти тоа пропаѓање? Утре излагаат и викат крај? Зарем за тебе рмбање до 70 е знак дека супер е? Укинување на работната недела од максимум 50 часа ти говори дека супер е? Укинување на осигурувањето за сопружниот партнер кој можеше да биде осигуран преку сопруг е идеално сценарио по кое се движи државата?
Не ти го говорам ова како некој што измсилува топла вода, туку лично засегнат. Само што форумов не е место за да си го мерам со тебе или со некој друг. Ако сакаш лични докази ете ти пп, па можеш да ме прашаш лично зошто сум лично засегнат.
Не мора мене да ме ни читаш. Имаш на реддит добар суб за Германија и вработувања. Отвори и читај.
Гледам дебатирањево го префли на лична база. Ние 5 години откако почна. А ти со веројатно 40+ години во газот и уште незнаеш да се носиш со објективна дебата.
Искрено со пристапов кон дебата, како од село и да делуваш дека си. Макар и од село да си што не гледам да е проблем, да си треба да знаеш да дебатираш со факти. А не со бош муабетите кои ги верглаш.
Повели јас уште ќе чекам да докажеш како од шала го направиле тоа што го тврдиш дека го направиле.
И земи си комбинизон за дожд. Ќе врне на Нирнбург.