Затоа шо е у јавна институција, сеа е климатизирано внатре, има 10мин до 1 саат време работа. Внатре на ново, климатизирано, средено. Сакавте ново? Епа има да се понашате ко господа, не ко стока.
Ја бев у пантолони долги, маица со кратки и патики. Идев пешки од Соборна до Телевизија и назад. И жива сум. И никој не го заболе бе друже дали моеш или не на 30 факинг степени.
Прво е СЕЉАЧКИ да доеш у апостолки и толку краток шорц.
Разбираш ти друже дрес код или не ти е јасно?
Вака само на кеј се иде. Може успат од стаза ѝ текнало да заврши нешо.
У банка исто се иде среден.
По државни институции или битни институции освен шпонови и глупи Македонци влага и културен народ од странство. Не мора да се брукаме.
Иди било кај пробај у суд, банка, црква, јавна установа да влезеш несоодветно облечен.
Убаво имав професорка у средно шо нѐ враќаше дома, за фармерки скинати, тренерки, нокти долги, трепки вештачки.
Сме плачеле по дома. Ама отиде све у курац.
Затоа не ни куцам више толку. Си ибало матер овде оправање народ. Дрес код ви е мисловна именка не па нешо друго.
И по папучи, влечки, сандали или апостолки ми е безвезе да се шетам, патиката е крал на обувките. Полајт, поопуштена, поспортска, не мора да е строго деловна, да свети ко ќелава глава на сонце.
Сега дел од овие институции што ги наброја се приватни, како банките, и немаат некоја политика да враќаат граѓани назад затоа што работат на релативно мал пазар, со голема конкуренција. Посветуваат внимание за грижата за клиенти. Оние кои се државни, можат да форсираат дрес-код политика, и сакаш-не сакаш мора да ја почитуваш затоа што ти треба таа услуга. Ама верувај, за неколку денови ќе омекнат овие мерки, никој нема ни да ги почитува, ни да ги имплементира.
Еднаш зборував дека одредени професори на факс имаа воспоставен критериум за облекување, не дозволуваа студентот како сака облечен да дојде на испит, па и на предавање. Папучи, кратки фустанчиња и хавајки беа забранети. Не кај сите професори, кај дел.
Во однос на твојата мака, да си ја споделам мојата приправничка. Скоро две години секојдневно по инситуции, нотари, извршители, градско собрание, централен, пошта, УЈП, општини, даночни одделенија, банки, агенција за вработување, царина...каде не, и лето и зима, се издржува. Луѓето кои работат во надворешни услови, издржуваат. Ќе издржи секој, пола саат-саат, ако институцијата тоа го бара.
Еднаш ни правеа проблем во едно министерство, не дозволија вработен да влезе по работна униформа (овде веќе не бев приправник) затоа што наликувала на тренерка, што е безвезе! Така, не секој формален дрес-код е паметна имплементација затоа што мора да се земе предвид и дека не секој може да си ги исполни работните задолженија односно задачи ако не биде пуштен во таа институција, мислам дека ме разбираш што сакам да кажам. Тогаш влегов затоа што не носам работна униформа, која кај нас не е задолжителна, ама сепак...да носев се бацев врата.
пи.ес. Нека не те лажат погоре дека штиклите се пресудниот фактор еден маж да попушти, туку босите ноџиња. Да му веруваш на бато.
Башка патика > штикла.