Дали би патувале сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата Thundercloud
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи од табиетот и што сакаш!
Во хостел уствари никад не си сам, атмосферата е понеофоцијална, бргу можеш да најдеш соговорник.
Јас на стари години бев, супер, со филипинката под мене одма склопивме сојуз:)
Во бифето одма друштво за гледање фудбал.
Шанкот онака понародски, седиш порачуваш пиво, гледаш бледо, шанкерката ти вика што преферираш? Вајзен, светло, темно? Ти препорачувам да пробаш едно локално...
Тоа во хотел го нема.
Е тебе те разбирам, тоалет и бања за женско се поважни, отколку за нас машките!
Автоматски споено мислење:

Нема врска она со Берлин, терај си кејфот! Што Рим или Барселона да не се поарни!
Јас во Италија би бирал од Џенова накај Милано, а ако си по природа накај Јужен Тирол, љепота. Болцано, Мерано... германска култура со медитеранска клима, а над тебе Алпи, Доломити....

Шо знам, и да и не. Прв пат кога бевме во Мадрид бевме сместени во хостел првите два дена, ама хостел хостел, предобро уреден, имавме заеднички тоалети ама бројни беа и премногу чисти.
Во собите бевме само жени, има таква опција и цимерките наши беа сите сами на патување, топ си врвеа во бифето, имаше секоја вечер собири за некои симболични цени да пиеш сангрија неограничено и некое мезе, од таму продолжуваа во некој паб па во ноќен клуб.
Ние ме бевме за таква шема па не ги дружевме, немтурки класични :)
Многу беше среден хостелот, ама јас ако се прашувам хотел или апартман, јас секогаш ова второто го одбирам оти имам повеќе комфорт и како дома се осеќам.
Во Барселона има и да делиш смештај со некого и тоа го имам искусено кога бевме со сопругот Барселона, ептен ни се погодија цимерите.
Ама сам си е најубо и рајат
Чисто од безбедносни причини, ништо друго. :D

Строго би бирала хотел, и тоа со добри reviews.
 
Како беше песничката: секое патување, ново доживување :D
Најако т.е. нјфрики ми е едно патување 2004 на Закинтос и патот назад.
Малку што престојот беше урнебес, враќањето беше да не поверуваш.
Кој не помни, таа година беше олимпијада во Атина.
И јас со автобус се вратив до Атина(Кифиси) негде околу 2 после полноќ. Гледам такси за до железничка, вика да се собереме неколку души по 15 евра од човек ќе биде. Патот е максимум 2 до 2.5 км, му реков да шета, он ми вика ти си малку нездрав ако мислиш пешки да идеш. Е не тебе ќе те прашам!
И си тргнав по булеварот лежерно, после неколку минути оп кабриолет со плавуша застанува, сакаш да се повозиш:pos:, нее фала. Не поминав 200 метри, друг кабриолет, сега бринета:D, пак фала. Понатаму позади дрворедот иде кавга на големо, макро и проститутка се расправаат за пари. Се израдував кога видов автобуска станица, знам дека нема автобуси во тоа време, ама има карта и точка (you are here), аха местото сеуште е надвор од таа карта. Поминав околу километар и кусур, гледам црква, стои една тетка околу 60 годинки и чури цигара. Си велам, аа друже ти си стигнал во цивилизација штом бабава е тука, нормално треба да е. Не ја одминав ни 30 метри, слушам гласен разговор, чиче со БМВ се погаѓа за цена со бабиштето:ROFLMAO:. А 100 метри понатаму е главната полициска станица, ама бизнисот врве.
Некако догурав до железничката, ама морам да признаам патот беше жива егзотика.
Така да за патување сам, понекогаш треба и муда и желудник:toe:
 
Кога почнав да ти го читам постот, викам овој глуп ко онаа сцената од филмот Глуп и Глуп на крај со женските и автобусот, ама после дочитав до крај.
Па ништо страшно, исто како у 2 - 3 саат по полноќ да пројдеш од кај МКЦ и МРТ у Скопје.

Сум видел и доста други и машки и женски и постора и помлади да патуваат сами.
Нема многу фрки ако си стоиш на страна и не се курчиш.
 
МКЦ и МРТ се 150-200 метри, плус дома си.
Ова 2 километри, ама Ок пософистицирано беше, со скапи коли и шминки :D
 
МКЦ и МРТ се 150-200 метри, плус дома си.
Ова 2 километри, ама Ок пософистицирано беше, со скапи коли и шминки :D
Сум видел у Прага слично на ова што опиша.

Нема што да се плашиш, брат, они сакаат пари. Треба да се плашиш ако не им платиш по услугата, иначе немаш гајле.

Најдоброто од тоа што патува човек сам, е учење/навикнување да зависиш сам од себе. Да збориш англиски или некој друг странски јазик зависи кај одиш, сам да си планираш за плажа, јадење, излегување, не зависиш од желбите на друштвото. Можеш да запознаеш кој сакаш. А од безбедност, па просто го вадиш тоа чувство на лажна безбедност што произлегува од: Неам гајле, со другар/и сум.
 
Последно уредено:
Чичко Фенел збори некои 6-7 јазици и грчки во тој список, плус е и габаритен, не е муабетот за страв.
Само сакав да опишам, дека можеш да влеташ во разни ситуации, кои никој не може да ти ги предвиди.
Ама, од стотина мои патувања надвор, тоа и паркингот кај Трст ми оставиле најголем впечаток, затоа што отстапуваат од класичното сценарио.
А всушност тоа е и привлечноста на патувањето сам.
 
У право си. Се може да се деси и најубаво е човек сам да истражува разни нешта, места, луѓе и слично.

Иначе за Прага се збори дека е како Амстердам, не сум бил у Амстердам за да тврдам, ама е општо позната оваа споредба, а Амстердам знаеш каква репутација има, дури и Чорба песна сними. :)
Ене документарна споделив https://forum.kajgana.com/threads/dokumentarci.3288/post-10451444

И тука најстарата професија е на едно друго ниво.
 
Сум живеел во двата градови, Прага ми беше понесигурна навечер и имаше помалку полиција, но сепак бев и помал. Амстердам сега живеам и според мене е сигурен град. Сум главел по журки, сум се враќал сам пијан касно, или од фестивали во мугри и никогаш не сум се осетил загрозено. Дрогата не е нешто особено шејди ствар, има момент на шеринг ис керинг, не можам да ти избројам колку често ми е нудена од некој/а што зема само бидејќи сум ги приметил. Како да пиеш рандом шот со некого. А проституцијата е најмногу за туристи, сексот за млади е многу лесен, не ти требаат ниту апликации ако се осеќаш потрадиционален.

Не сум патувал сам.
 
Сама Белгија ( Гент,Брисел,Бруж.Остенд),а бев сместена во Бруж во хостел.
Прага .
Немам јас страв,добро зборувам англиски и може да се процени кај да не се најдеш.
 
У Прага врие од Виетнамци, и полна е со туристи, ја крај на јануар бев, после Кристмас маркет, ама полно беше.
Има марихуана шопови, ама од оние ЦБД шо се без ТХЦ.

А на Крф имаше многу drag queens, ко оној Боки 13, па нешто пееја изиграваа. Доста странци на Крф, едвај Грци да има.
Исто имаше шопови за ЦБД.

Иначе за Амстердам глеам на Инста има такви шо идат и делат џоинти смотани.

Сама Белгија ( Гент,Брисел,Бруж.Остенд),а бев сместена во Бруж во хостел.
Прага .
Немам јас страв,добро зборувам англиски и може да се процени кај да не се најдеш.
Не сум бил Белгија, иако важи за убава земја, престолнина на ЕУ.

Ама ене пред извесно време прочитав дека нашле остатоци од коски од лице од Макеоднија у некоја куќа заакопани што ја рушеле па граделе нова зграда.
 
Последно уредено:
Никако сам, само со моите би патувал.
Ќе успеат ли твоите жена да ти најдат?
1780215555373.png

Замисли си го заборавил мобилниот у смештајот и жена ти не може да те најде. :cool:

Шала на страна, се дешаваат разни ствари секаде.

Еве една полска серија

Италијанска, особено трета сезона за тоа како носат девојки у Бугарија

А и секој ден читаме фатени девојки у Гостивар, Тетово, таму, ваму...
 
Back
На врв Bottom