Еуфорија нема само во земји како нашата што нема да играме на светското, почнувајќи од медиумска покриеност, па до луѓето што не им е дојдено до живот, а не пак до фудбал.
Пример Македонија да земеше учество сигурно ќе станевте во четири сабајле да ја гледавте.
Прашајте некој босанец или хрват дали немаат еуфорија.
На крај краева пак се вртиме во круг, никој не е присилен да гледа во четири сабајле фудбал.
Истото беше и во Катар, зимски мундијал дрн дрн колку луѓе загинале при изградба на стадионите, бојкотирање.. На крајот излезе одлична организација, од стадиони па до сѐ друго.
Во американците не ни се сомневам дека ќе направат шоу, прекрасни стадиони, е сеа тоа што ние не сме научени на тоа нивното е друга работа.
Истото е и за финалето сеа за лш, луѓето се бунат оти ќе било оваа година во шест, а не во девет навечер.
Факт е дека се истураат премногу пари во фудбалот и обичниот гледач е запоставен, побитни се спонзорите, ама па ако те интересира фудбалот ќе најдеш начин да глеаш.