СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?

  • Вкупно гласачи
    104
Тука на тоа европско можеби влијаеше и короната, ама да, во право си, најмалце како држава искористивме од тоа европско првенство.

Медиумски и да не зборуваме. Можеби единствена држава сме во светот што сега за сега нема да пренесува светско на мајчин јазик.
Пример словенечката телевизија денеска го репризира 1/4 финалето од светското во Франција 98 помеѓу Хрватска и Германија, пред некој ден го даваа финалето од 2006 Италија и Франција.
Ама тоа е..
Затоа и Словенија уште у Југа биле локомотивата а ние последниот вагон. И некој ќе каже дека било до системот а не до менталитетот на народот.
 
Затоа и Словенија уште у Југа биле локомотивата а ние последниот вагон. И некој ќе каже дека било до системот а не до менталитетот на народот.
Па тоа е едно те исто. Системот го градат луѓето, не е тоа нешто што се купува на пазар.
 
Еуфорија нема само во земји како нашата што нема да играме на светското, почнувајќи од медиумска покриеност, па до луѓето што не им е дојдено до живот, а не пак до фудбал.

Пример Македонија да земеше учество сигурно ќе станевте во четири сабајле да ја гледавте.

Прашајте некој босанец или хрват дали немаат еуфорија.
На крај краева пак се вртиме во круг, никој не е присилен да гледа во четири сабајле фудбал.

Истото беше и во Катар, зимски мундијал дрн дрн колку луѓе загинале при изградба на стадионите, бојкотирање.. На крајот излезе одлична организација, од стадиони па до сѐ друго.
Во американците не ни се сомневам дека ќе направат шоу, прекрасни стадиони, е сеа тоа што ние не сме научени на тоа нивното е друга работа.

Истото е и за финалето сеа за лш, луѓето се бунат оти ќе било оваа година во шест, а не во девет навечер.

Факт е дека се истураат премногу пари во фудбалот и обичниот гледач е запоставен, побитни се спонзорите, ама па ако те интересира фудбалот ќе најдеш начин да глеаш.
Затоа облекуваа индиции и пакистанци во дресови од други држави, зошто имаше еуфорија. Едино што Аргентинците издоминираа, другото беше како од Конференциска лига.
 
BTS, Shakira, Madonna ќе бидат на Half Time Show presented by Global Citizen. Ова има потенцијал да биде едно од најгледаните, огромно влијание имаат сите пејачи, а посебно БТС.
 
BTS, Shakira, Madonna ќе бидат на Half Time Show presented by Global Citizen. Ова има потенцијал да биде едно од најгледаните, огромно влијание имаат сите пејачи, а посебно БТС.
Фудбалски фанови баш ич нема да се замараат на полувреме кој ке скока.
Оваа пробуваат јенките да фураат свои глупости.
 
Фудбалски фанови баш ич нема да се замараат на полувреме кој ке скока.
Оваа пробуваат јенките да фураат свои глупости.
Да но е важно да имаат гледаност и кај останатите фанови, биди уверен дека карти ќе се продаваат ради Half Time Show и ќе порасне гледаноста на полувремето од не фудбалските гледачи. Паметни се Американците, знаат што прават.
 
Како што реков, глупости на јенките.
Повеќе им е битно да одат да сликаат ѕвезди што ќе доаѓаат на бина,од самиот мундијал.
Ќе го уништат мундијалот, исто како Арапите.
 
Па тоа е едно те исто. Системот го градат луѓето, не е тоа нешто што се купува на пазар.
Epa како тогаш комунистине од Белград, 2 различни ситема направиле за нас и за Словенците ?
 
Epa како тогаш комунистине од Белград, 2 различни ситема направиле за нас и за Словенците ?
И денес имаш во многу држави (со хетерогено население) делови каде што населението живее убаво и има просперитет и делови каде што баш и нема просперитет.
Ништо ново, ништо чудно.
 
Имате нов документарец на HBO посветен на Американскиот тим се вика U.S. Against the world, слично како што се НФЛ документарците Hard Knocks. Ја прати репрезентацијата во последните 4 години, досега има 2 епизоди излезено, третата излегува утре, а последната на 9 јуни. Доста добар со класичен ХБО квалитет, препорака секако да се изгледа како загревање за првенството.
 
Брутални состави на Шпанија, Франција и Португалија.
 
Прегледај го приврзокот 478463

Хуијсен не е повикан, а и општо од Реал Мадрид нема играч повикан.
Па не ни треба, само Хаусен можеби заслужи ама има афинитети кон курви па би биле лошо дуо со Јамал...Тиаго и Гонзало исто, ама немаа доволно текми да се докажат а се супер играчи.
Ако дојде Мур и го исполни она што му беше у барања да нема турнеји по САД и остали циркузи би било топ...можеби конечно ќе влезат во една сезона спремни и без повреди.
 
Мислев дека Хаусен со Кубарси ќе бидат стоперски тандем.

Како и да е, прејак состав имаат шпанците, они и португалците убедливо најјаки имиња.
 
Back
На врв Bottom