Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 46: @dastan - Да не смее да се чуваат домашни животни во зграда без согласност на сите станари)

Да не смее да се чуваат домашни животни во зграда без согласност на сите станари

  • Вкупно гласачи
    43
мој предлог за контраверзно мислење е да не смее да се чуваат домашни животни во станбени згради без согласност од сите станари.

причини премногу, прво не сме одговорни сопственици, друго милениците се оставаат сами и цел ден или доцна во ноќта прават врева, кога се изнесуваат често вршат нужда во влез или одма на првата паркирана кола пред зграда...
 
Темава ти е баш на место. Едни егоистични кретени во мојава зграда чуваа доберман. Зградата ечеше од завивања ,доберманот им бегаше од дома а живееја на 5 спрат па недајбоже да се најдиш тогаш на скали,замисли тој е на највисоката точка на скалите а ти н најниската..Реагиравме кај нив чоечки нивниот одговор беше ни се мојт. После многу пријави одвај се отарасивме од зверот.
 
Проблемот е што многу луѓе земаат животно од мерак, а после не се замараат. Па кучето ќе лае со саати, маче оставаат само цел ден, не чистат по нив, смрди цел влез, лифт и остало… и после нормално е комшиите да збеснат.
Не мислам дека треба скроз да се забрани чување на миленици у зграда, ама дефинитивно треба да има некој ред и почит кон другите што живеат таму. Не живееш сам у зграда па да праиш што сакаш.
И баш ради тоа, искрено мислам дека не треба да смее секој да чува домашно животно у зграда без согласност од станарите. Ако живееш со уште многу луѓе околу тебе, нормално е и тие да имаат право на мир и нормални услови за живеење, ама тоа на неодговорни луѓе тешко можеш да им го докажеш.
Јас над мене имам комшија што буквално држи животинско царство, од куче до змија…
 
Темава ти е баш на место. Едни егоистични кретени во мојава зграда чуваа доберман. Зградата ечеше од завивања ,доберманот им бегаше од дома а живееја на 5 спрат па недајбоже да се најдиш тогаш на скали,замисли тој е на највисоката точка на скалите а ти н најниската..Реагиравме кај нив чоечки нивниот одговор беше ни се мојт. После многу пријави одвај се отарасивме од зверот.
Пфффф аматери!
У Велес коза чуваа на 5-ти спрат :pos:
 
Секогаш ќе има некој мрчатор така да не, никогаш нема да има согласност. Што им оди во прилог на одредени особи.

Треба да има одземање на милениче, ако тоа прави проблеми на станарите или ако има нехумани услови. За тие со нехумани услави да има казна и забрана за зимање друг миленик.
 
не е до мрчатор, едноставно и најчесто животно смета на повеќето можеби во куќа ќе се тера некако но во зграда каде буквално становите ги дели едвај еден никаков ѕид просто е не подносливо, и ќе речам животните не се криви.

се знае историски која била поентата на припитомувањето и чувањето кучиња тие го чувале стадото и имотот а човекот им обезбедувал храна и засолниште, во денешно време нема таква потреба и чувањето куче нема смисла особено не во стан.
 
не е до мрчатор, едноставно и најчесто животно смета на повеќето можеби во куќа ќе се тера некако
Има кучиња што лаат 24/7 и ги тероризираат сите на улица.
Неодговорни луѓе што не се за куче а го имаат има ехе, може секој втор.
 
различно е да, но ако ми смета и не можам да одморам дома не ми менува многу дали е миленик или животно пр. исто смета и куче кое завива и коза која блее
 
различно е да, но ако ми смета и не можам да одморам дома не ми менува многу дали е миленик или животно пр. исто смета и куче кое завива и коза која блее
Во домашни животни спаѓа и коњот Дорчо, кој не може, по закон, да се чува во урбана средина. Така да, има голема разлика. Во домашни миленици, спаѓаат и папагалчето Рико и рипката Златка, па и мачката Маца. Тука е и Грицко, зајчето.

Против сум затоа што тоа е мој животен простор, моја сопственост, а не заедничка сопственост на зградата. На едни им сметаат деца, на втори одреден вид музика, на трети бучење на уреди, на четврти кога се дупат соседите. Кога влегуваш во стан, влегуваш со тој вкалкулиран ризик, дека не сите соседи ќе ти се погодат. Затоа место да се бараат станови во Центар-Карпош-Аеродром, може да се бараат куќи/бараки во периферните населби во Скопје, па и плац каде ќе се дигне монтажна куќа, која е многу подобра да погигнување семејство, отколку стан. Ова не се однесува кога се прави бизнис инвестиција за лапање кирија.

Но сметам дека мора да постои законско ограничување за чување на домашни миленици (регистрираните: кучиња и мачки), затоа што прекумерниот број, во тој затворен простор, не може да се нарече благосостојба. Ако сакаш да чуваш повеќе, регистрирај прифатилиште. :)
 
речи како сакаш но никој не може да ме убеди да сменам мислење дека зграда е за живеење на луѓе а штала за животни,
на кучето, мачето... отсекогаш се знаело каде им е местото во двор а не на фотељата во дневна.
 
Во нивниот стан што сакаат нека прават тоа не е моја работа и не ме интересира. Ама во заедничките простории никако не смее да дозволат куче да им изврши нужда.
 
мој предлог за контраверзно мислење е да не смее да се чуваат домашни животни во станбени згради без согласност од сите станари.

причини премногу, прво не сме одговорни сопственици, друго милениците се оставаат сами и цел ден или доцна во ноќта прават врева, кога се изнесуваат често вршат нужда во влез или одма на првата паркирана кола пред зграда...
Искрено мислењево не ти е ни најмалку контроверзно!
Т.е. контроверзно е само тука у црнава дупка од држава, и можеби околината!

Прашај ги овие по германии-холандии дали воопшто смеат и да помислат на такво нешто!
Цивилизираниот свет тоа го решил уште пред 100 години!
Дете не смее да ти плаче, а не па куче да лае!

Си има правила за колективно домување!
Само што пусто турско ни го сјебал менталитетот, а и ние сме племе од народ!
Т.е. кога ќе начекаме кај што ни се може, тука! Истите кога ќе отидат по њемачки со наведната глава се качуваат по скали до станот :cautious:
Автоматски споено мислење:

Во нивниот стан што сакаат нека прават тоа не е моја работа и не ме интересира. Ама во заедничките простории никако не смее да дозволат куче да им изврши нужда.
Абе каков "нивен стан"! Жено божја, тоа е единица во колективно домување, и си има закон!
Клинец не смеат да удрат без дозвола од куќен совет во нормални држави, не па куче да земат!
 
Back
На врв Bottom