Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Ех следно што ќе кажеш е казината и кладилниците да не ги посетуваме! Многу бараш!
Па за една стотка ливче ли да се фаќаме!
Или зошто да не ставаме слики на Инста од "Шато трипичкематер" како ручаме :rolleyes:

А тек па како ли ќе преживееме без откривањето на полот на бебето како амери со балони у кафана!?
 
Пола од дрндупките за бебиња стварно се измислици, направени исклучиво за раат на родителот и на ниеден начин не го помагаат развитокот на бебето.
Уште поскапо е кога каурската суета ќе заигра, па не се земаат од други деца дрндупки што се надраснати, туку морало да е све ново.
А што ќе кажат инстаграм и Фејсбук ако на едногодишно бебе не му направиш роденден од 1500 евра, не му купиш количка што кошта колку Опел Корса на старо ?
Автоматски споено мислење:

И он ќе работи. Зошто?
Eпа ако и он ако работи, од каде потреба за вакви прашања :
Јас се согласувам, ама ако немаш пари? Како ќе го храниш? Пелени од кај ќе купуваш?
 
Последно уредено:
А што ќе кажат инстаграм и Фејсбук ако на едногодишно бебе не му направиш роденден од 1500 евра, не му купиш количка што кошта колку Опел Корса на старо ?
Автоматски споено мислење:

Eпа ако и он ако работи, од каде потреба за вакви прашања :
А каде живеете вие? Колкави плати земаат луѓето во Македонија?
 
Ти нагласија погоре дека не збориме за огромна немаштија и раб на преживување.
Во ваква ситуација која е и поентата на праење дете ?
 
Нема подобра поента во животот.
Општо зборувам, не сум сигурен кој ви е муабетот ама пари ќе се најдат/заработат а ресурсот кој секогаш е во мањак е времето.
 
Ти нагласија погоре дека не збориме за огромна немаштија и раб на преживување.
Во ваква ситуација која е и поентата на праење дете ?
Не мора да станува збор за огромна немаштија и преживување. Да чуваш бебе во 2026 година е прескапо. Има премногу пропратни трошоци. Со една скромна плата од, на пример, 30.000 денари, сам човек едвај врзува крај со крај, а камоли да издржува семејство.

И знам, сега ќе кажете не е сè во парите. Ве сфаќам, ама луѓе, животот не е само одење на работа и седење дома. Сакаш да прошеташ, да излезеш надвор со семејството... Така се создаваат спомени, а не во четири ѕида.
 
По таа логика, во Македонија последното родено дете требало да биде некаде 1989 година. Не иде тоа така, има време во животот кога се раѓаат и одгледуваат деца, кога тоа време ке помине џабе ти се добри времиња. Не се слагам дека кај нас било кој работоспособен човек не е во финансиска можност да одгледува дете. Мислам дека се работи за комфорт зона и слепа себичност ради кои се пропушта најголемата радост во животот.
 
Не е комфортна зона кога сакаш на сопственото дете да му обезбедиш достоинствен живот, а не само преживување на леб и сол. Нарекувањето на младите себични затоа што размислуваат одговорно и математички пред да донесат нов живот на светот е класично бегање од реалноста во која живееме.
 
Која е мерката ,,достоинствен живот,,? Кој е минимумот?
 
Ако детето ти се разболи да имаш минимум 3000 денари, за да купиш сирупи, витамини и сл глупости. Да не бидеш константно под стрес дали ќе ти стигнат парите или не.

Ако минимумот за вас е да се роди по секоја цена, тогаш тоа е себичност кон детето.
 
Ок, ако човек неможе да заработи за детето да го однесе на лекар тогаш мора да е нешто болен, инвалид.... или да е тешка мрза. Таков и треба да се запраша дали да има дете.
И, еве сопружниците имаат за ,,достоинствен живот,, рецимо двајцата земаат по 100к, па решиле да имаат дете. Шо правиме ако и двајцата останат ѕвонци, изгубат работа, пропадне бизнисот....? Тогаш ке треба детето да го дадат у дом? Има ли некоја гаранција дека ако денес имаш ќе имаш и утре?
 
Ама стварно изгледа збориме на различни јазици.

Кој во Македонија зема 100к денари плата? Тоа е научна фантастика за 80% од нароот. Реалноста е дека огромно мнозинство од младите парови заедно не стигнуваат до таа сума. А кога од тие пари ќе одземеш рата за стан или кирија, сметки, прескапа храна во маркет и гориво, не ти останува речиси ништо.

Не е работата да се правиме на три и пол, туку изгледа е полесно да ги обвините младите дека се себични и комфорни, отколку да признаете дека системот и стандардот ни се до толку паднати, што одгледувањето дете стана финансиски луксуз.

Кога платите би биле повисоки би имале простор и за некаква животна заштеда за тие “не дај боже ситуации”.

Не е се во парите, јас се согласувам, ама од воздух и љубов не се живее.
 
Back
На врв Bottom