Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Не го разбирам муабетов кој се провлекува долго време, можеби откако ја напушти Барса, демек да пробал во мид тејбл тим па да сме виделе што ќе прави.... Ај да ве прашам вака, вие сте врвен програмер, работите во Гугл, плата 10.000 евра месечно, све топ, дали ќе се префрлите да работите во Аксапта во Македонија за 1.500 евра плата? Е ова е муабетот со Пеп, буквално во секоја смисла. Човекот има знаење, реноме и позиција да може да поставува услови, да бира тимови и да прави успех со истите. Не гледам една причина зошто би бил тренер на Брајтон, само за да докаже на некој од Кајгана форум дека е добар тренер, божем до сега не докажал со неговите трофеи и успеси.
Страшно е што возрасни луѓе го прават муабетов, луѓе над 30 години, а не деца шестоодделенци.
 
Се провлкекува муабетот затоа што тренерот со кој го споредуваат, го има направено баш тоа. Пак ке кажам, ова не е доказ дека е лош тренер. Ама тешко дека ке се ослободи од тоа checkbook manager.
Кој е тој тренер со кој го споредуваат шо немаше ненормални финасиски предности и направи од мидтејбл тим повеќекратен шампион, династија?
 
Некои луѓе или се многу млади да правиш фудбалски муабет или со зор будали се прават.
 
Кој е тој тренер со кој го споредуваат шо немаше ненормални финасиски предности и направи од мидтејбл тим повеќекратен шампион, династија?

Го дискутираме Брајтон моментот.
 
Го дискутираме Брајтон моментот.
Мислев на друго алудираш, али океј, нека помине сарказмов.

Ја на пример би сакал Ферги да го земеше Брајтон и да го направеше тим, нели како што се алудира за Пеп, кога сме веќе на тема Брајтон.
 
Не го разбирам муабетов кој се провлекува долго време, можеби откако ја напушти Барса, демек да пробал во мид тејбл тим па да сме виделе што ќе прави.... Ај да ве прашам вака, вие сте врвен програмер, работите во Гугл, плата 10.000 евра месечно, све топ, дали ќе се префрлите да работите во Аксапта во Македонија за 1.500 евра плата? Е ова е муабетот со Пеп, буквално во секоја смисла. Човекот има знаење, реноме и позиција да може да поставува услови, да бира тимови и да прави успех со истите. Не гледам една причина зошто би бил тренер на Брајтон, само за да докаже на некој од Кајгана форум дека е добар тренер, божем до сега не докажал со неговите трофеи и успеси.
Не се согласувам со тебе, со што Пеп заслужил да биде тренер на Барса? Го имаш случајот со Компани.. Кој успех го направил Компани за да биде тренер на Баерн, а не на Фрајбург на пример? А да .. ги испадна Барнли, па без него се вратија во Премиер...
 
Како мислиш со што заслужил?
Демек не требаше да биде, или?
 
Како мислиш со што заслужил?
Демек не требаше да биде, или?
Не се докажал во некој помал клуб... лесно е да почнеш како тренер со Меси, Чави, Иниеста... сакам да кажам дека Пеп е НЕДОКАЖАН ТРЕНЕР... слично мислење имам и за Луис Енрике.
 
Не почнал како тренер на Меси, Чави, Иниеста. А пред да биде тренер бил еден од најдобрите играчи за своето време.
Проверете пред да лупате нешто. Го оспоруваат квалитетот на Пеп човече.. :pos:

Ова мислење инаку е во топ 5 најглупи на форумот иначе. Епска глупост напиша.
 
Нормално дека го оспорувам... сигурно нема да го оспорувам квалитетот на Ираола, Де Зерби, Пелегрини, Фабрегас... па дури и на Керик :D

Човек кој со скоро неограничен буџет има само 1 (една) титула во ЛШ со тимови со суперѕвезди како Барса, Баерн и Сити.. :eek:
 
Да бе, Балон Дор. :pos:
 
Да бе, Балон Дор. :pos:
Самото тоа што бил од тимот на Јохан Кројф и учел од него е доволно да се спомене каков играч бил. Ама нема врска, тука го коментираме неговиот квалитет како менаџер, нешто што не го признаваат само навивачите на Манчестер(оти го засенува Фергусон) и Мадрид(убаво знаат зошто).
 
Која е следната дестинација на Пеп?
 
Нормално дека го оспорувам... сигурно нема да го оспорувам квалитетот на Ираола, Де Зерби, Пелегрини, Фабрегас... па дури и на Керик :D

Човек кој со скоро неограничен буџет има само 1 (една) титула во ЛШ со тимови со суперѕвезди како Барса, Баерн и Сити.. :eek:

Пеп има 3 (три) титули во ЛШ како тренер. Или тролаш или ти треба нов спорт. Во секој случај би ти забранил пристап на подфорумов после ова.
 
Back
На врв Bottom