Не го разбирам муабетов кој се провлекува долго време, можеби откако ја напушти Барса, демек да пробал во мид тејбл тим па да сме виделе што ќе прави.... Ај да ве прашам вака, вие сте врвен програмер, работите во Гугл, плата 10.000 евра месечно, све топ, дали ќе се префрлите да работите во Аксапта во Македонија за 1.500 евра плата? Е ова е муабетот со Пеп, буквално во секоја смисла. Човекот има знаење, реноме и позиција да може да поставува услови, да бира тимови и да прави успех со истите. Не гледам една причина зошто би бил тренер на Брајтон, само за да докаже на некој од Кајгана форум дека е добар тренер, божем до сега не докажал со неговите трофеи и успеси.