Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Повеќе имам проблем со парите што ќе ги платиме за Едерсон одколку за неговите квалитети. Не е толку лош играч, али исто ќе фрлиме ќупче злато за играч со кој ќе може да преговараме за 6 месеца.
 
Има фанови што сеуште ќе го бранат.

Атлетико затоа се тргна имаа договорено се, али Аталанта се лакоми.
Имаа договор со него но немoжеа со клубот да се договорат затоа најдоа друга овца.
 
Вака да, нека го донесат Тонали, па немам ништо против Едерсон да седи како опција за ротација. Сигурно повеќе работа ќе брка од Угарте. Велат дека цената ќе е пониска од таа што се брифира по италијански медиуми.
 
Мислам дека сакаат да го копираат моделот на Арсенал, каде што еден играч може да покрие барем 2 позиции. Како што на пример Хинкапие, Москера, Калафиори може да играат на класичен бек, како и на центар бек, така и Едерсон може да ги покрива на 8-ка и 6-ка. Прашање е само како ке се снајде во Англија, каде што се игра фудбал на 220km/h.

Ова со Тонали ме радува, мора квалитет и нозе да донесат, за да не не газат помали екипи.
 
Не ми е прв избор, али со среќа нека му е го чека тешка работа.
И мене не ми беше кога се спомнуваа Чаби и Енрике ама кога почнаа имиња ко Раиола и Гласнер ондак искрено Керик е посигурна опција
 
И мене не ми беше кога се спомнуваа Чаби и Енрике ама кога почнаа имиња ко Раиола и Гласнер ондак искрено Керик е посигурна опција
Искрено ја го ставам и позади Гласнер и позади Ираола али да не тупам, менаџер ни е секако ќе го подржуваме.
 
Керик на двапати беше во Јунајтед и покажа резултати.
Да, Гласнер и Ираола изгледаат добро ама во Хоризонт Турново тип на клубови.
Само товарот на соблекувалната е доволно некои ликови да се стопат. А вака изгледаат сув квалитет.
Не знам што ќе направи Керик. Нека остане мислењево дека овие двајца стручњаци ни Емери нема да го поминат.
Да се знаеме приватно со Данте, зихер јака опклада ќе паднеше :)
 
И Мојс со Евертон го правеше истото што овие двата па видовме кој беше резултатот кога дојде. И Тен Хаг со Ајакс растураше, и Аморим со Спортинг, еден куп примери имаме со вакви ситуации, едноставно не е ни 5% исто да работиш во Бормут, Брајтон, Палас, Ајакс, Спортинг и т.н. и во Јунајтед. Пробавме и со големи и докажани имиња со еден куп трофеи зад нив ко Мурињо и Ван Гал, и тоа не профункционира.
Според мене, за да успееш во Јунајтед ти треба тој Х фактор, не е пресудно колкав тактичар бил некој или колкави успеси имал претходно.
 
Ираола го барав и пред Аморим, али како реков, Карик ни е менаџер ќе го подржуваме него.
 
Back
На врв Bottom