За некој што има основни познавања од ВСВ, смешно звучи тврдењето дека истоварувањето на Нормандија немало никаков придонес во поразот на Германија, уште посмешно е дека Американците не биле фактор во поразот на нацистичка Германија.
Факт е дека голем дел од товарот во војната во Европа паднал на грбот на СССР, но се заборава дека ултимативниот товар паднал на грбот на Германија, која морала да се бори на повеќе фронтови.
Морале да чуваат војска насекаде на Западниот фронт, заради заканата од инвазија од сојузниците, што самото тоа прави голема разлика на фронтот на Истокот.
Американците имаат огромен придонес во поразот на нацистичка Германија, без нив, веројатно ќе паднел скоро сигурно и СССР, веројатно и Британија.
Не можеме да знаеме што би било кога би било, но придонесот на Американците кон Европа е следен:
- Огромен проток на оружје, муниција, опрема и секакви добра главно кон Британија. Огромниот напор на Германците да го спречат тоа,
битката за Атлантикот. Според мене, еден од клучните битки што ја одлучувало судбината на Европа. Ако нацистите би успеале да го прекинат протокот на опрема, војната ќе имала друг исход.
- Логистичката поддршка на СССР. Главно спроведена од страна на Американците, огромна помош во форма на оружје, муниција, опрема, која главно течела преку северот (оттука значајна битката на Атлантикот) и преку Иран.
- Воздушните бомбардирања на Американците врз цели во Германија и Германски окупирани територии.
Скоро и да не постои регион, град, каде Американците не фрлиле бомба врз окупираните територии. Уништување на индустрискиот потенцијал, воени мети, логистички рути (железници, патишта), како и за жал бомбардирање на цивилно население. Воздушната кампања на Американците игра огромна улога во ослабувањето на нацистичка Германија.
- Истоварувањето на Сицилија. Цела година пред да се истоварат во Нормандија, сојузниците отвораат фронт на југот на Европа (после поразот на Германците во Африка, што е исто така голем удар), каде Германците активно го бранат тој фронт.
- И секако, последно, Нормандија. Бидејќи е еден од најпознатите и најмногу славен дел од ВСВ во Европа, не треба многу да се зборува, освен
планот на Хитлер да им нанесе пораз на сојузниците и да испреговара примирје на Западниот фронт, за да може да го сврти во своја корист текот на Источниот фронт. Најголемата загуби на Американците во цела ВСВ.
Тоа е за Европа. Воопшто нема потреба да зборуваме за Пацификот, каде ако не учествуваа Американците, Кина, Филипини, Индонезија, источна Русија денеска немаше да постојат како такви.